Аууууу .... Зошто не побарал пари бре. Како можеше да го убие девојчето. Ќе оди и таа рекол. Прости ми господе што за време на пост посакувам да ги снајде се најлошо на светот.
Фано и јас не верувам ништо па пак најголемите клетви ги пишав во темава. Нема доволно земска казна за на овој свет. Што и да направат, што и да се случи, не е доволно. Цел ден се тресам не можам да работам од што се вознемирив.
Личноста не даде никаква реакција, се погоди надвор да нема никој. Ја ставивме во гепек и продолживме со ‘цитроенот’. Палевски беше пред нас… Палевски рече дека се кренала галама на мрежите за детето. Извади лопата и ашов и ни рече да ископаме дупка. Ја ставивме во вреќата, јас и ги врзав нозете со селотејп преку вреќата. Стегите не ги силнав силно. И се заканивме да не вика, не викај, да не те удираме џабе, ќе те пуштиме по некое време. Таа кимна со главата. Надвор имаше двајца комуналци, немаше никој друг. Се симнав по скалите, ја наместив убаво во гепекот за да не се повреди. Сега имало или немало никој надвор ???? Ако имало двајца комуналци , зарем нема еден да се посомнева за вреќата што ја изнесуваат од зграда ? Целта беше да ја земеме особата и Палчо да бара пари од мајката на личноста. Јас како поединец требаше да земам околу 20.000 евра. Износот требаше да се дели на 5 еднакви дела. Не знам колкав износ мислеше Палевски да бара, јас му верував, како и останатите од групата. Ние бевме свесни какви последици може да остави нашето однесување. Значи целта биле ПАРИ и со последната реченица сам кажува дека биле свесни за последиците. Не знам зошто Палевски реши така да направи. Во еден момент рече и дека ќе ја убие и пак ќе бара пари за неа. Девојчето ниту еднаш не застана на своите нозе, лежеше цело време. Не беше свесна што ќе ѝ се случи. Сирото девојче. Жално, прежално
И овој каратистот, со очи да видиш дека дете може да убијат и да стоиш ко мисир да чекаш, место да го решиш за 1минута. Па се каеле. Ќе се онесвестеле кога дошла полиција. Ми се лоши.
Тој почна да планира кого да киднапира, како, што. Еден ден ми покажа слика на женска особа, многу личеше на Вања. Си реков добро, возрасен човек е, ќе ја грабнеме, ќе ја пуштиме. ДОБРО?!? ДОБРО си рече?!?
Две солзи ми капнаа Ја исполажале еј, им верувала и мирна била. Не знаела шо ќе и се деси. Абе да умрат сите до еден во најтешки маки. За вода да умираат им посакувам. Добро де да, лабаво Шо мене не ми текне Фана еве возрасна е , ќе ја киднапирам ќе земеме некоја паричка Добро бе!!!!
Точно ли е дека од страна на Палевски сте биле известени дека личноста излегува од дома во 7.20? – праша обвинителката. – Да. Претходно повеќе денови, 10-ина дена ја следел редовно кога излегува и каде се движи – рече Манев. Боооо, кој психопат, го следел девојчето 10 дена. Таа лежеше на грб, со врзани раце и нозе. Јас сакав да ја вратиме дома, а тој ми рече, решен е проблемот. Кога почнаа да ја закопуваат, Палевски ми рече, ајде бе педер дојди да закопаме побрзо. Ц ц ц ц ц
Туку сега ми текна... Овие може стварно по грешка ја киднапирале Вања. Ако тој претходно цело време ја следел Палчо знаел дека девојчето не оди сама на училиште. Можеби таткото кажал за понеделникот дека ќе оди сама, ама тие и претходно имале обиди за киднапирање кои биле неуспешни, а тогаш (во деновите кога обидите биле неуспешни) девојчето секако не одело само на училиште.
Леле и јас исто помислив. А бе не им е ова прв пат на овие. Кој знае колку имаат кидапирано, заплашувано и пари цедено. Преку ноќ не стануваш способен за да киднапираш човек. Без разлика дете, возрасен.. овие се сите за на плоштад и полека да се сецкаат, да се фрла на нив солна во наголеми маки да умираат, а фамилиите да им гледаар. Ќерките и жената на овој Манев да гледаат.
ако планирале да ја киднапираат Зорица не ми е јасно од кого мислеле да бараат пари? Мајка и? Татко и ? па тие не се живи. и да зошто не го спомна телефонскиот повик од неколку секунди што го имал Палчо пред да ја убие откако ја прашал која е и кои и се родители. Значи сепак не кажува се. Не е баш точно како што вели. Сепак нарачателот никој несака да го открие..
Ова го изјавил на 6ти декември 2023, не денес. Двете негови изјави од 2023 можеби и не се баш најрелевантни, пошто според него, тогаш јадел ќотек за да каже дека и Ѓорчевски е соучесник. Ништо чудно полицајците да си имале развиено теорија дека и таткото е вмешан (можда се потпирале на 6тото сетило или пак ги нервирал дека им се плеткал во истрагата) и на секој начин да пробувале да го вметнат во приказната. Моето 6то сетило вика дека не би си ја киднапирал ќерката и се надевам не грешам. Евентуално да се договарал да ја киднапираат жена му (бившата) и овие навистина да грабнале погрешен човек, ама и таа теорија има многу дупки, како прво, кој би им дал по €150000 за нејзе? Амебиве се смотани од Палчо, тоа е факт, има и шанси да е нарачана ликвидацијата, а парите да се изговор. Дете ретко кој ќе убие за пари, поготово не саат време од кога ја киднапирале. Ги фатило паника поради галмата што се крена, точно, ама не ги ни видела, можеле да ја остават врзана на сред поле и да избегаат. Мислам дека причините се многу подлабоки и лични. Некој имаше спомнато за еден бивш директор на царина, нешто бил заебан од на Вања дедо и порано? Па заради тоа бил 20 години во прогон, не можел да се врати овде пошто во затвор ќе лежел, дури не можел и на погреб на син му да оди? Како се викаше човекот?
Да да, тој беше, фала. Грешка ми останало во сеќавање значи, мислев имаше нешто поврзано со на Вања дедо и.
мислев дека двајцата се починати, како да прочитав некаде. Инаку и во врска со каратистот, изјавите не му се поклопуваат. Сега изјавил дека им требало човек за работава па се сетил на него. Што би значело дека тој воопшто не се плеткал претходно во партијата, а претходно зборува како и он е член на пратијата. Не ми се верува дека некој се сложува да киднапира некого за кој не знае воопшто ништо.