Ме изнавреѓа, ваква, таква, неспособна пред децата сега кога сум ранлива и ми треба поддршка. Кога ке ми текни оти на прво мес то го имам ставено пред децата кога му требало помош...
Од сега натаму ( ако не го оставиш мислам ) , на последно место ! Многу ми палат фитиљ такви луѓе . Јас да сум му жена ќе го вратам на фабричко подесување .
Леле, исто… нема ден да не се расправаме! Баш плус и кујна менуваме во станот и досредуваме плус што ни фали…
Кој се кара тој се сака, ние за палачинки се испокаравме. Јас викам намали температурата ке ги изгоришш.. Абе каква температурата тебе смесата не ти е погодена ми вели тој.... Како не ми е погодена смесата,тебе не ти е погоден мозокот. Испадна по моето, палачинките ги изедовме отпосле се смеевме..
моменталната тема ми беше инспирација Јас на темава би текла ,се само да не се превземела одговорност и толку сум изладена да сум мислела дека такво нешто не е можно ама еве било.
Абе кога и да го пуштам во продавница по нешто, и 100 пати ЌЕ МУ НАГЛАСАМ дека ТОЧНО И ТОЧНО тоа ми треба, он ќе се врати со нешто друго, го земал оти поскапо и поубаво било. Го пуштив по НАЈОБИЧНИОТ ЏОГЕР СО КРПА, се враќа со друг, помодерен бил, поубав бил, поскап бил, незнам шо.... сега го искористив модерниов, одма му излегоа федерите и се скина лепенката, не се цеди убаво водата, а да не зборам за тоа колку е кратка дршката, кичмата руска салата си ја направив.
Сега почешај го со дршката за и неговата кичма да осети. Спојлер Ако некој/а не сфаќа, се зезам, ама маж ѝ стварно е за карање.
Фала ви многу на подршката, му се јавив, кажа ќе дојде ќе ме носи да си одберам каков сакам, ама прво ќе го докршам стапот од него
@Adidas888 Леле Ади, боље да биде ваков, отколку да биде скржав Замисли го праќаш по квалитетни работи, а тој упорно да купува од најевтиното или да вели дека немало, само за да не се потроши He just loves you и сака да ти угоди, не се жали многу
Зошто сите мажи имаат проблем со слухот ? Или тоа или не те регистрира што збориш, само клима со главата. Видов во жито чоколадни јајца на моја кравица ама не ги купив. И му викам леле дај оди до жито, ми останаа на мисла чоколадни јајца на моја кравица, на каса стојат многу ми се јаде ги премислив од прееска. Важи одма одам. Се враќа со киндер јајце. Слушнал јајце он и готово. Арно табла јајца што не ми донесе
@Adidas888 Бар ти купил Ми се скрши метална рачка од мопот на Виледа на пола. Крпите ми бришат многу убаво и долго траат и не сакам друга. Немаше само дршки и сакав цел моп нов да го купам ама тој се понуди да ми ја „поправи“ рачката така што ќе ставел внатре појачање (дека шуплива е). Еве месец дена го чекам да ја поправи А за кај пријатели и роднини брза да помогне, за дома го нема.. Кренав раце од него и отидов да си купам ист таков моп ама видов дека им ги скратиле рачките и се некоја безвезе должина, до кук ми беа буквално. Од половинката скршена што ми остана, само некои 10-20 см беше подолга и пак треба да се веднеш и не ја купив. Срам да им е 1200 денари е цел моп и штедат на рачките Си ја земав папучата од мопот и со неа во продавница за тракатанции најдов соодветна рачка, бар поефтино поминав...