Испукајте се од мажот

Дискусија во 'Брак' започната од LiquidLuna, 28 август 2024.

  1. Kralica.Milica

    Kralica.Milica Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене пак, прво ми текна тука да се исповедам:D

    Деновиве имам проблем со леќите, не гледам убаво и не можам да возам, мора секаде со такси да одиме. Вчера требаше на роднден да одиме и викнавме такси. Ко што излеговме од дома уште од двор се гледаше дека е жена таксистка, млада, колку нас можеби, и дур заклучив дома, дур излеговме од двор му викам немој да се глупираш да седнуваш напред пак, не те личи (ми има ваква глупост направено веќе) ми вика што врска има напред ќе седам, му викам ќе седнеме двајцата назад или седи ти назад јас ќе седнам напред, ми вика како не после да ме прават муабет луѓето жена му го седнала назад не го пушта да не и го украдат Мене живците ми се запалија ама немаше веќе што да речам зашто до такси дојдени веќе бевме, помислив еднаш да му го пресечам патот да седнам напред ама реков ај да не правам глупости и си седнав назад. Цел пат муабети и тераше и и се смешкаше. Не ми е проблем што седнал, нека седи, не ќе ме превари од едно седење на совозачко, ама ме нервира што ако се сменат улогите и јас седнам напред кај маж таксист 300 драми ќе направи, а и не му е прв пат, ме има вака засрамено. Кај господинот волан в рака не сака да фати, само принцеза ми изиграва на совозачко сега уште закони ќе ми кажува. Да не беше таков прдешко, ќе си возеше тој ќе си појдевме, ама газе научено само на совозачко, јас глава да тепам со колата, паркинзи, мајстори, регистрирања, тој лабав си одмора, на телефон си седи. Ама ако, секако ако не возам јас одиме со такси, некогаш нешто пак ќе речам не можам да возам, па ќе чекам маж таксист, да го видам тогаш.
     
  2. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Машки
    Ако може број од таксито? Фала однапред.
     
    На Dodo1, AlmaOculta, Joanna28 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    4.798
    Пол:
    Женски
    :rofl: какви проблеми
     
    На Feniksgirl, AlmaOculta, Nairobi88 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.779
    Допаѓања:
    24.227
    Пол:
    Машки

    Ова негово незаинтересираност за кола возење мајстори итн не ми делува за зрел маж...КАКО???
    Дали тебе те прајча да одиш по мајстори???
     
    На Marsi*, bookslover, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Kralica.Milica

    Kralica.Milica Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ништо, првото возеше на пати ама ретко. До душа јас сама така си се поставив, каде и да одевме јас возев, и да сакаше тој му викав дај јас за побрзо да стасаме поискусна сум. Од тогаш изгуби секаква воља за автомобили, ама ич ништо.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.981
    Допаѓања:
    184.312
    Пол:
    Женски
    А проблемот со седење напред е дека жена возеше? Или ради некаков „бон-тон“ и дека се предлага да се седи на седиштето зад возачот зошто е најбезбедно пример при несреќа? Јас то пробвам само да разберам, друго немам шо да кажам, сепак е за да се олесниш темата.
     
    На AlmaOculta, Трагедијаупмм, Nairobi88 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    11.467
    @Kralica.Milica Ова не само што не е љубов, туку едвај е и основна почит.

    Додека ти моментално имаш здравствен проблем со видот, не само што не ти помага и нема емаптија кон тебе, туку згора и те понижува.

    Јас разбирам дека темата ви е за хумор, (а често уствари себе лажење), но ова воопшто не е во ред.

    Смајлито на почетокот магично не ја претвора приказната во хумористична (tumbleweed)
     
    На Stressed Out, eliesaab, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    1.552
    Пол:
    Женски
    Да не го имаме истиот маж ? :rofl:
    Уствари мојот се разликува, по тоа што помеѓу тие две кафиња и туширање,имаме и тоалет ситуација.
    А секогаш кога имаме гости, кога гостите се на врата, тој тогаш влегува да се тушира.
     
    На Mumoftwo30 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    18.400
    Пол:
    Женски
    Класична љубомора од твоја страна.
    Истото би го кажала и за него доколку ти прави вака. Преглупа реакција.

    Тоа што не вози, битно е зашто не вози. Што ако има некој страв? Што ако е несигурен. Може го фаќа паника бе.

    Шо сеа треба да вози чоек по секоја цена, зашто така морало, притоа да ризикува да напраи беља?

    Полеа со осудите малце, не сте им у кожа на луѓето.
     
    На Dekoo, Mumoftwo30, Burevesnik и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.948
    Допаѓања:
    136.107
    Пол:
    Женски
    Некои мислења овде воопшто не се за смеење.
    1. Не ги извршува обврските околу детето, а се жали дека е уморен?
    Тоа не е маж кој заслужува да биде во брак.
    2. Мажот не возел кола, а не се кажува зошто. За тоа може да има сосема валидни причини (здравствени проблеми). Тука проблемот не е само во мажот кога на жената ѝ засмета оти сакал да седне напред до жена таксист...
     
    На GirlLove и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.270
    Допаѓања:
    42.340
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е бон тон да си седе назад со жена му, без разлика дали жена или маж ги возел
     
    На Feniksgirl, sparklie, IRBBB и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    11.467
    Не е проблемот што тој не вози, ниту што такси возачот била жена, ниту што седнал напред. Ова е дефлектирање и минимизирање на реалниот проблем.

    Проблемот е што ја понижува и исмева партнерката и тоа во момент на ранливост - кога има проблем со видот, наместо да биде грижлив и заштитнички настроен, како што би бил секој зрел и нормален партнер.

    Плус не му било првпат.

    Сосема поинаку би било, да предложил таа да седне назад, за да одмори, за да не се гужваат, наместо да ја користи ситуацијата да билда его, флертува и понижува.

    A па и да се нарече љубоморна е класичен gaslighting :*:
     
    На Stressed Out, Cka, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Проблемот е што двајца кои не се сакаат и не се почитуваат се во врска/брак :)
    И се навредуваат и омаловажуваат пред други луѓе (facepalm)
     
    На Mumoftwo30, TamaraSJ, Stark и 3 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.981
    Допаѓања:
    184.312
    Пол:
    Женски
    Како шо реков, прашвам за да разберам шо е конкретниот проблем со таксито. Совет не гледам поента да дам во тема кај шо треба да се испразниш и зато прашањето ми е такво какво шо е. Би рекла низ мислењето има други поитни црвени знамиња од ова.
     
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    11.467
    @Alek90 Зошто го делиш проблемот по пола и го правиш симетричен, кога не е?

    Во постот таа никаде не пишува дека јавно го навредила, напротив, не изреагирала воопшто, се повлекла и сега подоцна, фрустрацијата вака излегува во форма на исповед.

    Ова едноставно е акумулиран гнев како резултат на нерамноправната динамика во бракот, а не на меѓусебно непочитување.

    Бидејќи испаѓа таа прави сè, a за возврат добива понижување и исмевање, дури и во ваков ранлив момент :*:
     
    На DragonFly22, bookslover, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Само понудувам различна перспектива :)
    Се согласувам со се што си напишала погоре, што ме води до прашањето дали вреди да се остане во брак со нерамноправна динамика?! Ваквото однесување не е ново, акумулирано е кој знае колку време и има мала веројастност да се променат нештата...
     
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    11.467
    @Alek90 Да, апсолутно дека не вреди ни 1 ден да се останува во ваква ем нерамноправна, ем нездрава динамика.

    Но, тоа веќе понатаму е прашање од психолошки аспект, бидејќи пак присутни се емоциите, измешаните чувства, себе лажењето во име на тоа што некогаш било, можеби и чувство на ниска самовредност, може trauma bond и сл.

    Било што, а кое на луѓето им отежнува да стават крај и да ги сечат проблемите во корен :*:
     
    На Alek90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Жената дојде да се исповеда за нешто банално, ќе ја разведете. Вие од еден прост пример тврдите што е љубов/понижување и сл. Преслушајте се пред да пишувате сешто.
     
    На Bulka12, AlmaOculta, Leanne и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    5.007
    Допаѓања:
    26.212
    Пол:
    Женски
    Могуќе :D кај нас е веднаш по второто кафе таа ситуација :x .
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantisa

    Mantisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Значи неможам, детето настинато, затнато, неможи да дишии сакам да му направам инхалација, капки, ми вика неубаво му прајш, ногу го замараш. Никаков осет да се немало. И детево ми вика несакам, го слуша таткому
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.