Работи жената, зема плата, плус пензијата на свекор ми и пензијата на баба му која е наменета за лекови и сметки. Нема брат ниту сестра а куќата е веќе на негово име. Во ситуацијава јас сум таа што плата немам земено 4 месеци, со кредити сме и плус други трошкови. Кога ќе стапиш во брак и тоа како треба да се знаат трошоците и каде одат парите, затоа што моите пари и неговите се веќе заеднички.
Слично е и кај нас со баба, секогаш и јадење, сметки или било што друго и помагаме и никогаш не сме и земале пари и што сеа, треба да го отепаме тато? Тоа си ја покажуваме човечноста во себе, какви сме!
Нормално дека ќе се помага ако се нема, ако треба ќе ја земам да живее со мене да не седи сама во куќата и на мој трошок ќе биди, само што финансиите не се проблем во мојов случај, начинот е на кој се одвиваат работоте.
Баба има доволно финансии сама да живее и сама да си ги плаќа и сметките и храната, ама на нас не ни е тешко да и купуваме храна и да и ги плаќаме сметките, при тоа да не и земеме ни денар! Мене и брат ми, дедо и баба не исчуваа и сеа колку и да има баба пари, никогаш нема да и земеме, туку ние тие ќе бидеме што ќе ја крепиме!
Сега, сама е жената а тој плаќа сметки? Или таа зема плата плус има маж и баба плус, и парите од бабата се за сметки? Многу конфузно ова, не можам да разберам ништо
Епа, тогаш останува да го прашаш дали имаат некаков долг за кој ти не знаеш, поради кој не можат сами да ги подмират сметките, а он се осеќа должен дека му се блиски и ради тоа што куќата е веќе негова. Ако е само обично чувство на должност бидејќи го одгледале, па не е дека бирал да се роди кај нив. При плата и пензии, чудно е он да дава редовно. Ако го бива за планирање и организирање, нека земе да им направи план како подобро да си ги водат финансиите за он да не дава веќе или барем да не дава постојано. Вашите трошоци треба да бидат приоритет.
@SelenaGomez Очигледно само си чекала да те поддржи во муабетот некој. Во првиот пост не спомна ништо такво дека немаш земено плата 4 месеци туку си сакала да го "преселиш" ако не те послуша. Јас се чудам само, кај наоѓате вакви мажи. И како сите вакви жени најчесто се во брак, иронија. Мислам дека јас на некој да му спомнам вакво нешто за родителот, утредента кај моите ке се најдам.
Жената живее со нејзина свекрва, баба на мажот ми, свекор ми е починат одамна. Свекрва ми работи и зема плата, зема и пензија од свекор ми која и следува после неговата смрт. Е сега, и бабата зема пензија, тие пари се наменети за лекови за неа и сметки. Се надевам ме разбра. Не бе, не дојдов за поддршка, темата е да се испукаме па затоа дојдов и види што убава дискусија отворив, си читам разни мислења, мило ми е што се разнолики, ако се сфатиме се сфатиме, ако не нема да се препуцаваме.
Не знам колку сте ок вие што размислувате исто. Кој рече дека не е во ред да праша? Ама таа звучеше како тотално да не смеј тој да дава пари дома, чекаше одобрение од вас дека се сложвате, да му пуштела да види. Мислам... кој го прајте будала
Важи. Како и да е, мислам дека една жена неможи да зема две пензии, нејзината и од покојниот сопруг. Можи да ја наследи неговата ако е повисока во случај од нејзината.
Свекрвата работи и си зема плата, а ја зема и пензијата од свекорот. Јас мислам дека мажот во случајот треба да се договори со жената дали да се плаќаат сметките или не. Не ги разбирам брачните парови што кријат такви работи еден од друг
Ја има наследено неговата и плус си работи, не и плаќаат придонеси само дека не можи кога веќе зема пензија.
Не е на црно. Има закон кај што луѓето можат да работат и покрај наследена пензија. Има тајни, кога и рекол во ноември уште овој месец, а не и спомнал од тогаш навака на членката дека уште плаќа. Требало да и каже