Па петокот веројатно заради тоа не ја киднапирале и се вратиле во понеделник. Тоа им бил трет обид. Чекале и ја начекале.
Не не. Други биле причините кажа свињата дебела на претходното рпчиште. Едната причина била што илзегла некоја жена од дуќаните тука во зградата (нешто ми се врти дека фризерка ли немам појма не ме држи за збор) а другата е дека задоцниле и палчо наредил да се вратат.
Боже, па ама биле упорни, се "мажишта" со денови чекале дете за да го убијат. Него дали се расветли со кој се слушнал Палчо во телефонскиот повик што го направил од 13 секунди мислам беше кон Турција пред да ја убие?
Многу чуден случај.. Како знаел дека девојчето ќе биде само?? Значи веќе ја чекале долу со вреќите и веќе колата на Панче била надвор, подготвени за да ја киднапираат, или планирале и двете девојчиња да ги земат
Мислиш на тоа што негира дека е поврзан со киднапирањата на Панче и Вања? За жал, можно е да имаат докази дека под присила ги давале изјавите и на тоа да се вадат за да си ја намалат казната. Кој знае дали имаат доволно докази од обвинителството. Овие еден по еден сите даваат ралични изјави, како да им е договорено, на крај оној Кешишев бог знае што ќе изјави.
Сигурно е во договор меѓу сите нив да дадат различни изјави. Ова им е тактика, зошто докази нема многу, ни оружјето не е најдено, ниту се гледаат јасно на снимките, само нивна Днк на лентата. Сигурно оној третиот ќе каже нешто трето. Овие биле поболни отколку што мислев.
Ќе направиш некое кривично дело или злостор во случајов и при докази, обвинет, нема да признаваш вина и ќе бегаш од одговорност, е таков тип на човек ми е нешто најмизерно, најдолно, немам збор како да ви опишам. Најбедна и најситна душа, ко една прашинка. Биди бре маж ко што си бил ко си го правел нештото, што бегаш сега од одговорност?!
https://plusinfo.mk/bore-se-se-ava-...-veli-deka-nikogash-nemal-zakani-od-palevski/ Ко синкир ова се хулахопки се па маж ми ги преместил и не се сеќава каде ги ставил. Страшно.
И јас така Фано коа ќе го изнесам пиштолот од дома не ми текнува каде го носам. Што е тука чудно? Кој го советувал вака да се изјасни, дека има огнено оружје кое го извадил од дома и не знае каде го однесол и дека од помодарство го купил одма да се самораспушти. Прв ќе го јаде овој, оној Велибор може ќе куртули дека кажа јавно и ни даде некаков вид на closure на јавноста, може ќе го поштедат. Овој, Палчо, па и Кешишев зависи како ќе се изјасни ќе го јадат и те како во затвор.
1. – Ги видовте снимките. Зошто клекнувавте со Кешишев зад колата пред дворот на Велибор кога поминува едно возило? – праша судијата. – Не сум се криел од нешто или некого. Немам поим зошто сум клекнал, можеби ми пречело нешто на главата, па сум се поднаведнал – рече Боре. 2. – Изнесовте пиштол и не се сеќавате каде е? – праша судијата. – Не можам да се сетам ни кога е изнесен и каде е ставен. Тоа е направено многу поодамна од тие две години кои ги спомнав. Не сум љубител на оружје, купен е, да не речам од помодарство, пред повеќе од 30 години, бидејќи имаше прилика да се набави дозвола за тоа – рече Боре. – Се сеќавате дека сте го изнеле пиштолот од дома, ама не се сеќавате каде? Зошто го изнесовте пиштолот од дома? – праша судијата. – Не можам да наведам посебна причина – рече Боре и додаде дека дома го чувал на разни места. 3. – Не ви беше невообичаено Велибор да ве бара навечер и да ви даде ракавици, да се прошетате и да се вратите? – праша судијата. – Не знам колку било доцна, но не ми се верува дека било многу доцна. А за тоа зошто ме повикал, знаеше и друг пат да ми каже, имам работа, ако сакаш дојди – рече Боре. – Овој пат за каква работа ве викна? – праша судијата. – Не знам, да видиме нешто – рече Боре. – Видовте ли нешто? – праша судијата. – Не видовме ништо. Бевме по патот и се вративме, оти јас реков да се вратиме – рече Боре. Не знам, немам поим, не се сеќавам... РАБОТАВА - ЈА НИСАМ ОДАВДЕ
Понекогаш се прашувам дали навистина баш мора да има судење, џабе ресурси на дебиливе трошиме. Ако веќе лажат, бар нека не ни вреѓаат интелигенција, невин старец и дете утепаа, циркузи ќе им гледаме.
Баш! Шо вика колешкава ајт на стрелање и да завршиме. Да сум судија и јавен обвинител и да си дозволам вакви ку*отресини да ме шетаат по тавани, со изјави од типот не знам, не се сеќавам, можеби, мислам .... ќе се фрлам од највисокиот спрат на ОЈО жими очи.