Како сум љута на маж ми, сите мажи ги сметам за идиоти. Сите до еден мислат со она меѓу нозе место со главата. Вчера еден брзајќи во мала тесна уличка да ме помине мене на точак додека роси ме избања со вода од бара од глава до пети, ај што ме избања, ме бутна со ретровизот паднав. И мува не го лази, шиба. Е јас по курназ од него, го стигнав, му го дадов по капа се. Ми вика Луда жена, сеа викам ќе видиш ти луда жена, му го откорнав брисачот и си отидов. И ме стига ќе ми се заканува. Викам сакаш во полиција да се јавиме? Нема проблем, само да се јавам да ми го земат детето од градинка, ќе седиме тука до сабајле. Се собра и си отиде. Деген. Сите мажи се исти, тоа што праат со тоа и мислат.
Дали сите мажи(сопрузи) се исти кога им се кле*а? или само мојов е таков. Угодување од раните утрински часови, па да не ти треба нешто од продавница ? Абе остави, уживај ти, јас ќе ги средам садовите, алиштата whatever, кафенце да не сакаш да ти направам ? Си викаш урочен да не е човеков, ии после ти светнува зошто бил таков
Од што сте слободни? Од жената која сами сте одлучиле да ја земете и од децата што сами сте решиле да ги направите? Што сте се женеле уопште. Слободни биле.
Само таму се слободни во целите два саати со деца дома после работа, кога немаат друг избор освен да бидат дома. А жената што е веќе на крај на нерви после цел ден оправање со деца и домаќинство, тоа не се важи. Битно тие да бидат слободни "барем" тие 30 минути .
Има по паметно решение од да се тепаат за ВЦ. Спојлер: Спојлер Не сме сите исти. Ама може имаат некој здравствен проблем или навика им е кажете им дека ви пречи и прашајте што прават во вц, нека одат без тел.. Јас навика имам само да мочам пред да појдам некаде, ама натемпирано ми и да не ме чека дм ако заедно излегуваме од дома, ама да седам по 3 часа и некој да ме чека надвор не, прв сум кога треба некаде да се оди. Обично јас чекам бидејќи подолг се спрема таа, ама не чекам помагам и побрзо заврши, она се шминка јас коса и пеглам. Е сега вие можете да им помогнете така што ќе им го земете телефонот кога одат во вц.
Ја да ти бев жена ќе ти влезев во купатило и тоа е точно затоа и се мувате сами каде ќе стигнете за да може нешто да избришете сокриете незнам која те трпи таков ти муж си или дете бе
Жена ми уште спие ја дури сум во тоалет. Секој ден во 5 45 часот станувам. Во 6 20 сум излезен од дома. Па и недела е исто. Пак се будам порано околу 7 и после тоа до 9 саат, одам на кафе. А секако има 2 тоалета кај мене у стан. Ама пак понекогаш ми тропа и ми вика што правиш??
Боже господе ко не го убив мојов денеска... Гледал некоја таму инфлуенсерка новокомпонирана мамичка како треба со децава да разговараме ,па јас тука крива дека сум нервозна со детево ми кажува како треба да реагирам пошто ја гледал оваа требало така да правиме и ние,демек треба да сме смирени во секоја ситуација со децава ако плаче се дрецка ние да глумиме Gentleparenting... Ама ако побараме еден штраф да се стави ќе чекаме со години а за вака памет и мотив знаат да ни пренесат !
човеков гледал како да спаси ситуација па случајно видел инфлуенсерка па нешто го асоцирало важно се потрудил де чекор напредова личи од типот 'со кого се омажив го познавам ли човеков
Секое утро ме будиш со некоја твоја бучава, или кашлаш, или нешто шуркаш и бараш низ спална, вратата ми ја оставаш ширум отворена, за дополнително да ја слушам и бучавата од другите соби што ја правиш. Како не се научи дека не живееш сам ? осет бре да се немало