Кај нас до пред некое време беше така, со кажување каде одиме пошто на ист влез сме и ќе не сретнат по скали т.е ќе искочат у ходник кога ќе не слушнат нас. Сега, и да ме прашаат, велам имам работа пријатно. За слушање секој ден порано така беше, сега веќе не сум за тоа. Претерано е да се слушаме секој ден без разлика маж или жена, еднаш два пати неделно е ок, според мене.
Различни луѓе има, на некои ако ви е во ред да давате отчет и да се слушате секој ден, на други не им е, знае да гуши ова. Родителите треба да сфатат дека напињаат со истите прашања постојано. Не си више дете, ти треба приватност и мир. Па и безосетно не е малку на секое да се прашува? Најубаво, нема шо да се објаснуваш. Не ми се верува колку само си дозволуваат стариве Зашо не сфатат дека децата им се возрасни и не е нивна работа да се грижат за нив повеќе. Нит се должни, нит ништо. Децата сеа си имаат свој живот. Ептен си го врзале у крпче она дека дете останува дете и на 40 години.. Ама глеј, ако помогнале финансиски, дали тоа значи дека од сега треба извештај за све да се дава? Ако ова го мислат, ебате помошта ебате. Не викам да не се слуша, близок да не е, но имаш пренапорни стари кои секој чекор на младите сакаат да го следат, кај се шо се, со кој се, зашто вака зашто така..
Јас никаде не прочитав дека префрлиле нешто за тоа што финансиски помогнале или дека барале извештај да се дава цело време. Да не ги извртуваме муабетите за џабе.
Фала му на Бога, што никогаш не сум бил мамино или татино синче, од мој 18 год сум самостален, и никој никогаш ни ми звонел по цели денови на телефон од родителите, ни ме прашувале каде одам, и кога сум бил со партнерка која сме делеле 24/7, не ме барале секој ден, ме барале еднаш во неделата, ни па ја сум им звонел, да ги прашувам, кај се, што се.Никогаш не би бил со ваква партнерка, ни па сакам да имам особа до мене, возрасна, изградена личност, ама со папочната врвца уште со татичко/мамичка, таква слободно може да си живее со нив, во децката соба.
Јас се јавувам на мајка секој ден ,не дека и кажувам се ама морам да слушнам дека е добра јас сум тип на чоек шо по глас ја познава како е и морам да ја слушнам. Ако ми е чудна поручекта пак ќе и ѕвонам. Едноставно од место на страв го правам тоа + дека далеку сум.
Извинете ама од кога стана ненормално да имаш добар однос со своите родители? Под добар однос не подразбирам ти отчет да даваш како возрасна особа, туку нормално да си се слушаш со твоите родители да прашаш како се, што прават и слично. Јас се слушам со мајка ми по 6 пати на ден, да ми каже дека у Синсеј видела фустани на попуст, да ми каже дека ми земала праски од пазар и не гледам дека тоа е ненормално или нездраво за врска дете-родител. Синот ако е мамино синче ќе прави многу повеќе од тоа да се слуша со родителите а тоа одма се приметува, во тој случај друго е.
Лесно е ако ви се добри родителите, не знаат што е глава да ги боли а не пак друга болест. Моите се со нежно здравје, ако не ми се јават кога им ѕвонам паничен ме мава. Инаку и јас кажувам, не секогаш ако сме се слушнале низ разговор, а и тие ми кажуваат затоа што знаат колку се плашам ако не ми се јават во моментот. Мм се слуша на 2,3 дена со неговите, тој ретко се јавува почесто неговите се јавуваат ама не гледам проблем и тој да им се јавува. Ако на родителите не се јавиме на кого. Е сега мм ретко нешто кажува на неговите затоа што напнуваат што, како, зошто.. Јас немам таков проблем па веројатно затоа и почесто ѕвонам. Да ме напнуваат не би се јавувала.
Дивјакуша ли си? Епа, не си требала да се согласиш да живееш во иста куќа штом не сакаш прашања. Различни спратови не значат ништо. Сите се на куп и нормално дека ќе ги интересира. Нормални родители дур се живи се интересираат како им е детето. И плус тоа што мајка му ви дала пари, дополнително ти го отежнува бунењето. Зар твоите не ти се јавуваат? Или тоа не е проблем?
И јас им ваква, смртта е нормален дел од животот, не можеме за секоја смрт да се потресува е. Мајка ми има обичај да ми споделува кој починал во нејзиното мало градче секој ден, не можам секој ден да реагирам на тоа, едноставно се случило, тоа е тоа, им дошло времето. Да е некој близок би била потресена да, ама за комшии, познаници нема смисла секој ден да бидеме анксиозни, нормално е да се умре, не живееме вечно.
Не е ненормално, баш напротив. Ок е да се јавуваш секој ден да прашаш како се. Ама да живееш во иста куќа и секој пат кога ќе излезеш да им кажуваш каде одиш, да ти се јавуваат кога ќе се вратиш и тоа како не е нормално. Се работи за возрасна особа која нема потреба да дава отчет кога и каде оди и кога ќе се врати. Можеби во денот 5 пати ќе излезам, на секое ли треба да им се исповедаме на свекрва каде ќе одеме? Можеби имам проблем со здравјето и одам на доктор, ама не сакам да знае никој. Едно е да се јавеш да прашаш како е, а сосем друго е да даваш отчет буквално каде ќе одеш.
Да, ама членката што ја поттикна дискусијата пишуваше дека на секое излегување мажот се исповеда на татко му. Ама нели секој си пишува како му одговара. Дека е нормално, не е. Затоа што тие истите родители не им се јавуваат, ни погледнуваат нивните родители а не па отчет да им даваат.
Не можам да замислам да треба да се објаснувам кај одам нон стоп, глупости. Кој на кого помогнал е небитно. Не сум должна исповед на секој чекор да давам. Доста е со мм да знаеме кој што план има за денот и да се усогласиме. Ни татко му ни мајка ми немаат врска со тоа. Ако е поврзано со нив, тогаш ќе им кажам. Слушање секој ден мене лично ми е вишок. Никогаш не сум била преблиска со моите, а сега се јавувам на мајка ми ако ја нема нејзе да се јави, а таа не се јавува кога и е забавно и си има занимација, тогаш "заборава". Инаку знае и по 2 пати по ред да ѕвони сосема за банални работи и никако да се научи дека кога ми ѕвони двапати за кратко време веднаш мислам дека нешто се случило.
Зависи како живееле. Ако цел живот така функционирале, нивните родители живееле со старите, сè си споделувале, они живелее со старите, сè си споделувале, сега синот им живее со нив, веројатно за нив тоа е нормално, не знаат поинаку. Не викам дека е океј, сигурно е неверојатно досадно, макар и да даваш банален ради реда одговор 'одам да проштам', сигирно е ментално исцрпувачки. Ама нема да ги пренаучи, превоспита, или ќе се нервира, или ќе прифати и без ич замарање ќе одговара колку да одговори.
Те молам да не ми ги превртуваш зборовите, членката имаше напишано и за јавувањето и јас искоментирав специфично за тоа затоа што и другите членки искоментираа за јавувањето а не давањето отчет. Фала!
Или не мора да одговара и ќе виде дека ќе престанат да ги прашуваат. За секоја навика има и одвика Не ти ги превртувам зборовите. Повеќето искоментираа за јавувањето што и не е некој проблем колку што е давањето отчет. (Јас не ни обратив внимание на јавувањето, го изигнорирав тој дел од мислењето) Верувам дека никој од вас не сакате секогаш отчет да давате на вашите колку и да сте блиски со нив. Не се однесува ова стрикно на тебе, општо зборам.
Да, така, секако може да проба, може ќе имаат разбирање и нема да се налутат. Обично старите се лутат за сè и сешто, тешко разбираат дека нивното не им е на секој нормално.
Членката пиша дека маж и на излегување му кажувал на татко му каде оди а мајка му му се јавувала секој ден да праша КАКО Е. Никаде не пишала дека се исповеда кога ќе се врати или дека се јавува на мајка му специјално да и каже каде ќе иди или каде бил. Претпоставувам тоа кажување каде оди е во стилот: отидов до град, или отидов до пазар итн а не исповедање. Од далеку се пазите сите демек јаката приватност ја имате или не знам какви тајни бизниси водите па никој не смее да знае каде одите. Не гледам ништо спорно ако кажам кај сум пошла на мајка ми и татко ми додека живеам со нив и ги гледам на излегување од дома. И на 40 години пак сте нивни деца и подеднакво ве мислат, ама тоа не значи дека сакаат да ве контролираат. Од мравка направивте слон.
Според мене не е нормално, за мене. Не се сите така блиски со родителите. Апсолутно ту мач ми е ова. Не може за секоја ситница да се ѕвони, мене лично ме напиња, не ми е убаво. Не сме сите исти ко што реков. Не треба да ги интересира. Треба да си го гледаат својот живот. Замисли на секое така да мораш да се правдаш и објаснуваш. Нема врска шо се у иста куќа, треба да си ги знаат границите. Ти еве ко золва, да живееше со брат ти и фамилијата, за све ќе се интересираше , све би прашувала? И да, некои сме топли, мили и питоми, некои сме диви, неќеме блискост. Неќеме ништо да споделуваме, неќеме замарања, разни муабети итн.