Ај не се правете многу толерантни. Да дава маж ми пари, без да ми каже би се налутила. Макар биле и за мајка му. Не станува толку збор за парите, колку се непочитувањето кон мене. Што ќе биде ако секој си прави што сака без да се договориме? Тоа не е брак...
Тоа ги читам наназад овде каде и да пишеш само да се паметува, не дај Боже да се влезе у чевлите на тој што се пожалил. Торбата со камења и удри.
Јас па не сметам дека којзнае што направил човекот дека не и спомнал за сметките, 4000 денари се. Не знам вие како функционирате ама ние со сопругот не си даваме отчет на секој потрошен денар, посебно не за 4000 денари што на едно пазарување во маркет се трошат. И тоа не значи дека криеш нешто туку едноставно не гледам потреба да си репортираме за секој трошок. Башка човекот ги дал за сметки во куќа која е негова и до вчера таму живеел, не и ги дал на мајка му за на масажа да оди.
Хм. Мислев партнерство значеше комуникација и договор за се, вклучително заеднички средства. И те како кога живеам со партнер, ако јас не водам грижа за моите финансии - ќе се одрази и на него, и обратно. На некој друг не е проблем, да. Ама на сопругата и те како е. Во случајов, ако можиме да си дозволиме да платиме сметки на негови родители не би ми било проблем, ако не можиме - очекувам одбраното семејство (јас, децата) да му е приоритет. Е сега, јас неќам лажење во партнерска врска. Толеранцијата ми е 0. Иако би била ОК со то да плаќаме сметки ако можиме да си дозволиме, ако ми речи "уште месецов" и испадни дека ме лажи - за мене е проблем лагата. Не то дека плаќа, туку дека ме излажа. Како и да е, @SelenaGomez смирено искомуницирај шо ти смета и можни решенија. Можи ќе стигните до некој компромис, можда да плаќа упола кон мајка му. Ем да се осеќа дека придонесва кон мајката, ем да не вади многу од заедничкиот буџет кој го имате па да осеќате дека мора да се стегате. Во компромис никој не е целосно среќен.
Не е давање отчет.. Не, не мора секој денар да се кажува кај е потрошен, ама овие пари се надвор од трошоците за нивното семејство.. Нормално е да не кажеш кога ќе купиш храна, облека ќе се види дека си донел дома и тоа е за тебе. Без разлика на кого пружил финансиска помош треба да и каже.. И плус убаво го прашала до кога ќе плаќа можел да каже дека планира за секогаш да им плаќа, лажел, не криел..
На кој не му значат 4 илјадарки, еве ќе ви дадам сметка, па пуштај те ми мене месечно. Не се работи за инцидентно дадени пари кај родител, иако и така во здрава браќна заедница треба да постои транспарентност, туку за износ кој редовно се излива надвор од домашниот буџет. На кого му се малку пари, ви реков, пишете ми пораче, ќе ви дадам акаунт, со задоволство ќе примам месечно и пола од тој износ, од сите што не ви требаат. Ќе си искомуницираш со брачниот другар. Можеби не ја сфаќа ситуацијата како тебе, отворено ќе си ги објасните секој својата страна и поглед и заедно ќе донесете одлука, каква и да е.
Не дека се малку, туку зашто да не и помогне ако не се забележува дека фали од буџетот. На неа и текнало да го праша не дека и зафалило. Абе до човекот е, некој и милиони да има нема да сака да даде. Требало да и каже но дека треба толкава фама да се дига ако не се реален проблем тие 4000 ден. не треба. Она на почеток како да сакаше да слушне мислење и од членките или може и реторички и се прашањата пошто кога ги виде мислењата се премисли рече сакала само да се испука али небитно и да не се однесува на неа општо е размислувањево. Ако имаат деца е друго, секогаш се поприоритетни децата.
Мене многу ме нервира ќе одам на преглед ,рутински или не. Абе како еднаш не прашал шо ти рекоа Му викам добро бе еднаш да речеше што кажаа. Е па ти секако ќе ми кажеш бе
Темава се вика испукајте се од мажот, а не гледам членката да побарала мислење за да делите совети и да бидувате супериорни. Брак, врска е заедница и секој еден денар треба да се комуницира со партнерот/партнерката, секако доколку не сте одлучиле вашите пари да се само ваши а на партнерот само негови, што според мене тоа не е заедница но ок. 4 илјадарки во денешно време не се воопшто малце, и какошто и некои членки пишаа погоре цел фрижидер за една недела се полни со истите. И да ги даваат, треба да се искомуницира, а не да се преќутува. Врската, бракот се темели на комуникација и почит, а разговорот за финансиите и каде одат истите и те како е важен за таа заедница да опстои, така што не мешајте баби и жаби родители вака така онака, факт е дека тоа треба да се искомуницира а па на крај краева какошто видов членката не побара мислење само си се испука од ситуацијата дома.
Кога членката се дообјасни се виде дека е за испукување. Маж ѝ треба да научи дека мора појасно да комуницира за трошоците.
Не се венчани во црква попот да им го отчати со убаво и детално. Или не се информирани или се незадоволни свекрви... Сопруг и сопруга се примарно семејство и деца што би дошле понатаму, се друго е секундарно. Не се прекинати семејни врски и линии со родителите, тоа се подразбира, туку во нормална и функционална брачна заедница конкретно за финансискиов проблем за кој пишала членката, прво се консултираш и договараш со брачен партнер. Не партнеров на гравчиња да гледа каде се излева дел од заедничкиот буџет. Отворено и јасно се кажува се во 4 очи, особено што не живеат во заедница што им е олеснителна околност. Е сега месечни трошоци плус кредит, што е отежнителна околност, кој не осетил не знае зошто е налутена и со право. За тие што играат на карта емоции за баба ова- она, никој не го оспорува тоа, но во нејзиниов случај ниту ја известил дека ќе дава уште некое време пари, ниту ја консултирал што таа мисли. Таа сама открила и го прашала. Брак е заедница без задкулисни игри и тајни во која заедница (треба да) е се заедничко.
Ќе го разбере и би било праведно и фер и кога од заедничкиот буџет на пример исто толку се слеваат и кај нејзините родители. Тоа дали таа работи и носи плата нема што него да го иритира, тоа е заеднички договор. Во заедница сите придонесуваат и се е заедничко. Проблемот лежи што тој не ја ниту известил, ниту прашал што таа мисли за ова. Тоа е покажување на непочит кон партнерот. Еве и таа ова да го правела, пример сопругот да се испукува исто би го советувала.
Што се објаснуваш. Свој леб јадат. Туѓо гајле берат. И да не работиш дека си со поднесен отказ и ти и тој придонесувате за заедницата. Јас тотално те разбирам што те иритира, на место ти е испукувањето. Ова негово неприкладно однесување кон тебе како сопруга на сам старт се укажува и дискутира и анализира и се наоѓа разумно решение.