1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испукајте се од мажот

Дискусија во 'Брак' започната од LiquidLuna, 28 август 2024.

  1. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што сите мажи скоро за вакви нешта се исти, значи татко ми,дедо ми и со ред дома, а и мажовми до негде и едноставно се помирив со сето како не знам.
    Пс барем се снашол за леб да ти донесе не те оставил така
     
    На Mother of 2boys, Snowflake97 и Emilija28 им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    5.630
    Пол:
    Женски
    Исто, поише јас сум проблемот за квачење...
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    18.583
    Пол:
    Женски
    Јас не квачам ама на секои 15-20 минути, по 5 минутки. После мочла ме викал, епа со право 8)

    Типс&трикс :rofl::rofl::rofl:
     
    На Fenix05, Трагедијаупмм, Tiny Love и 2 други им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.372
    Пол:
    Женски
    Ау темава…ме нервира што реагира на било што со брзина на полжав. Леле како од такт ме вади ова луѓе, ау ау ау, дали вашите се такви? Значи кога ќе му речам подај ми нешто пример за бебето, значи ако речам подај ми сакам да ми го подаде сега веднаш оти ми треба, а он мислам дека не ме процесира ни од 3 пат кога ќе кажам, не од прв, и кога ќе идам да земам така луто ми вика е сега де, ма иди у пм бе.

    Ме нервира што мозокот не му работи толку брзо, јас у секунда размислувам земам првам, јадење, дете анимирам, мислам, на телефон враќам, он црево, само ми пречи во извешување на се, ми одмага.
    Исто доцнење, значи некогаш сериозно мислам дека човекот намерно ми прави за да се нервирам. Јас сум човек кој ќе стигне пола саат порано само да не доцни, он ако треба да се тргне во 7:30, ќе се ценка дали во 7:30 или у 15 за 8 оти тие 15 мин доцнење се многу битни. На брат ми свадбата пола ја испуштив ради него и сериозно ова нема никогаш да му го простам.

    И нели секој ден шета со дете,
    го носи 4-5 саата некогаш, кога се буди од спиење го превзема…ама, ама кога ќе кажам врати го во толку за да спие, како да сум рекла не го враќај:punch:Секогаш го донесува преморен и хиперактивен, обавезно пред спиење ќе го размрда и ќе ми го остави јас да се справувам.

    Какач не е за среќа, брз е, ама туширањето:puke: Со музика, со течење топла вода на грб по пола саат, со недај боже да се средува, ма го отпишувам од тој ден за обврски.

    И најмногу од се што ме нервира е кога ќе ми рече не ми се дери на мене не сум јас крив што си нејадена, неспиена, неодморена, а буквално тој ми е крив, прво оти се е на мене пошто е болен, второ оти работи ноќна и јас сум со дете цела ноќ сама, трето оти спие пола ден оти работел цела ноќ, четврто оти се е на мене отсабајле, уште да рече не сум крив што не си е*ана и ќе речам епа ај комшијата да го кривиме. А најжално е што не ни врекам, само не сум насмеана и не му зборам со љубовен занес. Реагирам нормално како и секоја престимулирана жена.

    Ова што ме нервира секојдневно, со конкретна нервоза ќе се вратам подоцна:D
     
    Последна измена: 30 август 2024
    На Zumbulche, SiMpAtIcNaTa, Skyler81 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.648
    Ја во дигестивен систем не навлегувам. Мобилен во веце не се носи од прости причини, хигиенски- и физички, и ментално. Дигестивен систем на луѓе од разни генерации, плус потреби како заби, туширање, и сите во исто време, е реално неусогласливо. Значи ЈУС стандардите на станбено уредување, не беа за џабе.
    Бесплатен ми е советот де, кошта нешто пари реализацијата, ама стварно се исплати:D.
    Колку дечкото оди во веце е реално невозможен критериум, башка нема да биде истиот дечко и после 10 години, и после стомачен вирус, итн.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.981
    Допаѓања:
    76.287
    Пол:
    Женски
    IMG_20240830_225115.jpg

    Темава :tmi:

    И не, не се сите мажи исти. Не е до полот, до човекот е.

    Мажот не ВИ помага, не ВИ чува дете, не ВИ пазари на вас, пошто заедно живеете, делите кров и живот заедно.
    Бракот е заедница, едно сте и заедно сте во се што правите.
    Ако не ви е така, тогаш некаде ептен е утната работата.

    Со темава се ствара многу неубава слика за бракот, а факт е дека не се сите мажи и жени исти, па така ни браковите не се исти, ниту слични.

    И да, воопшто не е смешно...
     
    На CameliaMiller, Bozica1980, Milobebence и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    5.630
    Пол:
    Женски
    Aman ej |(|(|(|(|(|(|(
     
    На Sunrise!!!, Konfetka, see.emily.play и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    18.583
    Пол:
    Женски
    Шта речи, а не заплакати. :D8)
     
    На Sunrise!!!, Konfetka, see.emily.play и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    5.630
    Пол:
    Женски
    Абе страшно еј, да не пише чоек нешто, одма исфилувано... |(
     
    На Mother of 2boys, Трагедијаупмм, Ena05 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.019
    Допаѓања:
    66.555
    Пол:
    Женски
    Ама кој рече дека е темава за некакво создавање слика за брак? Просто, ти дошло од нешто преку глава и сакаш да се испукаш.
    Секој си знае како му е во реалноста, дали нешто треба или не треба да преземе, ама темава не е за тоа, ниту пак за совети, чисто за случки споделување. Ако од некој пример извлечете нешто океј, само оставете ја темата да си тече. Не е толку психолошка, има други теми за тоа во категоријава.
     
    На Sunrise!!!, Konfetka, see.emily.play и 25 други им се допаѓа ова.
  11. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    857
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    лол не сере, ве избегава и си го користи времето за себе (врло себично)
     
    На Konfetka, Anyshka, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Има наслов доволно е ама паметниве се над сите нас.
    Пс јас сум за подршка овде ве разбирам сите оти имам видено нешто.
    Ама некои сте ми пријатни да се изнасмееме за ствари да не биде толку тешко и други за совети и останато плус во реален живот се соочувате може секому да се случи
     
    На st-el, Amore123 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Па сите работи што ги наброја не се сите кај една... кај една едното е кај друга другото е, реално ако ништо од тоа што го пиша не ти помага, катастрофа е. Ама ете лично кај мене не е така, нигде не реков дека ништо не ми помага, напротив знае во многу работи да се фрли да помогне.
    Со чувањето на децата горе долу исто сите мајки сме пишале, епа тоа е, не за џабе се рекло МАЈКА е ЕДНА, таткото никогаш нема да биде нежен како мајката, таква природата нѐ дарувала....
    ... Тоа со ВЦ курви демек глеал , па демек толку време сере уствари гледа курви, ако му е намерата да гледа секаде ќе најде и време и место за да гледа, а не само таму да се крие, тука е до човекот, за толку секоја жена си го познава партнерот свој, тој што е од тие работи жената негова сигурно знае.
    И да , во брак секако ќе биде , брак е, не е врска, друго е да се гледаш секој ден друго е на неколку недели/месеци, некои работи да се сменат тоа е нормала значи, самите обврски го прават тоа, мислам се претерува во некои работи, ако требало да се разведуваме за секоја ситница, бракот не требаше да постои хахахах....
    И да, нај откачена сум со мм , со него сум она што навистина сум , знаеме се да си велиме многу работи и на зафрканција, што не значи секој збор да се зема за она најозбилното, пример синТИ , ми рекол и тој сум му рекла и јас.. не знам... Секој пар за себе си знае, ние години сме заедно како другари сме како да објаснам :)
     
    На A Girl ^_^ и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Замислете и маживе да имаат ваков chat и да се жалат од нас и тоа за време на престој
    Замислив како и тие имаат ваков chat и го користат за време во тоалет
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    5.630
    Пол:
    Женски
    Леле, немој, ме распнаа за ова|(
    И јас сум му рекла "оди на син ТИ напрај му ручек, а и жена ТИ сака кафе"
    Страшно :wasntme:
     
    На Sunrise!!!, snegulkata, Skyler81 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    3.568
    Пол:
    Женски
    Абе и тука ви дојде да филозофирате,комплекси да си лечите.
    Погодете што? Никому не му е идеално. И не се прајте дека ви е , не се лажете.
    Секој што е во брак знае што е “жута” минута и колку во еден момент ти иде дс го задавиш ,а пак во друг највише го сакаш. Вие што мажите ви мијат садови го немате тоа? Се е сјајно и бајно? Не е, како што реков не се лажете себе си.
    Никогаш не е 50/50 и не може да биде и ја не знам дали на кантар ставате по дома ја еднаш фрлив ѓубре ај сеа ти два пати.
    Темава е смешна тоа и е намената ,ве молам оставете не да ни е интересно прошетајте ги совршените бракови на друго место.
    Немажени, не е се така црно, ама не ја читајте темава пред време:D
     
    На Sunrise!!!, Mother of 2boys, Konfetka и 24 други им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.449
    Пол:
    Женски
    Со исклучок на некои мислења кои нема да ги именувам, повеќето се баш слика за брак. Не лош брак, туку токму брачен живот. Баш дека е факт дека не се сите исти, не размислуваат сите како мене, тебе, не функционираат исто, се случуваат вакви несогласувања. И нормално е да ги има. Јас сум научена на мојот живот, тој е научен на неговиот. Проблемот е, ако некому нешто пречи, да се најде решение, а не да се остава да се таложи. Или полошо, да правиш нешто за инает иако знаеш дека некому страшно го иритира.

    Не мора секоја тема да се трова и проповеда, да се гледа од горе, наместо од реалната позиција. Ти не се караш со маж ти? Ако не се караш, тогаш и тоа е голем проблем. Значи дека нема никаква заинтересираност од двете страни.

    Веројатно жениве седат во тој брак, затоа што мажите им имаат други квалитети кои се над сите маани. Ако повеќе тежне последното, тогаш некоја треба да се размисли кај тера.

    А што се однесува до ,,ви". Освен за дете, кое е најзаедничкото нешто во бракот, не гледам проблем да се користи тој збор. Пример, мене не ме бива за логистика. Он мене ми го средува тоа. Него не го бива за план за пазарење. Јас му го правам. Брак било, заедно се сме правеле. Заедно живееме, не значи дека двајцата не бива за исто. Што значи, некој некого мора нешто да му прави. Не дека не сме способни за едно и друго, ама полесно е на тој што му е полесно, да го врши и за другиот.
     
    На Цунами, Skyler81, Fenix05 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Овде барем имате реална слика и крај краева никој не е совршен.
     
    На Snowflake97, ArabellaStarfall и Amore123 им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.137
    Допаѓања:
    17.537
    И мене не ми е смешна темава туку така малку жалничка. Дел од мислењата кај мене ствараат нервоза.
    Јас знам дека никој не е совршен, но да му биде мака да ги чува , прошета и нахрани сопствените деца за мене е голем проблем во бракот.
    Да се чека се од жената дома , зошто тој е изморен само од работата исто голем проблем.
    И не се тешете дека мајката е понежна и попосветена на децата. Мажот за што е? Само да ги направи и да ескивира секоја прилика?
    Ова испаѓа како повеќето жени да имаат дете плус дома, а не партнер и поддршка.
    Сериозно треба да размислиме како ќе ги воспитуваме синовите , зошто овој дебилизам мора да биде прекинат од некоја генерација.
     
    На CameliaMiller, DoubleK, Glowy и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Дечки, не ширете феминизам.

    Верувам, тргнувајќи од себе и мојот сопруг дека сите се грижат за домот, децата и семејството. Ова кое тука се пишува не значи дека жената дома прави СЕ и бара правда, туку дека зборуваме за некои несовршености кај мажите и како ние жените ги гледаме, доживуваме и чувствуваме. Не гледам стварно ништо лошо ниту па се чувствувам дека дома сум дискриминирана.
    Некогаш е смешно да прочиташ само колку сите се како под ист калап правени, а и ние жените исто само на друг начин.
    Мене ми е дури симпатично.
    Немора на се да се најде маана. Живејте малце! :d:
     
    На Skyler81, Fenix05, Skyler и 8 други им се допаѓа ова.