Сум сведок на ваква глетка. Мене толку ми е дебилно да чекаш жена ти тањирот да ти го измие. Ќе го измијам, ама и ќе го спакувам во куфер и пред врата ќе му го оставам. Па нека си најде будала што ќе му биде мајка, а не жена. Извини за татко ти и свекор ти, не сфаќај лично, ама тоа ми е врв на неспособност. Добро бе, што ќе прават кога жените ќе им починат.
Не се они виновни, туку тие што така ги научиле. Не дека се неспособни да си кренат чинија, туку навикнале дека некој по нив чека да го стори тоа.
Кога се селевме пола од тие работите што се "нека стои може да затреба" ги собра во ќеса, ќе ги донирал, пази не ги фрла ќе ги донира ене ја ќесата цела година стои за "донација" само ја префрлам за чистење.
Никој не е совршен, ама баш симптоматично што скоро сите од исто се жалите, мажот не ви помага дома, не му чуе за децата, и се праи глуп и неспособен за да му ги вршите работите. А па да не праам муабет легнувањето на смртна постела со настинка и дремењето на мобилен ( да не речам глеа курви на Инстаграм) по пола саат демек сере... Од карактерна особина, ова е само манипулатор. Не е дека собирал ете штрафчиња за утре да им се најдат, или не пие апчиња, па да е смешно и да не е причина за развод. Ова вие што си се тешите со ха ха, хи хи, не треба ни една девојка и жена да го гледа ко заебанција, него како пример да учи и да се пази, па да не доаѓа и она да си мачка очи демек не сум сама, има и други вака што прават, нормално е. Па уште и тешења ај барем тањирот од маса си ги крева, уште и да пише некоја ме прашува дали сакам секс да иаме и не ме шамара, ќути има полошо. И после коа викам дека у 21 век, у западно општество, ние жените сме си за многу, па и грото ствари сами криви, пак не чини. Али битно да ви каже мажот се покакал син ТИ, ви чини. Мех.
Јас тука се пронајдов, затоа и ќе одговорам, кажал син ТИ на заебанција, го мрзело да го преоблече и сл. сум се скарала за тоа секако. Мислам дека се претерува и од мравка слон праите увек, мм ги чува и сам дома кога сум ја на работа, праи ручек, алишта, и сл. Не пишав нигде дека не праи ништо, и само лежи по дома Има работи што страшно ме нервираат кај него, никој не е совршен, само не си прајте од мравка слон, како и у скоро секоја тема.
Ама, има работи што се баш големи како слон. Ајде, не е страшно ако го кажал еднаш на заебанција. Штом се караш, добро е. Да премери до каде може да оди со однесувањето. Ама, ако маж постојано за нешто околу детето вели син ти/ќерка ти, жената треба да се загрижи и да му подвикне. Твојот можеби не е таков, ама има такви мажи што вина и одговорност префрлаат кај жените како они да не учествувале во правењето на децата и како нивното однесување да нема влијание врз децата.
Иста сум, не сакам само да трупам непотребни работи да чувам и сѐ фрлам. Пред некое време штравчиња ми оставил на шанкот, земав ги фрлив. После некое време ги барав со него наоколу да не паднале
Иначе темата е" Испукајте се од мажот" , сите дома имаме секојдневни караници за банални работи. Затоа тука споделуваме лоши навики и работи шо нè нервираат кај нив. Нека се отвори тема за пофалби тогаш имам многу повеќе да напишам за мм , а верувам дека и другите членки исто. Така да тука треба да се насмееме ,споделиме и утешиме а не да ги ругаме дека се неспособни .
Ее баш буквално така ги научиле. Кога почнавме да живееме со мм тогаш дечко и девојка не знаеше гаќите кај му стојат пошо мама му носела алишта кога се бањал. Шокирана бев, маж 2метра 27години (тогаш имаше) да не знае гаќите кај му се. 2 пати одеше по пешкир во спална третиот си ги најде сам.
Стварно значи секој е прича за себе, ако немаат инструкции не знаат да се снајдат. Затоа јас фино лепо пишувам на ливче што треба да се направи и да нема забуни после дали сум кажала нешто декантреба да се направи или не.
Мене ме нервира (иако на почетокот беше поголем проблем, сега со текот на годините е поокеј) што не знае да каже не на луѓето. Сака да помогне, во ред, ама прво да ме праша дали имаме нешто во план, па после нека оди нека помага. Му се наоѓале и на него луѓето, е добро де, ама на прво место се знае кој е, после другите, кога ќе можеш и си слободен оди. Иначе, ова со вцто, он а влезе на малава магично и се оди во вц и мора да излегува, мисли јас така и викам, а врска нема. Јас знам повеќе да „заглавам“, ама во своја одбрана можам да кажам дека после пораѓајот одењето во вц не е исто.
Овоа ли е тоа смеење во несоодветни ситуации? Еве ви бесплатен брачен совет- не прифаќајте да живеете во брак со деца, без 2 вецеа во куќа/стан. Практично е. И становите градени во сфрј ги имаат како стандард. Другото, не е смешно.
Update: Нов ден, нова дешавка. Повеќе е за тема Carma is a bitch отколку овде, ама да се надоврзам. Остана маж со двете деца сам вечерва, саат ипол, јас бев на масажа. Ги прошетал низ маало кратко, и откако се прибрале решил дека треба да си направи вечера. Бебето беше јадено, а големата требаше да ме чека мене да донесам пита (поздрав од баба и). Епа му ја изела вечерата кога си ја направил зошто била гладна, јас си ја изедов питата, а маж еве седи и мисли што да јаде сега. И ми вика јас не знам како се снаоѓаш со двајцата сама. Следна недела ќе одам и на масажа и ноктите да ги праам. Нека му ја мисли
Едноставно сите имаме лоши навики, а ние жените сме многу повеке за редот дома да се одржава ама сум со тебе за нештово
Или подобар совет. Пред брак да се утврди дали дечкото е квачало или не. Еднаш квачка цел живот квачка. 40 минути у вц, па стварно, јајца ли квачат?! Мојов не е квачало, повеќе јас квачам. Во моја одбрана, тоа е единственото време за себе. Ама после 15 минути, ми го пушта детето на најјако, па квачејќи објаснувам дека тоа е лавабо, тоа е вентил, тоа е одвод, и така. Не гледам голи мужи на инстаграм, ветувам. Али пак 40 минути, шупакот зинат, што ли прават не знам.
Od mm nema nesto sto poveke me nervira od toa da mi sedne na spalna so alista sto bil nadvor , au za bakembardi odma go fakam. Vo spalna strikno so alista za po doma ! Fiokite koga mi gi ostava poluotvoreni i koga ke pusi cigara i cel balkon e so pepel. Isto koga ne me ostava da ispusam cigara na raat i me gnjavi so gluposti , ama ne mu ostanuvam dolzna go gnjavam i jas. Ii nesto mn iritantno NEGOVIOT MOB NEZNAE DA ZAKUTI NIKOGAS, pred nekoj den mu go tresnav od zemja i go sutnav pod komoda pa kako poparen go barase. Ajde toa veke ne se trpi, glas max pa i na masa ke go ostavi i ne go gasi. Vo princip se me nerviraat nekoj sitnici ama kosa mi se kreva za niv. Vcera si svariv jajca, virsli i sednuvam da jadam i gledam mi go izel lebot sto go jadam (traen po 3-4 dena) a go ostavil beliot ednodneven sto e . Stoen leb nemozam da pomirisam mu se javiv na rab lom se napravivme mu rekov kako znae da mi donese leb, bebe spiese nemozev da se simnam da kupam .. za 1h ne mi doe svekor mi so leb na vrata!? --potonav od sram.
Еве и уште нешто да се поплакам Не сака да се дружи од народ му било преку глава (демек таква му е работата) и јас сум многу уморна ама ми фали дружба. Секогаш кога ќе се слушнам со пријатели ги повикувам на гости, он превртува очи.