Па кога мажот е под притисок најчесто лаже. Таа го тера да не дава, а тој си сака, мајка му е. Јас за ни еден маж не би ја сменала мајка ми ма каков бил
Не го терам да не дава, само нема смисла, ај кај што јас немам земемо плата од октомври и на него е цел трошок во куќава, и јадење и кредити и сметки за тука и други х трошоци па уште за таму да одат 4-5000 месечно за сметки малце ми е nonsense, да немаше жената пари ќе си поќутев ама вака ме иритира.
Значи не ви стигаат, тоа е проблем. Ама мислам дека тој нема да престане кога повеќе, кога помалце ќе и помага. Имам жив пример. Таа ништо не му бара никогаш. Ама сам секогаш настојува да и се платени сметките, дрвата и се купени и останати потребштини. А си има пензија, не е дека нема.
Верувај скроз те разбирам. 4-5000 ден денес не се ич многу пари, ама не сакаш да ти одат на страна кога си кнап.
Одиш во крајности. И него може да го иритира твоето немање на плата. Ама жена си му и тебе те одбрал. Два пати да излезете во кафана ќе ги потрошите тие 4,000/5,000. Наместо тоа одбира да им ги даде на родителите. Тој чувствува должност да го направи тоа. Зошто/како, можеш само да се потрудиш да го разбереш а не да го осудуваш.
Размисли колку е пазарната вредност на куќата што маж ти ќе ја добие па израчунај колку месечни сметки се тоа. И побарај си нова работа. Не знам кој нормален толерира да седи 4 месеци без плата, најверојатно е некоја нишај врата државна институција па не ти се оди од таму.
Она не може да очекува он ич да не им помага на баба му и мајка му, но и он не може да очекува дека она цело време ќе молчи на тоа каде и за што одат парите кога имаат свои кредити за плаќање. Треба да го седне и отворено да го праша зошто он уште дава пари за сметките иако рекол дека само уште тој месец и нема веќе. Нека не ја лаже веќе и нека каже отворено што е работата. Можеби ќе го разбере.
Најголем проблем е што лаже и крие од тебе.. Семејство сте не сте цимери па да не знаете кај и за што ви одат парите. Можел да ти каже зошто им ги плаќа сметките. Во ред е да се помогне, ама во ситуација мајка му има доволно финасии, уште може да работи... Плус и не е сама има друштво од бабата.. Незнам кога веќе има пари зошто го користи синот.
Ми кажа зошто но тоа е само изговор. Не можела да ги плаќа онлајн сметките. Ќе си ја научи како јас моите што ги научив, не е глупава жената ќе разбере, ако толку и е проблем нека ја слика картичката он па нека ги плаќа со нејзина картичка
Има стари луѓе кои да се превртиш некои работи не можат да ги сфатат. Не живееле во ова време, како и ние што нема од сега за едно 50-60 години. Какви се жени постојат секој ден се чудам а мажињава трчат по вас како овчички Среќна биди шо не е во дом 60иљадарки месечно да дава. Такви примери има многу, родител е како и твојте шо се надевам нема да ги остајш на цедило.
Па, не си ни приметила дека ви фалат парите, значи не е дека сте кнап да немате, па си приметила и си прашала кај се парите. Туку, онака ти текнало да прашаш. Дали е во ред што не ти кажал, не е. Не сте седнале да направите муабет, на пример отворено да ти речел, слушај, вака и вака се осеќам, сакам да продолжам да плаќам, еве го буџетот, би одделиле толку, мислам дека нема да ни фали, или имаш ти некои планови, едноставно разговор и све да се знае. Ама, за тоа треба и да се размисли што е подобро во ситуацијата за сите да се направи, а не само полесниот пат, ќути си и терај си како ти одговара додека не те фатат. На маж ти мислам.
A ti nemash poima od brak. Za pomosh treba partnerite da se konsultiraat megjusebno. I da se krati od ustite na moite deca za da dava kaj negovite epa nema da moze. I 4 000 ne se malku, pa da se davaat kaj roditelite. Ako se za tebe mochani, za nekoj ne se. Bog da cuva.
А бе ајде претерувате. Не е дека прв пат слуша. Се однесувате како родителите за ништо да не ви помогнале. А сигурно им направиле свадба и им дале пари за учеството за кредит. Ама нели за тоа се родители они мораат, вие неморате. Ужасно себично. Добила објаснување ама на госпожата тоа не и било доволно. Оти она праве милиони и е навикната само да зема. Куќата на нивно име може ама сметките нека си ги плаќаат дур се живи.
Многу многу погрешно мислење Не знам дали си женет ама се надевам ако не си ова ќе го кажеш на девојката со време. Зошто воопшто би се мажела ако парите на маж ми се негови и ако сака на улица ќе ги фрла !? А со моите шо ,тие наши ќе се за потребштини во куќата? Битие (Создавање) 2:24 „Затоа ќе го остави човекот татка си и мајка си и ќе се соедини со својата жена, и ќе бидат двајцата едно тело.“ Овој стих е темелот на христијанскиот брак и токму на него се повикува Црквата кога зборува за венчавка. Смислата не е „да се отфрли“ семејството, туку дека: се создава нова, прва заедница брачниот однос станува поважен од сите други врски мажот и жената стануваат едно – духовно, телесно и животно. Не дека би фрлила било чии родители на улица ама како можам јас да заминам од моите и да се прилагодам на нивната куќа така очекувам примарно семејство да сме ние. И би се лутела ако на децата им е скратено нешто за на свекрвче подморени да се сметките како шо верувам дека би било и обратно. До членката ,најнеубаво е што не кажал. И кај нас ние и подмируваме се (заедница) дури и намирници за дома и сметки ама јас знам,ме иритира напати ете пример цел ден вчера така седеше машина јас немав за пуштање она сабајлево на скапа ја пуштила машината.. ме нервира што не пази ете јас ќе чекам 13 ч да дојде кога пуштан во работен ден или после 22 ч ама таа може кога сака да пушти. Пробав да речам ,џабе и се откажав нека тера.
Зборот "свекрвче" се кажува колку се поднесувате. Платата на маж ти и твојата би требало да е заедничка, освен ако имате некаков договор. А овде не се работи за никакво злоупотребување на пари, за 4000ки тепачки, ужас. Духовните работи не секогаш се покажале во пракса. Не преувеличувајте.