Сите мажи се ИСТО размазени и убедени дека мудата ќе им фатат гангрена и ќе им паднат ако ги прават сите работи постојано, исто како што прават и жените. Невоспитаност, несозреаност и мрза замаскирана во "мажи се, што друго да очекуваш ¯\_(ツ)_/¯". Неспособноста низ нос би му ја вадела секој ден и у фаца би му плескала колку е глуп, па ако не му се мења, нека се разведуваме стварно. Или нека трпи вреѓање. Извините ако ја расипувам атмосферата на темава, ама ич не се смешни работиве, пошо муживе и да имаат други дела за ценење, сигурна сум дека и покрај сите овие споделениве тука, имате и вие плус други. Па ако ништо друго, темава за немажените нека биде лекција што ќе ја учат преку друг.
Нека ми биде жив и здрав до 100 години, да црнчи тамо на работа за да уживаме ние, па нека е неспособен колку сака
Мојов и така цел живот црнчи на работа, без разлика дали сме ние во игра или не, така да не гледам ништо лошо во тоа еден маж да се грижи така за своја фамилија.
Па и се надевам дека рмбаат на работа, бар некоја корист да имате од партнерот ви. Инаку темава воопшто не е смешна, трауматизирачка е. Можеби грешам, ама ми се чини дека сите сте само неколку години во брак и дефинитивно со мали деца, па сега првите години ви е смешно и мислите дека овие работи се ситници. Цел живот ја гледам мајка ми несреќна и нервозна затоа што единствениот услов за брак и е "бар не ме тепа и вара". А овие "ситници" што ги тука пишувате ги трпи 25+ години. Нема да ви е смешно кога поминала една деценија и се уште имате 0 поддршка од вашиот партнер при чување, воспитување, чистење и се е на ваш терет. Не можам доволно да потенцирам колку треба да си гомно од човек жената да ти побара да си го прошеташ детето за да може да ЧИСТИ на мира, а ти да го вратиш после 15 минути?!?!? Какво непочитување. Цел живот ќе ви ги тестира границите колку може да не ве почитува за такви работи без последици. Да, без последици - викање и урлање не се вистински последици. Не сакав ни да пишам во темава од што ми беше тажно. Тоа е. Приказната на просечна балканска жена. И на балканска ќерка која има трауми од сето ова (јас). Не заборавајте дека вие ги поставувате стандардите за вашите ќерки.
И мене не ми е смешно, мажена сум и мојов 90% од работите што ги пишавте не ги прави. Наудрен ич не се прави, пошто знам дека не е глуп, а исто и он знае дека јас не сум многу наивна па да ќутам и да му штедам емоции. Пазари сам, ни список му праам, ни ништо, растовара, чисти, готви, пушта машини, обесува алишта, не дека морав да го учам на работите, таков си е откога го знам. Деца уште неаме, така да не сум нечија мајка да го правам неспособен. Во глобала, јас не се жалам од мојов никаде, напротив. Само да престане да коментира насред филм кога гледаме, тоа знае да ме изнервира, многу ломоти понекогаш.
Јас можам да се пожалам дека кога оди во продавница и покрај список и кажано 100 пати што да се купи, само што ќе излезе низ врата, амнезија и слепило добива. Секогаш, ама секогаш, фалат нарачки. И кога ќе прашам нештото каде е, ми вика не си напишала За другото, арен си е, не го мењам за ништо на светот.
Па токму затоа е смешно, бидејќи овде најчесто улогите се сосема добро поделени - тате носи, мама меси (воглавно). Во реалноста, ако жена е главниот финансиски и организациски столб дома, и плус е задолжена за домот, тогаш или е веќе разведена или е во тотален крах! Ако ништо друго зашто има уште едно дете за гледање хахаха
Ох добро, и мм ги праи сите овие работи околу дома, чисти, готви, пушта машина и сл. Не дека е легач, таман работа, ама ете има некои испади де, сите ние не сме совршени битија, сите имаме грешки, фрустрации и "жута минута"
Мене темава ми е причина зашто да не ги слушам мажениве кога ќе речат, уживајте сега во врска, после во брак одат проблемите. Оти еве многу добро гледам од каде идат проблемите, не е до фамозниот потпис.
Бракот ништо не ти менува, доаѓањето на децата менува. Ти се менуваш, тој се менува. И никогаш нема да биде исто. Единствено е колку е силна љубовта за да можете заедно да ги надминете препреките. А брак ко брак. Потпишуваш документ. Ако дечко ти во врска е сељак, ќе биде и во брак.
Аиии каква тeма имало Кај шо ве читам, не можам да си поверувам дека досега не сме дошле до такво нешто. некој од нас изгледа ептен попушта....или живците му попуштаат Баш ми е интересна тема и не ја сфаќам дека се зборува баш за развод, туку за " развод" - во наводници. Кога ќе ти светне жолтата минута и сакаш да се истуриш некому Оние ситници што не нервираат кај партнерот ,како пр. клечење цел саат во веце. ова мислам дека е болест на глобално ниво
Па добро, ако така ти е океј и не се нервираш секојдневно, значи топ ти се наредните нештата. Нема љутиш ако е така како што си замислила.
А, бе нели имате глас? За што ви е, само за свекрвите ли? Викнете тро погласно и по мажите. Без претходно да ги известите мажите само оставете им ги децата и излезете си некаде. Телефонот нека ви биде на нечујно (не велам исклучен нели ради итни случаи, само ќе го ѕиркате). Знам жени на кои им успеа ова, а на мажите више не им текна да си ги запоставуваат обврските околу децата и домот. Инаку, темава колку е смешна, толку и не е. Нема да ме одврати од мажење, ама е добар пример (покрај оние ирл примери што ги знам) зошто треба на време да поставам граници на прифатливо и неприфатливо однесување.
Јас те сфаќам шо сакаш да кажеш. И јас би се нервирала мм да е неспособен по дома и плус да е неспособен и сметките да ги плаќа. За жал, тоа е реалноста кај повеќето македонски а и балкански семејства. Ама да кажам нешто околу ова, ќе ме нападнат одма дека сум спонзоруша, таква, онаква, дека го искористувам мм.... Кај повеќето, ем шо се неспособни мажите да дигнат една лажица по дома, ем дури и сакаат 50-50 сметките да бидат платени од жената. Па и жениве, се гордеат со тоа, као еве види ме, јас работам и 50-50 со мм плаќаме за се, а домашниот товар е пак цел на нејзиниот грб. Дали се тешат со тоа, незнам. Не. Тоа не е 50-50. Тоа за мене не е нормално. Оти накрај, од тоа само бенефитираат мажите, на крајот од денот жената е преизморена од сето тоа. И ќе ти дојде вечерта и ќе ти каже "ајде шири ноге" а ти цел ден си рмбела сама по дома, со децата, ем и на работа. И после доаѓаат мажињава на форумов и се жалат како жените им се фригидни и оти ги ускратуваат од "правото" на секс. Како сакате сфатете ме, ама веќе кога не сака ни децата да си ги причува по дома, барајте од него сите сметки да ги плаќа и сите други трошоци.
Проблемите што се опишуваат тука се оти многу мажи две чисти немаат во глава, не ради детето што се родило. Дете фала богу ќе донесе обврски, ама обврска и проблем од неспособен маж различни работи се.
Јас ќе си пукнам од неговото "чувај го, ќе се најде" - резервни делчиња Не е дека делчињата коштаат бубрег и дека нема да се најдат во најблиската продавница... Ама чувај го, ќе се најде. И така си имаме цела кутија со резервен мрежен кабел, тастатура, 163856 полначи, каблиња за ајкос... И не ни знам веќе што има во кутијата. Сега му кажав за 10 дена ако е кутијата нечепната, ќе лета. Ама Марфи ме плаши, ќе ми рикне полначот одма ко ќе ја фрлам кутијата
Аааа и ние мака мачиме од ,,не го фрлај де, ќе се најде” А он не е свесен дека јас се џиткам, после кога бара каде е го гледам како мрдната и пробувам да не се смеам
Јас мислам дека темава е повеќе во хумористична насока насочена. Работите за кои се жалиме ние денес се банални. За воља на вистината има голем напредок и разлика помеѓу нашите мажи и нивните татковци на пример (секако има и исклучоци застанати во времето). Ете татко ми, седнува на маса, чека да му биде пренесено и кога ќе стане никогаш не раскрева. Кога се бања мајка ми му собира алишта па и ќе ги одмине па ќе прашува зошто нема алишта собрано а пред очи му ги ставила. Свекор ми исто, ќе си дојде од работа, ќе седне на маса и свекрвата цело време ќе трча околу него, се додека не му дотера до ситница како сака. Нормално и он станува и ниту тањирот не си го крева. За помагање околу деца и домот... пфф не станува збор. За разлика од нив мм е сосема на спротивната страна. Па дури и чудно им беше како он ја гледал малата и зошто усисувал.. па и алишта за бањање си собирал сам..