Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Истекување на вода со опасна материја во ОХИС

Дискусија во 'Политика и настани' започната од TeddyGrey, 8 ноември 2019.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    11.175
    Собирајте баби, мајки, братучеди, деца, мачки, кучиња, и сите да се нацртаме на 29-ти ноември на протест. Толку барем си должиме како народ. Достоинството и интелигенцијата да не ни ги исплукаат, кога веќе се друго ни полија со катран и одведоа у курац.

    ..Само кога ќе се сетам, во програмата ветија зелени фасади на зградите, кои на фотографиите во брошурите изгледаа толку прекрасно и надреално. Не знам кога ветувањата преминаа во кошмар, но знам дека е време за револуција и будење. Охис е капка што ја прели чашата.
     
    Последна измена: 10 ноември 2019
    На Јаневски, theowndemon, M.B. и 11 други им се допаѓа ова.
  2. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    661
    Пол:
    Женски
    Во колку е протестот?
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    11.175
    На Јаневски и DevilGirl212 им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    12.106
    Пол:
    Женски
    Јас сум за протест со бојкот на институции...
    Ништо да не работи минимум 24 часа.
    Здравствените работници треба да се на чело, пошо нели се уки колку е ова штетно.
    Ама, со еден мирен 2 часовен протест никој ништо не губи.
    Ќе се собереме и одсобереме... ќе не видат, ќе кажат аха добро.
    Пошо ни е страв да останеме без работа, ама не ни е страв да останеме без здравје без кое замислете.. не можеме да работиме...
    Реално ова е најголем проблем кој го имаме во моментов на државно ниво, нормално трезвено кога би размислувале.
     
    На Јаневски, темјанушка, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    11.175
    Контра - аргумент на Владата би бил дека едноставно нема доволно ресурси за нови фабрички еко филтри, дека депонијата нема каде да се дислоцира, и е на доволно ,,одалечено,, подрачје. Ќе апелираат да се внимава зимово на горење отпадоци во цели на загревање и во најдобар случај Шилегов или ќе даде амин да се запре возниот сообраќај еднаш во неделата додека не се стиши цела фама, или како минатиот пат ќе овозможи ,,бесплатен" автобуски превоз во недела.

    Сето ова, зошто во просек се потребни десет години за да се подобри квалитетот на воздухот, од мерките кои ќе ги преземеме сега. И пошто е долгорочен ефектот, зошто би се ангажирале за една олку банална ствар како воздух? Не го гледаме - не постои. ;)

    Мислам дека би издејствувале минимален ефект од страна на Владата без подршка од луѓето вработени во еколошкиот, здраствениот и фабричкиот погонски сектор. Но, сепак нема да се откажеме и ќе се обидуваме етапно. Прво со мирен протест, па ако не бидува ќе се разгледаат и некои други опции.
     
    На Јаневски, Lianna Anna и DAngel им се допаѓа ова.
  6. Lancier

    Lancier Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Ne postoi nikakvo zgolemeno zagaduvanje na vozduhot vo Makedonija.Toa e cela psy operacija na NVO sektorot vo Makedonija vo koj se vgnezdeni site komunjarski mamini i tatini sincinja,se do izbori sega ke se trubi za zagaduvanje,zagaduvanje,zagaduvanje a nikoj nema da zbori za prespanskiot,bugarskiot i tiranskiot dogovor,albanizacija na Makedonija,voveduvanje nelegalna dvojazicnost,siromastija,nepotizam,partiski vrabotuvanja,nikakva ekonomija i taka natamu i taka natamu.Ne postoi nitu eden relevanten svetski naucen dokaz deka vo Makedonija zagaduvanjeto se zgolemuva.Naprotiv imame zgolemuvanje na zivotniot vek.Nie nemame nikakva industrija za da zagaduvanje.Petar Kotevski od Dvizenjeto Bojkotiram mnogu ubavo so fakti,dokazi,statistiki ja objasnuva ovaa psy operacija vo Makedonija od strana na sorosoidnite i komunjarski NVO poltroni so cel narodot totalno da se defokusira so trivijalni temi koi vo realnost ne postojat namesto narodot da se zanimava so krucijalni temi od koi zavisi nasiot opstanok kako drzava,narod,kultura i taka natamu.Bujrum otvorete online debata so deckovo i ubedete ne deka vo Makedonija ima zagaduvanje.

     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.117
    Допаѓања:
    16.427
    Пол:
    Женски
    Не знам дали си сериозен. Батали политика, патриоти и комуњари. Дали осеќаш што дишиш. Дали осеќаш смрдеа, гребење во грлото, главоболки? Од каде си?
    Јас имам среќа што сум оддалечена од централното градско подрачје и живеам на повисоко, од каде што секој ден гледам како темна линија надвиснува над Скопје, црн облак како огромна вселенска чинија над Скопје. Како успева некој да тврди дека не е загадено. Проблемот со Охис не е од сега, Охис и по неговото затворање продолжува да биде притаена опасност. Сега што се актуелизира прашањето и што сите се фатија за Охис е друга работа, Охис труел отсекогаш но изгледа ниедна власт до сега немала слух за тоа.
    Зар очекувате нешто од Владата да стори по повод загадувањето, виновникот кој прави штетни договори за уништување на радиоактивен отпад на наше тло?
    Гасификацијата им сметаше сега им сметаат и тие кои се греат на дрва.
    Скопје стана преполно и претесно е за сите. Градот не е ниту просторно подготвен да го издржи товарот со пренаселеност. Не остана празен простор за паркинг а не па за зелени површини. Секое семејство има по најмалку два автомобили. Фабрики без контрола. Луѓе неодговорни и подеднакви загадувачи на природата.

    Ова не може да се реши со еден протест. Можеби ако е масовен би бил еден поттик да се превземе нешто, но во некои понормални држави. Тука личниот профит е на прво место. Да ни ја легализираат марихуаната и другите опојни дроги, да се патосираме и да мислиме дека живееме во оаза, дека се е перфектно убаво и чисто, да им се поклонуваме на пратениците. Изгледа тоа им е целта.
     
    На tessie, Јаневски, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Lancier

    Lancier Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Pefektno seriozen.Ete postaviv video so Petar Kotevski od Dvizenjeto Bojkotiram.Samiot rece deka otvoren vo bilo koe vreme so brojki i naucni relevantni dokazi da debatira online so bilo koj.Nie nemame nikakva industrija za da bi bilo nekakvo zagaduvanje.Vozduhot e ist od koga sum roden.Celata ovaa psy operacija e narodot da mu se vsaduva strav,da go defokusiraat od negovite realni problemi kako rasprodavanje na imeto,istorijata,kulturata,ekonomijata,iseluvanjeto i taka natamu.Koj gi organizira ovie protesti protiv zagaduvanjeto?Dali znaes koi se so ime i prezime?Koja e nivnata biografija?Za kogo rabotat?Za kogo odrabotuvaat?Ke protestiraat protiv zagaduvanjeto (koe ne postoi i e na granici ko i vo sekoja zemja) a gi nemase nikade koga sekoj den se protestirase protiv promena na ime i razni antimakedonski platformi.Gi nema nikade koga vo drzavata se slucuvaat reketarstva,kriminali,tenderi no gi ima za trivijalni gluposti kade najlesno mozes da ja potpalis masata i da gi defokusiras od negovite realni problemi.

    Zosto ne se debatira Mila Carovska na primer i nejzinata izjava deka makedonsko cetiricleno semejstvo dovolni mu se 17000 denari mesecno da zivee?Znaci minister javno ti ja navreduva intelegencijata,te pravi pomalku od djubre i nikakva reakcija od istiot toj tolku zagrizen NVO sektor vo trulava drzava.

    Skopje stanuva pretesno no i London,Berlin,Mexico City,New York,Belgrad,Sofija stanuvaat se pogolemi i pogolemi no tie svoite problemi gi resavaat so odnapred planirannje i infrastruktura.Koj infrastrukturen proekt imas vo Skopje poslednite 3 godini?Toa sto ti go zboruvas ne e zagaduvanje tuku urbana mafija koja gradi zgradi na sekoj agol i lokalni opstinski i vladini mocnici koi zemaat pari i mito da menuvaat dupovi i markici.

    Tocno e deka ni treba povece zelenilo,parkovi,setalista,pomalku avtomobili da vozime,povece da pesacime no toa lesno se resava koga ima volja i znaenje i jasno planirana strategija.
     
    Последна измена: 11 ноември 2019
  9. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    12.106
    Пол:
    Женски
    Ама темава е за загадување, не за Мила, ојле дојле..
    Па баш на некој од Бојкотирам ќе му верувам.
    Ако гледаш дека имаме баби по 90 години, да животниот век е зголемен.
    Ама ако гледаш по нивните деца е намален.
    Баба ми го надживеа и брат ми и татко ми..
    Баба на мм има 88 и поздрава е и од мене.
    Прво зошто живеела во друго време, второ, сега на старост нормално не излага многу надвор, па не го дише овој незагаден воздух.
    Ако оваа црно жолта магла, не е загадување, не знам што е. Маглата не смрди и не чади.
    Отиди во некое повисоко село. Берово кај езерото, мавровски села како Јанче, Галичник.. поседи 1 недела и врати се во град, да видиш како плуќа ќе те заболат веднаш штом влезеш во градот.

    Абе зошто секогаш кога има некој проблем, посебно од вакви големи размери, мешате баби и жаби, ете имало и други проблеми, да има!!! Ама мора од некаде да се почне.
    Ама ако испоцркаме и се испоразболиме сите, кој ќе се бори???
    Ама верувајте вие на бојкотирам и шарени револуции, и чекајте некој друг да ви ги реши проблемите.

    Недела дена се гушам и кашлам, посебно ноќе кога загаденоста е најконцентрирана, од сон ме буди. Ама не бе... не е загадување. Кристално свеж воздух имаме.
    Само ние ли ги гледаме светските вести кои велат дека македонија е најзагадена. Први сме во нешто, супер.
    Не знам кога си роден, ама јас не памтам вакви маглишта.
    Памтам чист и свеж зимски воздух и безброј детски игри. Сега, надвор не се излага.
     
    На Purplelilac, oblace1, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    И јас сакам вака да си живеам во розов свет. :inlove: Па ако нешто ни се деси во розевиот свет, ќе ни кажат дека тоа е од многу квалитетен живот и конзумирање здрава храна. И ние секако дека ќе поверуваме.

    И тука ли бе протнавте теории на заговор?

    Охис и депониите со линдан се јавна тајна. Увезување радиоактивен отпад, исто јавна тајна. Дрисла не исполнува услови за горење отпад по европски стандарди.

    Дечкото од бојкотирам, поздрави го. Кажи му да ни увезе и чист воздух кога неговите ќе дојдат на власт. Или дај џитни од твојот воздух малку навака. Оти ова на очиглед сметаат дека им е адут да ги самарат сегашниве власти демек тие се криви. Сите се криви бе. Ама овие кога ќе дојдат, воздухот ќе се пролепша по автоматизам, оти нели дечките пукаат од убавини. Што убаво, факти и истражувања, еднакви на оние за антивакс. Блазе си им на стручноста.

    Али многу важно, опстанокот ни е загрозен од името и двојазичноста. Воздухот е чист, на рози мириса.
     
    На tessie, Purplelilac, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    26.940
    Пол:
    Женски
    Полтрону, така не тврдеше страна наназад.
    Труе твојата партиска задоеност, труе бетер од хемикалиите од Охис. Како успеваат да ве обработат и обезличат до оволку, секоја им чест. Начекале параноици, фанови на теории на заговор и пуни им тиквите со бесмислици, и тоа толку добро, да забораваат да користат сопствени сетила и сами да одредат што е вистина а што не.
     
    На galapce, theowndemon, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lancier

    Lancier Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Lesno e da obvinuvas nekoj deka e teoreticar na zagovor no koi se tvoite kontra argumenti?Toj decko od Bojkotiram gi kritikuva i pluka VMRO a ne samo vlasta.Vtoro vozduhot vo Makedonija e ist 30 godini a imame kontinuirano zgolemuvanje na zivotniot vek.Toj zboruva so brojki i fakti a ne so psy operacii,kreiranje panika.Zatoa sto site tie NVO organizacii rabotat so psiholoski metodi a ne naucni.Opstanokot sekako ne ni e zagrozen od zagaduvanjeto lol.
     
  13. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    4.581
    Една мандарина на ден против секакво загадување.
     
  14. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    Не е точно има и научни истражувања на универзитетите и институтите уште пред 10тина години и не се зголемува животниот век туку напротив се намалува. Од каде тоа инфо дека се зголемува животниот век? Мислиш дека зголемен век се 30 години кај младите и 60 години кај постарите? Доволно е и во Козле да видиш колку е полно и со деца и со возрасни. Нема потреба од теории на заговор. А нво сигурно нема да идат контра тие што ги плаќаат зборејќи дека е загаден воздухот, а и го гледаме воздухот иако воздухот не треба да се гледа тоа збори колку е загаден.
     
  15. Lancier

    Lancier Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Jas tvrdam i tvrdev deka vo Makedonija javnata higiena i javnata svest e na mnogu nisko nivo no frlanje djubre na ulica nema vrska so industrisko zagaduvanje.Toa se dve razlicni raboti.Makedonija nema teska industrija.Nikoj ne me obezlicil tuku naprotiv slusam 10 mislenja od razlicni strani i na kraj sudam.

    Ete i mnogu germanski gradovi se uslovno kazano zagadeni
    https://www.dw.com/en/stuttgart-germanys-beijing-for-air-pollution/a-18991064
     
  16. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    12.106
    Пол:
    Женски
    Јас имам 32 скоро... значи убаво памтам каков бил воздухов, ако ништо друго бар последниве 20 години.
    Секогаш се гледало водно, скопска црна гора..
    Сега пазаров не го гледам а само партизанска не дели...
    Никогаш не смрдело толку на обгорено.
    Посебно последнава година, дома по 100 пати проверуваме да не гори нешто оти смрди и преку затворени прозори.
    Порано сум седела и зима со отворен прозор за да влезе свеж воздух, сега влага само смрдеа и прашина.
    Порано мајките чистеле прашина 2 пати неделно. Сега чистам секој ден и пак после пола час има прашина.
    Мене ми е гајле кој што кажал, јас имам очи и гледам.
    И точно се осеќа каде е повеќе каде помалку загадено ако може така да се каже.
    Животниот век се зголемувал бе...
    Порано ретко слушале дека некој имал инфаркт на 30 години. Сега тоа е често.
     
    На Purplelilac, buba4e89, irrelevant и 3 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    13.645
    Пол:
    Женски
    За тој што сака нешто да промени, чекање не е решение. Досега требаше секој ден да има масовни протести против загадување.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lancier

    Lancier Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Skopje Vodno 1993



    Skopje Vodno 2017



    Skoro identicen vozduh so toj od pred 26 godini.So toa sto togas ogromen del od populacija nemale avtomobil a denes sekoe semejstvo ima avtomobil.I Skopje ima povece ziteli od 1993 povece stanbeni objekti i taka natamu.
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    18.710
    Пол:
    Женски
    Затворањето на фабрики не помогна.Иако требаат филтри на постоечките, бизнисмениве и политичариве се правдаат дека тоа многу чини.
    Сиромав народ нема пари за алтернативно греење.
    На богаташиве со џипишта им пречат електричните тротинети.
    Ова во Охис можеше да се спречи,но никој не го боли уво.
    Мал протест не помага.
    Требаат повеќе луѓе,но се плашат.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    18.989
    Допаѓања:
    94.152
    Сериозни се овие со изјавата дека не бил воздухот загаден од ОХИС?!
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.