Јас не се согласувам со членот @Lancier дека загадувањето не постои и дека како тема претставува само дефлекција од поважни (?!) проблеми, но околу една работа е на вистинската трага - не е дозволено да произлезе вистински отпор, кој не е контролиран. Затоа луѓето на протест излегуваат тогаш кога ќе им закажат, а не тогаш кога треба.
Можеби сум изманипулирана од медиуми и претерано реагирам ама посилно е од мене. Темава треба да биде постојано во хедлајн, да се преименува некако во Општата опасност на Охис и да трепка црвено!!! Не го постирам ова за лајк, за свесност го постирам и за акција. Каква акција не знам, ама мора да се направи притисок. Покрај Линданот и жива имало. https://www.slobodenpecat.mk/vo-ohis-ima-zhiva-shto-mozhe-da-ja-umrtvi-czela-evropa/ Според документ до кој дојде „Слободен печат“, за време на производството во фабриката во околината биле ослободени вкупно 400 тони жива, поради што денес е контаминирана пошироката област од 6.200 квадратни метри. ... Имаше планови живата да се чисти од „ОХИС“ во рамките на расчистувањето на малата и големата депонијата со линданот, но самото чистење бара многу пари. Имаше слични случаи во европските земји каде што за чистењето на живата и ремедијацијата на теренот беа потрошени огромни суми – вели професорот по хемија Стафилов. Од Министерството за животна средина до затворањето на овој број од весникот, не стаса одговор кои се плановите на државата за чистење на живата и дали е можно кога ќе се чисти линданот, да се најдат пари да се исчисти и живата и „ОХИС“ конечно да биде ослободен од отрови. . Пари мора да се најдат а проблемот мора да се реши оти сам по себе нема да исчезне. Огромни суми се крадат секој ден, за ова пари и реакција нема. Ете, цела топ администрација вклучително пратеници, министри, параминистри, еден месец без плата нека работат (имаат заштеда, не живеат од први до први) како предлог. Не може покрај мини Чернобил да се живее и да се чудиме после одкаде вакви и онакви болести и здравствени состојби За илустрација 6000 метри е инаку 6км или отприлика колку од Центар до Ѓорче. СИТЕ НА ПРОТЕСТ! @WildMk организацијата ти ја препуштам тебе.
Протестите се задушуваат кога не им одговараат на властите . Пред некој ден беше задушен протест во Тетово , кој колку што знам , беше организиран од Албанци и Македонци заедно ( не верувам дека бил задушен на верска основа , затоа кажувам ова ) . За жал , народот е немоќен против властите . Само ако некој од властите има совест , можеби ќе се решат некои прашања и проблеми во државава .
Кој може да задуши човек кој има своја свест и критичко размислување, посебно народ. Мене не може никој да ме уцени. Може да уценат некој што си го продал задникот на некој за 20 000 плата и на кои не им е битно да се здрави него мислат дека таа плата без разлика кој е на власт ќе му ги решат здравствените проблеми. Ама ако малку е толку време под турско. Историјата се повторува 28 години. Кога ќе сфати народот дека тој е носител на тоа што се случува во земјава и дека у фотеља седнуваат тие што НИЕ ќе ги ставиме нема да можат никого да уценуваат. Само што кај нас уште од градинките се учат децата дека треба да наведнат глава и да молчат и да веруваат во се што им се пласира. Како во случајов дека воопшто не е критична состојбава на воздухот во земјава и дека тоа е од автомобилите. Мислиш пред 20 и кусур години коливе на електрична енергија беа или бусовине хармоники. Неначитан и неинформиран народ и за уши и за нос и за нозе ќе се влече. И уште малку ќе не убедат дека место птици летаат еднорози и ќе веруваат 80% од народов.
Протестот беше организиран од невладина организација " Трансформатори " и " Еко Герила " . За мене и првите и вторите се анонимуси , но протестот беше баш за загадениот воздух . Пм10 пред некој ден во Тетово беа 10 пати ( ако не и повеќе ) над дозволеното . Вистина е дека се реконструира булеварот каде е поставена мерната станица на пм10 каде автомобили нормално се движат ( иако треба да е затворен за сообраќај ) , сепак низ вел град имаше магла . Не верувам дека може да има магла низ цел град од една улица . Инаку , како што прочитав коментари , наводно биле пратени луѓе од општината , кои ги симнале сликите и макетата направена од отпадоци ( пластични шишиња , најлони и сл . ) . Колку е точно за луѓето пратени од општина , не знам бидејќи не присувствував , а дека бил задушен протестот , бил . А тие не верувам дека си го продале задникот , бидејќи по порталите стоеше дека се невладини . Е сега , ако им се заканувале со затвори и притвори ... И да , системот не д*пи од старт . Можеби треба да се смени системот на образование , за да нема генерации кои веднат глава и прифаќаат се што им е пласирано .
Онака ги слушав фчерашни и песните, се потсетив на ова, и кога гледам ништо не е сменато, се е исто, да не знаеш дали да се смееш или да плачеш или да бегаш...
Не бе нема загадување. Воздухот ни го опрашиле со халуциногени да не дефокусираат од вистинските проблеми, поважни од еден обичен тривијален кислород. За воздух е темава, воздух. И тука ако има место за партиски препукувања шо да речам
Што не постираше во 2014 кога прст пред око не се гледаше во Аеродром и во Ѓорче? Него сите коа се у опозиција го користат воздухот ко адут, а никој не превзема нешто. Ти пак со кампањиве. Темава е за Охис.
ЕКО ЦЕНТАР 97 доби дозвола да го чисти отпадот од ОХИС уште 4 месеци. Ако беа внимателни,немаше да има истекување.Ама и покрај тоа пак им е дозволено да чистат...
Абе сите се поврзани и никој за ништо не сносува одговорност. Уствари само "молците" шо се мотаат околу за ситна пара и ќе гу стрпаат у затвор за да се исперат. А ние ќе се труеме секој ден тука...
Два пати пријавувам еден што истура киселина од боење метали во канализација и смрди на киселина по купатила и во маало. Батето тера бизнис. Никој не му оди. Џабе пријавувате...
https://sitel.com.mk/nov-ekoloshki-incident-solna-kiselina-istekla-od-cisterna Овоа е веќе срамота, греота и безобразие. Како може мирно да спијат после ова. Сите да се труеме ради овие неписмени. Немам зборови, ова е големо разочарување. До тука ли стигнавме, да се труеме и само да си го прифатиме како да не е ништо?