Поголем дел од жените сакаат да ги избришат од мапата родителите на сопругот, факт е. Знам дека има секакви ама родители се. Колку овде имаа пишано им сметало што со мајка се гушкал на видување, што свекрвата на 30,40 год. му се обракала со сине Некои снаи богами имате загрижувачки карактер, ама требало пред мажење убаво да ја увидите ситуацијата што ви смета. Еве има маженца што родителите ги врегаат, ги користат за потреба само родителите, може требало такви да бирате
Јас само едно ќе ви кажам. Сакајте си ги родителите додека ви се живи. Јас само мајка имам, ако не ми се јави или не и се јавам денес не ми е нормално. Додека беше татко ми жив не се слушавме волку често. Ќе пукнам од мака што не сум му се јавувала волку често па макар и гласот да му го слушнам. Дај боже да дочекаме и ние старост во ова лудо време, па баш ќе ве видам дали нема истото да го правите. Воопшто не ми смета ако свекрва ми му се јави 100 пати на маж ми да праша што правиме или мене. Мајка му е, и се грижи за него, за нас.
Како може да не ви е нормално да се слушнат родителите секој ден? Па мајка ми и татко ми ако не ги слушнам, кој да слушнам? Секој ден се слушаме, или со едниот или со другиот, или ако има потреба и со двајцата. Брат ми живее во Америка, секој ден се слушаат. Имаме група на мсн, мајка ми, татко ми, маж ми, брат ми и снаа ми, секој ден слики од децава им пуштам. Тоа радост е за нив. Има денови, по неколку пати се слушаме. Не било нормално родители да се слушаат секој ден ама ако треба помош одма кај нив се бара. Маж ми секој ден со свекрва ми се слуша, зашто да ми смета? Мајка му е, една е, татко нема. Да ми се живи и здрави родителите, и по 5 пати ако треба ќе се слушам. Нема да се вечни, дур се тука ќе си се слушаме и ќе си се помагаме.
Ти си луда. Значи ти смета што мајка му пази ЕДНАШ на ден му се јавува да го праша како е? И според тоа е мамин син? Ти со твоите ако не се слушаш често, не мора да значи дека е маж ти мамин син ако има почит према мајка му. Свашта.
Доволно е да се јави родител, еднаш, два пати. Па и три. Зависи во шо ситуација... Имам другарка 40 годишна, со мајка е, е 24/7 на телефон и уште и раскажува, пример, дека е со мене, шо прајме муабет. Тоа ми е малку несмасно. Дур сум излезена, да можи да се јави, не велам не. Ако му/и е нешто недобро, ако треба нешто да купам и сл. @Feniksgirl зборој речени на место