1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Истегнати лигаменти на нога

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lana666, 28 февруари 2015.

  1. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Имам проблем.Паднав и ја свиткав ногата, бев кај масер и ми рече дека имам истегнати лигаменти...бев и на лекар...Имав оток,огромен, но сега немам но сепак ме боли многу повеќе од кога ми беше отечена.Кога сум во мирување не ме боли. Дали некој знае нешто во врска со ова...ве молам помош. :|
     
  2. vlatko spasovski

    vlatko spasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Машки
    Kupi od apteka borova voda i fastum gel i stavaj oblogi a dali ti e vo longeta...
     
  3. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    ne mi e vo longeta
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Добро е што се само истегнати а не скинати си имала среќа.
    Многу мирување и редовно мачкање со маст по неколку пати во денот.
    Прво треба да го спаднеш отокот, ставај мраз на ногата, во крпа стави мраз и држи 5минути, повторувај на секој саат. И најбитното држи ја во исправена положба, значи седни на фотеља удобно и крени ја ногата на столче паралелно со фотељата на перница.
    Маста ич не ми текнува како се викаше, прашај во аптека ќе ти дадат совет ама не беше скапа.
    Има и едни апчиња се пијат, ама се доста скапи и ги препорачуваат за спортисти, помагаат при спаѓање на оток доколку е преголем и не спаѓа со облоги од мраз.
    Преврзувај ја ногата убаво со газа во осмици, за да го опфатиш отокот за да сплавне поврзо.
    Мораш да мируваш бареш 3-4 дена ако не и повеќе.
    Јас скоро 7 дена од дома не мрднав, иаку многу брзо ми спадна отокот,ама морав зашто за 3 недели патував, па не сакав да си направам дополнителни проблеми.
     
  5. Alidar

    Alidar Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мене веќе точно 17 дена ми е натечена кај глуждот, боли кога се обидувам да ја вртам лево - десно. Не ја снимив на рендген, ставав кромид и мраз првата ноќ, само тоа. Сега ја држам врзана со еластичен завој, се движам,ама пазам да не ја оптоварувам многу. Кога ќе спласне отокот и дали ќе можам да се движам нормално? Некој да ми каже? Инаку, ова ми се случува веќе 5-6 пат (срамота)
     
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Си имала некоја незгода во скоро време? Инаку треба долго време да се повлече отокот ако имало повреда.