Многу ми е интересно кога ќе прочитам дека парите на мажот се негови. Јас да сум жена на таков маж, ќе си добие клоца в газ Парите во брак се заеднички. Кога ќе се ожениш, жената и децата треба да ти бидат на прво место. Другите не се толку важни. Ќе си гледаш за дома да има пари. Не гледам проблем да се помогне, ама да не се претерува. Се фатиле за тие 4000 денари. На некој му се потребни тие пари. А ако некој друг мисли дека се вишок, нека дава. Може и на мене да ми даде
Мене обратно сестро. Уште не сум завршила имаш прашања - Шо ти е, шо ти кажаа? Де бе другар.. докторката уште не ме видела аман *Не барам совет , не ми го анализирајте бракот плс
А чекај си на редот... Праведно и фер е следно на нејзините. Јас па не ги разбирам како се фаќаат за сумата, а не разбираат колку е погрешна целата постапка што тој ја прави зад грб, без нејзино знаење. За мажи секакви ги има, ете прочитавме пре би по улица да фрла, наместо да вложува во сопствен дом. Секој маж не е домаќин човек, поточно од секое дрвце не бива шупелче. Тотално те разбирам за она на почетокот што си напишала.
Види сеа, мене советот за развод секогаш ми се свиѓа ама нема смисла за ова да го разведам Ајмо моралисти навалете Сарказам 3 за 100..
Точно дека нема потреба да и плаќа сметки, сепак тие са ваши пари за вашата фамилија, ама еве јас поддржувам ако свекрва ти нема доволно пари за лекови, сметки, јадење, сепак сама живее и ајде да и помага синот во сметките или да и купува за јадење е во ред, ама ако она си зима пензија убава, ако и стигаат парите за се што и е потребно, нема потреба да и се плаќа. Читам некои пишуваат дека жената е по важна од родителите, да тука се согласувам затоа што на крај од денот мажот си легнува со жената и треба да си има пари на страна ставени за деца, за вашите потреби, а не да трча кај неговите. Од денот кога стапуваш во брак тебе фамилија ти е жената, а не родителите. Не знам дали овој поим убаво го разјаснив, ама проблемите со жената си ги решаваш, а не со мајка ти и татко ти. Пред брак мм помагаше на неговите понекогаш финансиски, а сега не смее да помисли. Луѓето си заработуваат доволно да си овозможат и летен и зимен одмор и се што им треба. На почеток се лутеше свекор ми, сакаше да води евиденција за нашите приходи ама мм јасно и гласно се изјасни дека се дели од дома и дека парите си одат во неговата фамилија т.е јас и он, здравје и децата кога ќе дојдат. Затоа, помагање на родители ако навистина имаат потреба да, поддржувам, а да имат доволно и да се помага, а они да си трошат како што сакаат, тоа не иде во обзир. Сакаш да ти платам, нема проблем, дај пари ќе средам, чао пријатно.
Сега ќе видиш, и тоа најчесто од тие што не се мажени, имаш највеќе коментари како треба да се разведеш.
Луѓе сите фамилии различно функционираат, зависи од карактерите на луѓето, финансиите итн. Сумата секако дека е битна, и не дека некој ги потценува 4000 денари и се за фрлање, туку како што и претходно на неколку наврати се збореше на ова поскапување и не дека многу вредат. Членката спомна дека да не прашала немаше да знае, значи не дека и смениле нешто. Друго, се согласувам дека на прво место треба да гледаш за семејството, ама не дека дома биле лишени од нешто и не сите луѓе гледаат на кантар и со пријатели а камоли со поширока фамилија. Пример кога ке одам/одиме кај моите обично седиме повеќе денови, храна и полна кола за назад имаме од нив, тоа можеби е во вредност од 100 евра, и сега да дојде ред да треба да платам за нив што и да за 4000,5000 денари јас треба ли да се консултирам со партнерот? Искрено сосема можно е да заборавам, не оти кријам туку оти е небитно,пак ке кажам ако тие пари не ни се рачунати за нешто друго и не сме толку кнап. Ако веќе решиме да имаме чиста сметка, тогаш не ни треба да прифаќаме ништо од родителите а не само да земаме.
БоУже БоУже!!! Какво опсесивно однесување. Сте разговарале дека прво треба да те праша како се чувствуваш? Што размислуваш? Дали заврши работа? Па тек потоа како помина? Па ова е недозволиво! Имаш ли ти приватност некоја? Цк цк цк *ја за парите сум овде.
Значи по оваа паралела ако ми давале ете мноогу 100 евра и си живуркате кај нив треба да враќаш, а ако не ти дале ич значи не треба да даваш. Ова не го знаеме колку дарежливи и грижливи биле неговите на членката мажот, ама секако обавезно од темата да се излезе. И у гради мавање само. И да без разлика колку ти се нашле никој не рече да не дадеш сите велат да не се крие, да се живее партнерски, ама увек извртување приказни!
Баш заради тоа што не знаеме колку "дарежливи" биле неговите го дадов примерот дека може и таков е случајот. Ама не, по дифолт родителите на мажот мора да се најлоши. Никој не спомна враќање, баш напротив муабетот ми беше дека не сите калкулираат а кога некој не калкулира спрема мене и јас не калкулирам за него. Ова важи за секој, и за пријателства. Џабе збориме, членката најдобро знае каква им е ситуацијата за да може да процени. Само дека повеќето го нападнавте сопругот пишав бидејки како што сфатив не криел како што викаш, туку кажал кога го прашала. Муабетот е дека можеби не станува збор за криење туку изумил да спомне оти не сметал дека направил којзнае што.
Ај бе не се акајте од земја и не продавајте муда за бубрези, шо кој qr имам да давам од на децата устата пари коа сум у тешка финансиска состојба на две баби со две пензии и една плата, па и тоа скришум?! Аман више од луѓе шо само сакаат да контраат по секоја цена само колку они да испаднат у право. Ја да сум ќе идам ќе си ги побарам парите назад, и плус ќе побарам заем оти не работам. Оти коа сме веќе кај тоа кој кого родил и кој кого му е дужен, и она него му е мајка па дужна е да му помогне ако може коа му е густо, особено за внуците ако и е жал.
@Gosh кажи дека не ѝ се во кожа на жената, ама битно паламудат сите. Мада и емпатија не е на одмет (што и ја немаат).
Ако ти го гуши буџетот, малце е срамота да одделуваш од дома пари за да им дадеш на родителите, да бидиме реални, секој нормален совесен и фамилијарен човек, ако има оформено семејство, треба првин за својата жена и деца да гледа, па потоа останато... Така да секоја жена или маж има право да знае каде одат тие пари и зошто, па дури и да се лути.