Инаку сакам да си кажам јавно дека многу ме нервира маж ми што не работи низ домот. Од 4-ца дома што сме сите работат домашни обврски освен тој. И на сите им е преку глава од неговото неработење. Децата скоро секој ден со него се караат (читај -го караат) зошто не учествува во обврските и одбиваат кога ќе им побара нешто. Смачено им е и на нив.
Е е е е, таква беше дршката и од овој маж ми шо ми го купи сам Кратка упм, па уопште ли не размислуваат за нас високите жени Или нека напишат џогер за високи жени, џогер за ниски жени...
Ситуација вчера Се враќаме до дома по негова вина на 3 минути буквално и му викам Остај ја колата надвор, не ја пикај у гаража за кратко сме И гледам ја внесува у гаража и си ќутам, шо сака нека прави. И се паркира и вика - Абе зашо ја внесов кога за кратко пак ќе излеземе? И ќере од позади: Па мама ти кажа остај ја надвор ти ништо не слушаш
Имаа систематски од работа, и му викам (ова за озбилно пошо работата му е со хилти глупости таму бучи по цел ден) да потенцираш да ти ги прегледат ушите ко шо треба И го прегледале и се супер и му рекол на докторот Жена ми се жали дека ништо не ја слушам И докторот му рекол Аааа тоа друго слушање е, здравствено арен си
Да ама ја кога не ја слушам и викам се да. И некогаш ме кошта многу од парфеми до фустани. Така да немам голема шанса за развод у тој дел.
Се шегувам. Ама треба да почнеш да ја слушаш барем за некои работи. За да се увери дека ти е најважна. Оти без тоа можеби се прашува, а ти немаш поим. Па, шегата да не испадне вистина на крај.
Темава слабо активна, а баш беше забавна Ќе споделам последно што ме извади од такт, на одмор јас, тој и нашата ќерка од 2 години. Јас ја капам, јас ја сушам, јас ја облекувам итн. плус себеси, плус ако не јадевме надвор потспремував да јадеме. Се враќаме од плажа тој трча да се тушира прв пред мене и детето И најјакото, јас дури се спремам себеси и детето, се вртам и гледам: купачите водени оставени на железото од креветот на пола метро од терасата, крпата водена оставена на столица исто така на пола метро од терасата И кога му се издрав, одговорот беше: па нели ми викаш дека мора да се исперат пред да се остават да се сушат? Па ако ги оставам на тераса ти нема да знаеш дали се перени или не
Абе нешо влегло у уво ама недоволно Толку им е капацитетот. Мислам дека до пола реченица слушаат, после бумбари почнуваат да им зујат па склопуваат нешо шо дочуле На мојов му викам Јас сум крива шо објаснувам на долго и на широко. Кажи таму со 2 збора, попросто шо може и нека звучи ко наредба и ај со здравје
Добро дали и вашиве имаат недостаток на емпатија и осет малку за сериозни работи... му кажувам на мм дека мајката на наши блиски починала а мене ме потресуваат тие работи како на секој нормален човек а тој со коментарот е добро де што паничиш си реков кузнае што е десено а не е прв пат вака,за смртен случај секогаш со исти коментар мислам навистина да не се мисли со главата
Мислам дека се они по приземни и мојот така реагира биднало тоа е како "непотребно збориш" се случило и тоа е тоа ние жените сакаме да го споделиме стресот и маката а они ја прифаќаат реалноста
Прв пат пишува тука.Незнам дали погрешив сварно или не имаме тутун не одиме секој ден бидејки мажот ми работи и кога ке стигниме тогаш.Вчера бевме послем 5дена а мене ми се смачи едноставно таков ми беше денот и реков ми се смачи аман да си одиме... На тоа мажот ми ми вика ако одеше на работа што ке правеше во смеа јас викам абе 8ч немам гајле во смисла од 2ч на полноќ сме на тутун а сега веќе е 15ч на ручек ми се смачи.. Тој работи раб каде оди повеќе од 8ч,и вика ами јас не сум 8ч,му одговорив ами ти сакаш таму да одиш.. на тоа толку се налути и се искаравме што еве од денес повеќе не зборуваме.. Се извинив незнаев дека тоа ке го навреди,немав лошо мислење само вчера многу ми се смачи. Дали е ок толку да се налути што во кавга спомна и дека сака да се разведи само заради тоа што реков така