Јас сум за тоа да им се помага на родителите кога е потребно и доколку заслужуваат (ако се добри, не лоши родители). Колку што ја сфаќам членката, она не е целосно против помагањето. Само сака маж ѝ да помисли малку и на нив двајцата оти имаат кредити. Маж ѝ не е Илон Маск, па да може вечно да плаќа сметки за сите.
Епа вака, ниту учество за кредит дадоја,ниту јас правам милиони, ако правев немаше да земам стан со кредит. А во свадбата учествуваа 1/3, зборам за неговата страна, така да он сам си плати сѐ. Моите ни дадоја пари за станот и освен кредитот во банка, имаме дел и кај нив за враќање, без камата. Јасно е сега? Далеку сум од себична и сите твои епитети.
Мојте им дадоа 2000евра на роднини дека родителите од страната на невестата немаа да дадат па да не се срамат пред сватовите. Шо треба да прај невестата? Да се откажи во службен весник од родителите? Да ги отепа да си фрли во некоја јама? Аман бре луѓе па да имала мајка му на маж ти ќе ви даела и за свадба и за се бидеќи не и стигаат синот помага. Боже боже
Ок, те изнервирал пошто ти рекол едно нешто, праел друго. Значи темава е за да се испука некој, не дека совети бара. Сори, испукување легитимно. Секој ден имам за испукување, ама ништо битно де. Ваљда и он има
Фала Богу дека ако имала ќе дадела жената, ниту сум замерила ниту ќе замерам некогаш. Само пошо ептен се навлезе како сме неблагодарни и себични кон родителите па ми ја отварате устава без потреба. Да барав совет ќе пишев во Брачни совети не во тема за Испукање.
И ти да си на мое место нема да ја поднесуваш ама ме мрзи да ги напишам сите ,,затоа што"... така да уживкај. Заради ова заедничка му пишав така на буревесик. Тие 4000 ки можат да покриваат : * месец и пол залиха на пелени (бебе имам затоа оваа ставка ) * 2 месеци градинка (само градинка минус чашки машки) * месечно АД млеко *просечна сметка за струја Ама изгледа не сте јаделе вчерашен леб,затоа ,,мочани" ви се.
Сакам да знам како постигнувате на оваа скапотија 4000 да ви се "мочани". Дури и да не ми се потребни тој месец, 12 месеци по минимум 4000 се скоро 50,000 денари заштеда, што може да се искористи за децата.
Јас и плаќам сметки и и' купувам лекови на баба ми. Живее сама, пензија си има. Не побарала од мене ништо, ама јас можам и сакам да и плаќам. Треба ли да ме разведе маж ми?
Не тресете зелени исто и јас секој втор трет ден одам и и пазарам со мој пари и не очекувам за возврат ништо. 4000 на ова скапотија баш ништо не вредат. Себични луѓе
Ама никој овде не бара совет, не гледате дека темата е ,,испукајте се,, Да ви кажам како ме изнервира мм денес, или да одам да си го доправам спанаќот?
Оди, бркај си работа. И јас шо сум се закренала да одговорам добро никогаш скоро не ја отворав темава
Биљо пази на спанаќот и кажи Јас мојов ќе го убијам, ама за пари е. Па ќе ќутам Морало најскапите рафтови мме
Што ќе го убиваш за пари, парите се отепувачка Денес дете ќе ме убиеше за пари. Купувам месо, за 100 миљарди- оваа у шок. И вика па добро, не мораш баш месо да купуваш, знаеш ли за толку пари колку фломастери може да ми купиш. Значи гајлето за ручек ми е одбрано- фломастери will be
Реално 4000ден е едно добро полнење на фрижидер. Ама проблемот, ако може да се каже така, не е во парите во случајот и оправдано е зошто така реагира членката. Плус на една плата се 4 месеци,а свеки и плата и пензија зема и пак синот ги покрива сметките. И јас да сум на место на членката ќе се налутам.