Ама романтиката нема директна врска со поддршката – таа се подразбира, и тоа не само во брак, туку и во секоја врска. Ако не постои поддршка од партнерот, во која било смисла, тогаш ни самата врска не би траела доволно долго за да има што да се одбележува, нели? Исто така, ако некој може да испрати слатка порака, да покаже внимание или да направи некој мал гест, тоа не би требало да се доживува како „премногу“. Сите сакаме внимание, на кој било начин – било тоа преку збор, гест, време или присуство. Разбирливо е дека финансиски обврски или животни околности понекогаш може да спречат некој момент да се одбележи, но во овој случај тоа не беше причината. Она што навистина недостасува е иницијатива.
[QUOTE="nadelinka, post:] Она што навистина недостасува е иницијатива.[/QUOTE] @nadelinka Често во подолготрајни врски/бракови партнерот го доживува другиот онака здраво за готово дека го има покрај себе и не покажува иницијатива. Ова доведува често до монотонија, а таа е убиствена за напредокот на заедницата. Е сега имаш личности кои западнале во монотонија и се им е рамно, ама имаш и такви кои го лоцираат проблемот и сакаат да поработат на тоа да си ја подобрат брачната атмосфера. Седни го, поразговарај си со него опуштено и отворено дека ти пречи што не покажува иницијатива.
Ама не е секогаш до локацијата. Со личност со која се сакате, почитувате и делите заеднички гледишта каде и да сте ќе ви е убаво. Обратно и на Малдиви и Дубаи да отидете кога не оди сеири ќе ви маваат, како еден естраден пар од соседството. Се е релативно...сепак многу симпатичен гест што си тргаат пари настрана и си имаат таков договор.
Не знам, во градинка да ги пратите, да научат регулација на одење во веце. Појма немам стварно, некои детски болести се тоа.
Вие што сте мајки, а бе само мојов ли не се замара за јадењето на детето? Прво за поголемиов не се замараше, џабе сме збореле сто пати, и сме се карале како може да е немарен на таа тема и џабе. Сега имаме и бебе од два месеци, прееска наместив да јадеме, но ми текна дека малава треба да цица. Ми вика е па ај ќе јадеме ние, па после она ќе цица Пред некој ден на трња седам на роденден дека и се ближи време за цицање, најавувам на време да си одиме, потсетувам, не бе џабе. Ми вика јади си торта Како да си јадам, во грло ми застанува кога детево кенка за спиење или знам дека треба да стигнам дома или во кола за да цица...? Изгледа тоа што самиот е немарен за јадење му се пренесува и кон децата, не знам, немам друго објаснување.
Не знам дали заборавеност, немарност или што и да речам. Еве муабет од денес - периодов немаме баба сервис. Се спремаме за излегување и вика - А, со Х што ќе правиме? Па викам веројатно Х со нејзините неполни 3 години нема да седи сама дома. Ќе доаѓа со нас. И така се мислам дали намерно или ненамерно вака им доаѓаат бисери.
Така се научени дека се некој друг им ги брка работите. За муабетите во вц се изнасмеав, ама тоа е до карактерот или е влечко и дреме или е обратно и така.