Нели на почеток рекоа дека следеле повозрасна личност, ќерка на некој си таму од фармацевтската индустрија ли беше. Во таа верзија беше наведено дека Вања е по грешка земена. Фактички никогаш не ја следеле Вања.
Не може да е по грешка киднапирана Вања. Сигурно знаел чие дете е, можеби претходно имал план друг да киднапира, па планот се расипал, и решил да смени, Вања да ја киднапира сигурно под претпоставка дека имаат пари
Дечки не се потпирајтњ на полигрф, најневеродостоен е. Пример, психопат кој не покажува емоции нема да може да биде регистриран од полиграф. Со причина е забранет во Франција и Швајцарија.
Знаев дека и овој ќе даде различен исказ, ничива изјава не се поклопува. Овој Кешишев стварно ко да забегал во екипава, делува лесно подводлив и го земале за да вози коли. Боре и Манев исти ко Палчо, они ги киднапирале и Панче и Вања колку што сватив. Џабе лажењето на Боре дека не бил, има негова днк најдено. Или овој Манев демек не знаел дека ќе бидат убиени и као мислел пари ќе бараат а очигледно и тоа како знаел зошто негов бил пиштолот, што мислел за што го давал. Единствено за Александар е нејасно јас од старт кога покажуваа со прст кон Зорица сум поборник дека родителите немаат врска и уште верувам во тоа. Ама сепак ќе почекам обвинителот да го испраша, да видиме дали стварно имале или немале контакт со Палчо. Мислам дека е уапсен затоа што тргнал кон Александар палас накај 9-10 саат сабајлето ама одма се вратил, па тоа им било сомнително.
Ич не ми е чудно, очигледно е дури дека со сите различна приказна имал. Кешишев го држел како кученце, очигледно, не знаел можеби и ништо. Манев очиледно му бил најблизок до болниот ум, знаел дека ќе иде по него во неговите походи, дека е способен да убие и уво не го лази, колку сака сега нека се вади. А тој Боре, тој е исклучително паметен, затоа и игра вака.
Зашто им дозволуваат вакви работи??? Кој запад? УСА? Читни за University of Idaho quadruple murder case, од 2022ра уште е случајот во судница. Овој вака прв на памет што ми текна, милион ги има
Овој Кешишев стварно наседнал наивно или глуми? Наликува дека не го ни фермале ама па ако толку не е вклучен и во двете убиства зошто не кажал нешто? Денес иначе ќе сведочи таткото, конечно може ќе се види дали има поврзаност или не.
Му правеле психијатриско вештачењездрав е психички, ама очигледно глуп чим му варел кафе на,, царот'' После убиството на Вања тој ги пријавил во полиција и ги однел до местото на злосторот, а претходно не знаел каков план имал Палчо. јас верувам дека не можел тукутака да го откачи бидејќи се плашел. Којзнае што се се дешавало таму
Далеку е од здрав психички, вештачат дали е пресметлив (и дали бил пресметлив во тој момент). Пресметливи се сите, добро знаеле што прават. Далеку се од психички здрави.
Никако не можам да разберам како може да го држат таткото со толку малку докази против него. Цело време чекам да се открие нешто ново, ама почнува да ми делува како стварно да не бил вмешан.
Мк истражни органи и се е можно https://plusinfo.mk/za-ova-ne-smee-...hto-mu-zboruval-ve-o-dodeka-a-kopale-dupkata/ Он ништо не мислел, мислел други има за мислење
Ме правеа ретардиран во целата ситуација, а цело време ја водеа истрагата во погрешна насока – сведочеше Ѓорчевски.
Тешко на оштетените само то ќе.релам, сето ова е претстава и перење пари. Во гроб се превртуваат жртвите овие овде се прават луди..
Има нешто.. не е за џабе И повторно истата приказна зошто некој воопшто ќе го киднапира ова девојче, зошто баш ова не некое друго. Се е заплеткано, некои работи нема ни да ги дознаеме.