Ај ова... Ама па децата со очи не ги погледниваат или ги шиканираат одлуките на сопругите пред нив и се тоа раскажано како нормализирано или еј мојон хи хи ха ха... Децата се заедничка одговорност. За се друго е карактер или се прифаќаат или се прилагодуваат или се менуваат и подобруваат за добробит на сите или чао пријатно.
Се префрливме во сопствен стан во ноември, до тогаш ги плаќаше сметките дома му, кога дојдовме го прашав до кога ќе плаќаш сметки ми рече уште месецов. Онака ми текна сега ничим изазван да го прашам, ми рече уште ги плаќам. Не е во ред, така? Да ве соберам сите од овде да му кажите дека не е во ред или да го лишам од слобода? “ Мајка ми ми рече да ми дава пари јас и реков не мора” Не е во ред ни од негова ни од нејзина страна. Без разлика што таа е сама и без разлика што тој зема убава плата, начинот не е во ред. Како сум се изнервирала недела навечер
Абе фати таму со лизни-мазни, со лице правење, со сите салтани. Ќе се нервираш, како па да не. Барај си ги диломатски низ муабет, смисли нешто. Не попуштај таму, со арно ќе си пофатиш и ќе го исправиш редот.
Не, не е должен да плаќа сметки. Неговите не му правеле услуга ранејќи го, оти тој не побарал да се роди. Сега има своја фамилија и свои обврски и секоја распределба на финансии оди во договор со сопругата. Не знам што не е јасно.
Ако имаат пари, да плаќаат и на родителите на членкава? Родителите ранеле дете, кои што сами сакале да го створат. Не им е донесено на сила.
Мене ми е ова в крај чудно. Како да се работи за душман не за родител. Има примери кои не се омажиле/ожениле до 35,40 години, живеат со родителите и родителите им плаќаат се. И никогаш не пререкле збор. Дека им се родители, треба цел живот да ги издржуваат? Значи по ваше никогаш не треба да имаш ни деца ни ништо. Во Америка како ќе те шутнат од 18, не знајш кај тераш уште под кирија
Секој си знај, жал ми е ама таквите мажи не се менуваат цел живот ке им помага на своите. Исто и јас би го сторила да имам пари отпојќе.
Добро, и како ова што го напиша сега е поврзано со темата и проблемот конкретен што го дискутираме погоре?
Јас ги печалам парите и дека сакам ќе ги трошам, дали ќе плаќам на родителите сметки или на улица ќе ги фрлам, тоа е мој проблем а не на сопругата или на некој друг.
Во Америка од мали се учат за осамостојување и работат од 14 години на пола работно време. На Балкан, до 40 години се на цицка и јајце незнаат да спржат.
Ако си способен и вадиш многу пари нормално дека можиш да му платиш на родителите и сметки и се шо треба. Ако немаш и оскудува твојата фамилија е друго. А жената да троши на глупости пари од мажот и се буни дека на родителите им плаќал сметки или лекови е лудо.
И ние го плаќаме на свеки телефонот. Додека беше жив свекорот ни даваше пари, оти сите три телефони ни се на 1 сметка, кога почина на наша иницијатива престана да дава пари.
Дали е во ред или не е, зависи од тоа дали мајка му има плата/пензија и колкава ѝ е. И од тоа дали маж ти е син единец или она има уште деца (кои би можеле да даваат дел од парите за сметките, па да му олеснат) и дали меѓу нив постои некаков договор. Ако она нема своја плата/пензија или ѝ е мала или нема кој друг да ѝ дава пари, не можеш да очекуваш маж ти ич да не ѝ дава пари. Исто така не можеш и ако меѓу него и неговите родители (или меѓу него и мајка му ако нема татко) има некаков договор, на пример ако сака да го наследи имотот или дел од имотот на родителите да помага со подмирувањето на сметките (има вакво нешто во некои фамилии). Штом она понудила да му дава пари, тогаш стварта е повеќе до него. Не се мешај многу,само речи му да си средат оти не може вечно вака да се тера.
Убаво ни е кога тражеме да ни дадат дел од куќа родителите или нешто друго, а кога треба да и се помогне е тогаш неможе, чуден народ сме дефинитивно!
Така си е. Еве татко ми на пример, до ден денес на баба ми и купува дрва, сметка за телефон и други непланирани потреби во домот. Од каде да си купи дрва од една плата и да плати струја? Да и речи ај цркни кој те шиша се ќе дадам на жена ми и децата ти умри?