Вчера ме изнервира со доењето. Седнавме да јадеме цел ден бевме по лекари (редовни контроли за бебето) и беше и бебуш гладна сакав да се свртам во ќош свртена со грб и да ја надојам абе ко се запна оди во кола сите мажи се тука бла бла Ај да не се расправам отидов
Еве сме и ние во кавга за сирење, всушност го чекам да си дојди и да почнам кавга. Земам поприлично скапо сирење за дете да јаде и ние кога јадеме свежо, а урда или поевтино сирење за ако правам некоја пита или слично. Е арно вчера свекрва месела и пошто не и достасало доволно сирење одма телефон кај маж да оди да и купи. Овој фино лепо, што ќе купувам имаме ние во фрижидер. И така си однесол до кај мајка. Еве ја денес иди жената, низ муабет ми спомнува дека маж и однел сирење и ептен го бендисала. Сумлива работа јас затоа што немав во фрижидер ниедно од тие што ги користам за пити. И нормално отворам да проверам што однел и уште понормално дека го однел тоа за дете што го купувам.
Му се испукав на него. Ама ај и тука. Синоќа договорени јас да спијам со големиот, он да го чува бебето, дојде во 2 ме разбуди пелена да сменам. Му викам, како другите ноќи сам знае да менува а сеа ме буди ? Ми вика друг пат ако не сакам да не ме буди да го облечам бебето во нешто попрактично. Овие целосните со копчиња од страна не можел да му ги облекува и соблекува, требало да му ги витка нозете Алфа татко, не сака да му ги витка нозете бре. Па јас исто морав да му ги виткам, која е разликата ??
Па може му е страв. Го разбирам човекот јас бев наплашената, не го ни бањав од страв, едвај го преслакав. После кога пркна се опуштив и јас. Мм го бањаше сигурно 3-4мес он гајле немаше од ништо јас се понашав како да е од стакло бебето. Не му замерувај... облекувај го во попрактично
Вчера кога не му упалив бољер да го рокне струја , добро е имам уште понекој нерв жив . Ми дојдоа мојте на гости , се спремивме да ги прошетаме во музеј , историски споменици бидејќи мојте тоа ги интересира " не сакаме кафани , сакаме историја и култура " луѓе се . Сите се спремаме , трчаме во тоалет , се облекуваме , он пие кафе ( второ во рок од еден час ) , пуши и чека да се спремиме . Јас мислам спремен е нас не чека . Абре се убив брзајќи ќе си ја искорнев и оваа малку коса на глава што ми остана , во обид да се спремам брзо , ефикасно и да бидам " лепша половина " , за на крај човекот да влезе да се бања додуша , се бања за 10 мин , ама дај бре не ќе ти земаат брис споменицине . Не ќе те њушкаат во музеј ( се бањаме секој ден инаку , минимално еднаш ) . Па сега те чекаме сите скоцкани и репетирани на врата ти ми се бањаш тука . Нема смисла алооо . Е тука пукнав веќе , добро бе викам тебе ти фали некоја даска 100% . Се утепа кафе пиеќи шо не влезе да се бањаш наместо да пиеш 2 кафиња , до сега ќе бевме во музеј . Ќе ни затвори алоооооооооо . Мајка ми ќе пукнеше од смеење , па за ова ли се карате , па велам ај да е еднаш , два пати , ама секој пат исто . Пие 2 кафиња а не оди да се избања на време . Разбирам се , и дека е нормално да се бањаш барем еднаш дневно дури и кога си дома , не мораш да ми кажуваш , па прва сум на врата за бањање , ама кога треба да се оди некаде со луѓе си , те чекаат на врата спремни , влези на време бањај се , не ми пиј 150 кафиња додека сите се спремаат , спреми се и ти . И така .. кој за што , јас за бањање се расправам .
Мислев само јас имам ваков проблем. Жал ми е што не сум единствена Се спремаме да излеземе. Јас - пеглам алишта, пеглам коса, се шминкам, спремам тодлер. Комплетно спремни јас и дете, само уште чевли да облечеме и да излеземе, човекот лабаво си влегува да се бања. Не ми е јасно само, додека се спремам јас, зошто не влегува да се бања. И нон стоп е исто. Нема еднаш да се случило да не влезе да се бања пред излегување. Бевме кај неговите пред некој викенд. Се спремаме сите да идеме на крштевка. Значи јас и дете, свекрва ми, свекор ми, девер ми, золва ми и внуците. Сите спремни, тој тогаш иде да се бања. Мене коса ми се крева, свекрва ми вика, што се нервираш, го знаеме сите каков е. Седни си, ќе го почекаме. Идевме заедно на работа едно време и од што не можев да се нервирам додека го чекам да се спреми, почнав сама да идам. И така, во ист правец одиме со две коли.
Ja би додала и "кај е далинското", "што порачуваше па сега"...и телефон фали да држи ова фигурчево . И тоа "а?" ми е јако. А имало и телефон . Леле мојов им бил инспирација
Станувам сабајле да носам дете во градинка да земам клучот од колата кога гледам го нема. Господинот по грешка го пикнал во џеб. Е ми се споија сите жици. Како така само автоматски прават се.