Јас да сум самата ќе му побарав развод ако ме држи на нива на 40+ од 02 по полноќ до 15ч! Доста ги тинтрате тие мажите, па ќе се мислам дали ќе се налутел!?
Гледај си го здравјето, работење на нива на овие температури не е најздраво. И да се налтуил, ќе седнете ќе поразговарате и ќе решите.
беревме до 10ч послем по сенка го нижиме,нема врска тоа и другите денови било така,не сум рекла ништо само тогаш искоментирав така но не во смисла да се карам и да правам кавга
Си го кажала своето мислење, нема потреба да ти се лути уште па се заканува со развод. Класична манипулација е тоа , нема никогаш да се разведе од тебе. Ретко кој може да ја работи таа работа, бидејќи е навистина напорна работа која бара многу труд. Секоја чест и почит за сите кои го работат тоа. Ама требало да одморите барем малку помеѓу тие 8 часа берење, бидејќи не е нормално да стоиш 8 часа без барем малку да седнеш да одмориш.
Тоа е веќе друго, пошо имам работено тутун и веќе после 8 лепи не се бере ,ние толку максимум до 9 ако сме береле после си одиме нижиме до пладне па спиеме до 16 и пак нижење Ама тешко е.
Здраво и јас да се испукам од мажот.Значи живееме во куќа на различни спратови со неговите,и двајцата работиме имаме посебни сметки и трошоци.И после 10 год. заедно не можам да разберам и прифатам,кога излегуваме некаде тој му кажува на татко му каде оди.Еднаш во денот му се јавува мајка му да го слушни"сине како си".Па си седат во дворот и не прашуваат кога излегуваме со детето,каде одиме .Инаку она ни има помогнато финансиски заедно фасада правевме и дел даде пари за колата.Маж ми рече еве мама ќе дај ,да не земаме кредит. Имам поставено граници за многу работи и уште ова со јавувањето и кажување,ми остана.Не знам дали јас сум луда ,но со сигурност знам дека е мамин син и тоа ме полудува.
Јас сум мамина керка Ние живееме на 10 минути од моите и јас сум често во контакт со мама и она знае каков ни е планот денес што правиме кој кај оди онака као муж ми е на работа ја на кафе па ке чистам па ке одам во маркет итн Вака од моја гледна точка за себе мене не ми смета него малку му смета ама јас не гледам зошто е тоа проблем Иако да е мојот мамин син би ме нервирало повеке од јас да сум мамина керка Мојот не осеќа потреба да извести некого и да исконтактира било што а јас пак на врата да сум на врата кажувам доаѓам одам не знам така сум научена
Кога прекинавме многубда споделуваме, мешањата спласнаа. Кажуваме откако ќе се случи, е сега тоа што живеете во иста куќа не можете да се "криете" , одите негде нормално ќе праша не може да не праша. Тоа е. Најдобро да му кажеш дека ти пречи што премногу комуницира и споделува, но се додека во бракот не ти прај голем проблем не се замарај. Инаку, во однос за фасадата зошто викаш дека ви има помогнато финансиски? Практично ти на нив им имаш помогнато финансиски пошто е нивна куќата... освен ако не си и ти на имотниот.
Не гледам ништо страшно ако прашаат каде одите. Или зошто се јавила да праша како. Со мајка ми се гледам , слушам секој ден. Знае каде одиме, што како правиме. Знае и свекрва ми кога излагаме каде идеме. Да не има некој скриен проблем, па ова го гледаш како голем проблем?
За полудвање е ами како, јас не знам шо е ова да се слушал синот со родителите додека е во брак, нека даваат само пари тие друго ништо не треба, никаков контакт.
Извини ако навлегувам во приватност ама ти не се слушаш секојдневно со твоите? Не им кажуваш детали од денот? Нормално е да ве прашаат, во иста куќа живеете. Исто така сметам дека е океј да се слушне еднаш во денот со мајка му. И мм се слуша дома еднаш некогаш и двапати со мајка му и сосема сум океј со тоа, тоа не го прави мамин син, баш напротив, мајка му цело време му збори дека жената и фамилијата треба да му се на прво место, пред се друго, ама тоа не значи дека не смее да го слушне и да праша како сме. Не знам може грешам ама мене ова за коешто се лутиш ми изгледа скроз без врска, или не споделуваш целосно информации.
Не сме веќе мали деца или тинејџери да мора баш на секое излегување да кажуваш каде одиш. Од каде потребата да ти го знаат и следат секој чекор еве не знам. Живеењето во една куќа не треба да значи нешто плус на тој план. И јас се слушам секој ден со моите ама не гледам потреба да давам детален извештај за тоа како ми поминал денот или што сè имам во план.
А родителите ви се јавуваат да ви се исповедаат кога и каде они одат? Т.е. вие дали се јавувате за отчет да ви дадат?
Живеењето во иста куќа не значи да давам извештај каде и кога одам. И не е нормално да ме прашуваат, глупости.