1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Истекување на вода со опасна материја во ОХИС

Дискусија во 'Политика и настани' започната од TeddyGrey, 8 ноември 2019.

  1. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Ne e druga tema.Bas naprotiv.Mestoto Rasadnik kade planiraat 100 zgradi e idealno mesto da se napravi eden ogromen park koj ke bide bel drob na Skopje.
     
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Од вакви господа како тебе @Lancier сме на ова дереџе стасани. Затоа што политиката ви е во секоја клетка на телото и затоа што се што правите ви е низ призмата од ВМРО и СДСМ.

    Како што можеш да приметиш и на фејсбук и тука сите сме со еден ист став - дека мора протест за да почне да се слуша и нашиот глас, дека не сме должни заради нечии профити да сме крстоносница на отровен и токсичен материјал, на експериментални вежби и на што ли год не.

    Ич не ми е гајле тој што ќе застане до мене на протестот дали гласал за едните или за другите. Сакам само да има масивност, да се чуе глас дека нема веќе место за вакви хаварии, дека наместо да си ги ладат, да седнат и да елиминираат застарени, слаби точки во секој сектор и да почнат да ги вложуваат парите што ги крадат во нешто и од кое ние ќе имаме полза.

    И стварно се надевам дека ЕДНАШ и ние ќе успееме да издејствуваме да се направи нешто без политичка обоеност и дека ЕДНАШ ќе успееме да издејствуваме за подобра животна средина за сите кои моментално се наоѓаме тука. Жива ќе се изедам ако ова прерасне во меѓусебно мерење курови на ВМРО и СДСМ.

    Опрајте се.
     
    На tessie, Annath, lovestoneddd и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Излези бе друже на протестов и кажи го тоа. Има и НВО што сакаат да слушнат решенија, не се сите сорос. Место да ни кажуваш со што не замајуваат и манипулираат и да споменуваш партии кажи решение на проблемот. Еден човек не може да смени ништо, пола народ може. Во светот се бунат и за мало покачување на билетите во јавниот превоз ако не се лажам, а кај нас само партиски препукавања. Наместо да се бара вината во која партија, а во двете е сигурно едните толку време што не превземале ништо и што го довеле до овој степен и овие сега што не превземаат драстични мерки, да се најде решение. Да не се лажеме проблемот не е од сега. А да не убедуваш дека воздухот не е загаден, а воздухот го ГЛЕДАМЕ СО СВОИ ОЧИ, кој не треба да се гледа ниту вкус да има е апсурд.
     
    На lovestoneddd, Amellie13, Цвет88 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.546
    Пол:
    Женски
    Сепак има посоодветни теми за тоа.
    Овде битно е загадувањето настанато од повеќе извори,а капак на сето ова е она што се случи во Охис.
    Новинарите кажаа дека постои опасност и од други материи.
    Воздухот ни е загаден и така,а плус ова сега додава тежина или големина на проблемот.
    Во ваква ситуација џабе е да се расфрламе со партиските бои.
    И едните и другите се прават глуви за проблемот.Тоа треба да се реши.
    Народот треба да реагира.
     
    На KateKane и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ма ова уште 2014 година или 2012 се збореше дека се е контаминирано од Охис. Ми текнува во 2014 се затекнав баш во Аеродром, јас не можев да се снајдам кај се наоѓам од толку магла што имаше и што беше загадено, во роден град јас се изгубив. Зградите се градат уште одамна се загуши Скопјево. Али конкретно за Охис е темава и мора да почне да се превзема нешто, зошто е алармантно веќе. И не ме интересира која партија ќе го решава проблемот, само нека го реши, ок нека почне од некаде.
     
    На KateKane и nextredstyle им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    https://bregalnicki.mk/krum-nikolov...-na-firma-metil-akrilat-ne-se-chisti-so-voda/

    Не знам повторно, зошто го обвинуваат човекот, кога треба да се обвини тој што ја правел спецификацијата за тендерот.
    Проблемот лежи во гопо'нот што е во министерството, таму колку има стручен тим за да одговори со специјалноста, за да препознае стручност, да предвиди последици и да може да контролира процес, а не тој што добива тендер.
    И јас може мислам дека можам, можам да изготвам и елаборат и да ги исполнам мачкината кашлица од услови кои ги бараат од мене, а при тоа да не сум свесна за последиците.
    Такви сме, се палиме на симптоми, а не лечиме причинител.
    На прашањето кој поставено сто пати, се доаѓа до виновникот кој е многу, многу поназад и одамна заборавен во ланецот. Тој што го расчеречувал и што не направил добра проценка. Кога се ставила Охис под стечај, не требало да се бара само стечаен управител кој ќе дели колач и ќе трие раце. Мислам дека точката на одговорност е таму некаде, а не сега кога веќе со години сме затруени, кога веќе е се готово. Како да контролираш нешто кое што веќе контаминирало се и малку треба да направи бум?
    Од што бараме инстант решенија ко сега, е затоа сме тука. Ај ќе се збереме ќе и се извиниме на наставничката и да го одложи испрашувањето - ете на тоа ми личи и сега со протестиве. Ај ќе се збреме да протестираме... Прво, запрашајте се тие малку НВО за заштита на животна средина што пари излапаа и со прст не мрднаа, све останато е смешно...
    И кој и да бил, и најголемиот еко ентузијаст се подаде за пари. Ете тоа е.

    Остајте ја фирмата што сега изведува, барајте го виновното копиле во минатото, а за сега виновен е тој што пишувал тендерски документации и тоа што во министерствата работат нестручни луѓе. Се кладам дека ја има пишувано некој со економски и правен, уз помоќ гигл, маѓије и трикова. Ни го подметнуваат газдава ко жртвено јагне, додека Макрадули полни гаќи и верувам дека со колегата министер денес прв пат се видоа на прес. Верувам дека човекон одел по инерција трбухом за крухом, наивно, со желба за заработка - толку.
    Во министерство за образование една година се порачаа еден куп клупи кои некаде сега гнијат. Критериум - најниска цена. Стигаат клупите - со шпици. Зошто? Во спецификацијата не пишувало да бидат со фина завршна обработка - молим лепо. Само тогаш никого не обесија, се заташка. Е така е за се! Не е крив извршителот, криво е министерството!
    За Охис да се среди комплетно, требаат премногу пари и фирма од надвор, од земја која има атомски централи каде има и фирми кои се бават со вакви работи. ТУКА е нон сенс да бараме фирма, НЕМА таква, и да работи 10 години, НЕМА со ваков случај, со солидно изработени протоколи.

    Не ловете вештерки.
     
    Последна измена: 11 ноември 2019
    На Kitten, Lianna Anna, g8lQQk и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Во право си, но зарем не мислиш дека веќе е многу доцна да се троши време и да се бара виновник. Подобро да се искористи времето за да се најде решение. Колку што знам неколку научници и професори од пмф имаат дадено неколку решенија, сега не ми текнува одамна беше но во стилот да се тргне населението од таму, да се засадат дрва кои не знам што филтрирале таму имало некои посебни, потоа да се провери што попуштило од депониите, колкави се штетите. А верувам дека имаат и апаратура, а ако немаат можат да набават преку тендери или НВО за да проверат колкава штета е направена, затоа што нели прво треба да се познаваат размерите на штетаата за да може да почне да се санира.
     
    Последна измена: 11 ноември 2019
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Тоа се паушални решенија.
    Можам јас дома, буништето така да си го решам, но такви решенија за хемиска фабрика се повеќе од смешни. Дрва засадени да го решат проблемот? Знаеш ли хемиска контаминација колку е ссриозен пркблем? Не сум хемичар, но од она кое што сме го учеле ооодамна, барем основите треба повеќе од јасно како се неутрализира, имаше нешто измеѓу бази и киселини, барем основното за да ни фаќа логиката да не не заебаваат кога се случуваат вакви ствари, ако не за повеќе.
    Проценката и планот требало да се направат кога се стиснало црвеното копче за да запре фабриката.
    Тука лежи зајакот и целата вина. Сега све ова е... малте не глупо да се дерат живи луѓе, кои се затекле во ситуацијата.
    Човеков од фирмава треба да си најми пр тим и протестирачиве да го викнат на нивна страна. Доста "убиваме" погрешни луѓе, да се губиме во човечноста, да бидеме крвни и гневни на погрешна адреса. Може ли еднаш вината да ја преземат пролитичарите? Може ли еднаш да си признаат дека се на позиции за кои не се стручни, дека имаат нестручни тимови, дека немаат стратегиски сериозни планови?
    У оваа држава е све вака зошто СЕ СЕ КАЗНУВА КОГА Е ДОЦНА, А НЕ СЕ КОРЕГИРА/КОНТРОЛИРА ЗА ДА СЕ ПРЕВЕНИРА! Ниедна штета не се надоместува со парични казни, не го враќа тоа здравјето, а парите знаеме дека одат за други намени. Кога ќе почнеме да дејствуваме како луѓе, човечки, а не примитивно со палење на клада и покажување со прсти, работите ќе се движат природно, инстинктивно, а плевелот природно ќе биде отфрлен од општеството. Нема да може да се вклопи, да функционира, ама за тоа треба да се покаже емоција, а не суета, тек тогаш доаѓаат решенијата.
     
    Последна измена: 11 ноември 2019
    На Cherry333, g8lQQk и oblace1 им се допаѓа ова.
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Абе тоа да за вината е точно, но што ако се најде после толку години? Доволна му е и на нему казната што тој и неговото семејство треба да го дишат овој воздух. Инаку знам за контаминацијата колку е сериозен проблем, но не и дека не може да се најдат решенија кога за поглеми проблеми се имаат најдени некои решенија. Зборам за мермер или што имаше под депониите (кои се мн длабоко во земјата) во Охис, за кои верувам дека со земјотресите поплавите, а и покрај толку години дека имаат попукано и дека тоа е отидено во почвата и во водата, а со испарување и тн што имаме учено биологија да има отидено во воздухот. А исто така колку и да е нешто загадено зеленилото впива, можеби нема се, но имаат различни дрва тие што се бават со тоа го знаат едно време и кај нас викаа дека ќе засадат. Може да се провери и водатаа бунарите и слично се што има во близина, не сум навистина мн стручна во тоа поле ова што имам гледано истражувања он неколку институти но тоа беше одамна. Јасно ни е на сите дека не може одма да се реши проблемот но може да се почне од некаде.


    ЕДИТ: да биде појасно за што зборам
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    Последна измена: 11 ноември 2019
  10. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Ако некое подрачје е зафатено со радијација, и треба да поминат стотитци години, па дури и илјада години за повторно да биде функционално, тогаш и за ова истово важи нормално во помал временски распон.
    Тоа со дрвата е слатко решение, но овде имаме еден голем, голем проблем што тлеел со години, и без надзор, како и соодветен третман. Проблем, што поради притисокот на јавноста може да ескалира, и да се транспортира несоодветно и со последици, поради нестручност.
    Фалат експерти, фалат умови. Ова е комплетен циркус.
     
    На lovestoneddd, nextredstyle и KateKane им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Каква убавина. :inlove: Розовите наочари ги симнуваш некогаш?

    Добра маска со две лица, си спрема дечкото карта за во иднина. Точно. Со тешки психолошки методи.

    Ти кажав дека фактите и бројките се релевантни колку оние за антивакс. Значи ич.

    И кој рече дека опстанокот ни е загрозен од загадувањето? Ти велам, на рози мириса, од небо ни паѓаат. Ние пак загрижени за воздухот, тоа магливе од вода од каранфилче да ти биле. Сорос ја увезе. :worried:

    Аргументи сакаш? Прошетај се до Охис, ќе најдеш минимум две депонии со линдан. Во непосредна близина на Охис, ќе најдеш диви депонии со линдан. Тркни и до Дрисла и види каква печка за горење отпад имаат. Па објасни тука на форум.

    После, дојди и продавај демагогии дека се е во ред. Ама ти ич не се секирај. Оти нели, линданот е супер и нема штетни агенси од него. Особено не навлезени во почвата.

    И линданот не е канцерогена супстанца. А изложеност на него преку воздух или контаминирана исхрана не предизвикува разни заболувања на кардиоваскуларниот и нервниот систем. Ами нирвана. :inlove: :sun:

    Ама не е страшно, оти нели не го гледаме. Закопан е у земја, во корозирани буриња, а и "на отворено" фрлан со лопата.

    А ова загадувањево, го измисли Грција. Како не им е срам, да се плашиме ние за џабе и протести да организираме за контаминиран воздух, уместо за правиот проблем-името. |(
     
    На Purplelilac, lovestoneddd, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Janko Jadi Burek

    Охис и 17.000 разбојници

    Поминаа три дена откако се селучи инцидентот not good, not terrible во кругот на фабриката ОХИС. Со одлучна интервенција на Царовска, со 17.000 се е покриено.

    Денес е вторник и случката е далечно минато. Можеше и да потрае некој ден подолго, јас со мојата наивност за долгортајните загрижености кај плебсот, но ете, 17 иљадарки ја покрија целата животозагрозувачка состојба во која се најдовте. Протести? Ма дај ве молам. Па, за оваа власт кој ќе протестира? Зошто би протестирал? Јас не сретнувам незадоволни и несреќни луѓе. Луѓето го читаат Саше Политико кој има повеќе реклами одошто десет провладини медиуми заедно, нејсе.

    Мислам дека незадоволството на рајата беше поголемо од она што беше кажано од министерката одошто ОХИС да подавеше пола град. Другата половина ќе беше со она – добро е, јас куртулив, а и градов малку ќе биде пораат, помалку жители, помалку гужва во сообраќај сабајле кога идам на работа или за викенд кога итам во трговските центри. …Хммм Сакате подобра аналогија? Ова е како на погреб, кога се спушта сандакот неколкумина искрено и со болка жалат, остатоткот е со помисла – добро е – не сум јас.

    Што сакала да каже Царовска, дали цитирала, анализирала, дали не бил нејзин став, воопшто не е важно, нека му ја мисли, како човек на таа позиција, и тоа како треба да изнесеш емпатиски став дека 17.000 е ужасно малку и така уште ќе пожнееш симпатии, вака сега, како некогаш во стилот на „Курир“, шарените борци за слобода заокружуваат со црвено кој бил достоен – кој не, да застане со социјалците на протест. Не си професор по математика, па шкрабаш алгоритми на табла.

    Се сеќавате за торбата Луј Витон со два миљона, па таква фрка не се дигнала последниве три години, откако народ виде куп пари. Паметите наочарите на Груевски? Оние, скупите – знаете ли дека таа фотографија беше најголемиот пад во рејтингот му скупоцен негов?

    Знаете ли дека протестот за правата на животните беше поголем одошто протестот против уставната измена на името?

    Секогаш кога намерно вака провоцирам и преувеличувам, ми се јавуваат гледачите и ми велат – народот е уплашен, народот е во апатија, не верува дека нешто може да смени…

    А, во грло ми стои да отворам тема за протестите во Чиле каде цел народ се крена на нозе во силни протести поротив поскапувањето на градскиот превоз. Секако, не сакам и тука како и таму да им 18 жртви, но едно – народот таму се бори. Овде не?

    Изгледа дека сме биле некаква аристократија во минатото и не сме научени многу да се бориме, потиме, стално чекаме некој друг да ни ја заврши работата.

    Се’ би било добро кога барем на избори би излегувале ултра – масовно и никогаш да не дозволиме паразити кои со децении ни се упикуваат во парламентот повторно да ги бираме, арно ама, народот на избори гледа како на избор на нова комисија во завод за вработување, а не како идеолошка или економска, долготрајна стратегија и за подобро утре на нашите деца.

    Кармакаша – попара од неврзани ставови во една колумна без поента, ама после 20 години дволичноста кај „народот – партиски послушници“ станува навистина неподносливо како смрдеа од Охис или како 17.000 месечно за 4 члено семејство.

    Сакам да видам во парлементот луѓе кои никогаш не сум ги видел, кои до вчера биле само на Фејсбук, Твитер, кои никогаш не биле на ТВ, напишале колумна, не биле у дебатни дрн дрн… анонимуси. Сакам во парламентот и да видам „старлети“ како во италијнскиот кога беше Чичолина, оти велам, една проститутка може да има повеќе принцип и доблест одошто бескичмењациве кои се претворија во линдан.

    Седите си раат, да сте убедени, оваа земја е жив доказ дека БОГ постои, вака некадарни и неспособни, а сепак опстоивме и постоиме… што треба повеќе?

    (во пишувањето на колумнава е употребен уред за амплификација на цинизмот Циник 9000)

    Автор: Јанко Илковски за НетПрес
     
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Ова е спротивно на тоа ти што го збориш.
    Не знам шо би сакал да кажеш.
    Дека и он вика нема загаденост? Измеша малце.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.546
    Пол:
    Женски
    Поранешни вработени во Охис тврдат дека се разболеле поради тамошната работа.
    Местото и од сегашните е наречено мал Чернобил.
    Многу убаво...
     
  15. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ма Јанко има криза со идентитет ни сам не знае што збори едни тапша па други. Ми умираат мозочни клетки од него. На исто рамниште со Амди ми е. Башка врска нема постот со Охис, освен два пати шо е спомнато името.
     
    На Цвет88 и g8lQQk им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.546
    Пол:
    Женски
    @Lancier Ова ти е за во Актуелни политички настани.
    Не се осврнува многу на Охис.
    Ги заболе Јанко,Миленко и Саше Политико за хемикалиите... :rofl::rofl:
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ме вадат од такт оние министри за животна средина кои се прават "Енглези".
    Па до толку ли дојде да мора вакви фикуси, во вакво важно министерство да се толерираат.
    Ајде нека донесат некој Британец, па барем да знаеме дека е саглам "Енглез".

    Кој знае што сѐ има во дворовите на бившите фабрики во индустриската зона на Скопје ?
    Не е само Охис кој има хемикалии во сопствениот простор. Поим немаме за ништо !
     
  18. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    И ова нека им се истури и ебавме ежот.
     
    На lovestoneddd, dayla, Cka и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    „Винил хлоридот мора да се држи на температура под 20 степени Целзиусови бидејќи е високо запалив.“.

    Скопје, лето 2019 - 50 степени. (facepalm)
    Уживајте, нема гајле. Се' е под контрола. :tmi:
     
    На WildMk, "Zoki" и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/тивкиот-убиец-од-охис/29929010.html

    Битен момент : „Оваа есен треба да почне чистењето на помалата од двете депонии со линдан на фабриката ОХИС, според плановите на надлежните, процес за кој државата најверојатно ќе ангажира странска компанија поради недостаток на искуство и технологија на домашните фирми.“

    Кој е сигурен дека ова сега не беше линданот? Кријат? Кога сите од Охис натаму за некој месец ќе почнат да боледуваат од рак, некој со грижа на совест ќе каже...
    Бидејќи е ангажирана странска фирма...
    оваа есен...
    за чистење линдан....
     
    На Purplelilac, dayla и nextredstyle им се допаѓа ова.