https://plusinfo.mk/759692-2/ Прочитајте најдолу како ја воделе истрагата. Отишла во Тетово, отишла во Шведска. И овој нашол да им се меша. Ај баш да видиме петок, што ќе каже обвинителството
https://sdk.mk/index.php/makedonija...ma-komunikatsijata-na-telegram-se-izbrishala/ Овие се секта жими се. Значи да ги земеш сите 4ца IQ дали имаат 10. Разговарале за набавка на ирански дронови??? Што е следено ? Дека договарале егзотични слонови да ни донесат во државава ама не успеале да ја проследат цела документација? Мислам колку глуп треба да си и дадеш ваква изјава ? Ја да сум судија ако има можност 30 дена притвор нека поседи малце за да размисли дали е во ред да треска вакви зелени.
Гледам како се одвива судењето и оди во лоша насока шо мислам дека Палчо и ќе се извлече. Нема докази нема ништо, шо не го принудат во полиција да признае, шо не му го удрат ќотекот како на овие идиотиве шо ги тепаа па тек тогаш се доби признание, најверојатно и си има врски човеков во полиција како шо и беше кажано.. И без докази може да се жали и да излезе за брзо време.Кај ќе најдат докази кога изгоре се шо користеле...
,Мене не ми е јасно: Рекле дека по грешка го зеле девојчето,следеле некоја жена и таа требало да биде киднапирана. Зошто тогаш на почеток се излајаа дека таткото дал информации на Палчото дека девојчето ќе биде само тој ден. Исказиве се толку контрадикторни со првичните признанија па и меѓусебно. Татково ми е уште мистерија.
Му бил сумлив уште при првите часа од потрагата на ќерката, како шо изјави и жена му кога веднаш пристигнал рекол дека е киднапирана и убиена, тоа го кажувал одново и одново постојано и психотично и на други луѓе. Пишал порака во вибер групата кај родителите ,, колку пари барате,, и ја избришал за кратко. Кога тргнал да ја бара се движел по истата патека како и лудациве снимен е на камера. Некој од тие шо признаа вина кажа на полицијата дека Палчо добивал инструкции од таткото кога девојчето ќе излезе и дека е сама , таа информација ја добил од другата ќерка претходната вечер. Не знам шо да мислам сепак реално ако се гледа ако тој не почнал да ја бара на камери и со помош на некој друг човек заедно да гледаат снимки и сите ги пуштиле во полиција така и ги пронашле сторителите ако оставена на полицијата тешко д ка ќе се најдеше било што. Шетал од објект до објект и трагач по камерите, некои од камерите намерно биле пресечени за да не се гледа ништо.
Еве баш овие што признаа вина,сега изјавија дека таргет им била повозрасна жена иако претходно го посочија токму татково како извор на информации. Го читав исказот на таткото и делува многу логично,нормално подготвен од адвокатот. Но,заради сомнеж и без непосреден доказ можно ли е да биде во притвор толку време?Ако е заради исказот,еве овие сите си ги изменија исказите со ја нисам одавде.
Само заради сомнеж е немаат до сега докази против него за сега. Сепак зошто би бил параноичен дека е убиена и киднапирана од прво, значи никој прво тоа нема да размисли ако дете го снема некое време сфаќаш дека не е на училиште, може ќе помислиш кај другарки е, да не е со некој. Ќе видиме како ќе постапи обвинителството за него дали ќе има некоја вина.
Секој родител помислува на најлошото, зависи и до личноста еве јас сум паничар и ќе ми отиде одма паметот на катастрофа. Ја знаеш онаа поговорка "Да не даде Господ да ти се случи она што мајка ќе ти го помисли". И за Зорица кружеа истите муабети на почетокот само затоа што ете класната ја известила одма дека не е во школо, па што теории се изначитавме. Во секој случај утре обвинителот ќе го испрашува па ваљда ќе дознаеме што докази имаат, сега за сега е само сомнителен заради тоа што тргнал по истиот пат, што мора да признаеме е стварно чудно.
Мислам дека сите докази се приложени и веќе е очигледно дека таткото е за џабе меѓу обвинетите. Ќе видиме како ќе помине утре, меѓутоа се што изјави до сега имаше смисла и мислам дека голем дел од родителите би се однесувале како него ако им исчезне дете во 7 саат сабајле, на пат накај школо, и го нема ни во болница, ни кај другарки, а не е ни достапно на телефон. Е сега, на овие неписмените од полиција овој им бодел во очи дека им се контрал и место да му кажат фала шо им ја завршил работата за нив, го ставиле во притвор. Плус, ако он му кажал на Палчо кога точно да ја собере од пред зграда, што има овој да ја следи каде и како се движи недела дена пред тоа и да ризикува да го примети некој?
Адвокатот на Палевски гостувал кај Кристијан Ландов и таму имаше сериозно шокантна изјава, на којашто ми се згадидемек,, Педофилија било пострашно од убиство, инаку детето цел живот трауми ќе имало''. Човекот е ненормаленнеможеш да споредиш едното со другото бидејќи и двете се подеднакво трауматични. толку мизерен, бездушен, нема емпатија... Жити адвокатот. Ваљда и дипломата му била купена. Кога го слушнав што рече ми идеше све живо и диво да му испцујам на кретенов!! има ли тој деца?! Ландов му рече на тоа дали сте уморен овој не застанува... Чим прифатил да го брани монструмот, сигурно и тој има некоја дијагноза
https://skopje1.mk/archives/326758 Се прашувам зошто Обвинителството не беше вакво спрема Палчо?? Какви се овие прашања? Дрскост еј..
Госпоѓата обвинителка свесна дека нема докази да го поткрепи обвинението против таткото сака да го дискредитира како сведок. Ова со дискредитирањето се нејзинк зборови откако ја опомена судијката за начинот на кој го испитува. Од се срце сакам Александар да докаже дека е невин и во посебна постапка да им е.е мамичето на сите по ред од мвр до обвинителство за оваа конструкција. И башка верувам дека се се прави за да не се открие нарачателот и правиот мотив и исто верувам дека Зорица и Александар ја знаат вистината ама мора да молчат заради безбедност на Миња.
Дали е сериозна оваа со прашањава ? Според ова денешново рочиште јас мислам дека овие немаат докази за татково и не знам како го држат во затвор.
Мене да ме прашаа зошто не сум одела на работа 7 години, ќе им речев оти ни се можеше. Немаше да одговарам зошто и како. Безобразно ептен.
Буквално така требаше да и каже. Да беше татко ми богаташ и јас не би одела секој ден од 8 до 4 на работа.
Обвинителката (појма немам која е) се понаша ко да сме сите малоумни. Зошто им пишал да се облечат топло, а не ги однесол со кола ако бил загрижен родител. До основно училиште, во одечка дистанца. Не знам, вие не им кажувате на децата да се облечат топло, кога ќе биде надвор ладно? И ги носите со кола наместо да се облечат? И рекла казала- што рекол Трифке за него? Обвинението е составено пред или по фамозната изјава на Трифке? Абе докази нешто, за било кого? Материјални докази? Уште да му речеше што муж си ти, што си ја пуштил жена ти да работи