Тоа е кога си играат држава си играат суд. Неписмени.Абе ако пратил на вибер нешто и избришал требаше да има доказ, комуникација со Палчо-доказ.Како мислат они дека ќе осудат без силни јаки докази. И стојам на ставот да не беа таткото и Гоце уште ќе си играа инспектори по станици без најдено тело и сторител. Ова денес во најмала рака беше брука,тие два посто им се многу. Ја сум запрепастена,после ова верувам и дека има еден куп осудени или неосудени ,недокажана или докажана вина по грешка.Они си судат народ на 20 год без јаки докази.
Скроз. Башка е срамота и не знам зошто судијата ги одобрил да се одговараат. Срамота и греота е ова за девојчето. Нема ни еден доказ за никој.
Не знам ни дали ќе најдат Палчо стигна до Турција да избега и имаше време за се да запали, вреќи, мотороли лопати се шо употребувале, пиштолот е исфрлен некаде, освен на снимки да го фатат дека учествувал.
Како бе нема доказ? Признанијата нели се доказ? Извршителите ги однесоа до телата? Тоа нели е доказ? Каков доказ сакате? Снимка од убиството ли?
Јас чекам доказ за таткото. Како е он инволвиран? А ако немаат материјални докази, ни снимка ни ништо за Палчо, па проблем е. Што е он, Худини? Какви се тие истражни мерки да немаат појма со кој зборел по телефон во време на убиството?
Не е тоа прашање, проблем се Палчо и таткото. Уште не испрезентираа директен доказ, што било. Не дека не може, ама... банана Буквално нема шанси да не знаат.
Материјален бе чоек. Признание не може да е доказ. Ете во првиот исказ велат дека Александар на Палчо му кажувал. Сега викаат ние појма немаме кој е човекот. И сега шо е точно? Се знаат или не се знаат? Боре вели сакал црквата да ја брани да не е северна. Овие двајцата кешишев и манев во нивните искази и него го наведуваат дека бил цело време со нив и знаел што се случувало.
Нема да е прв ни последен да биде осуден со посредни докази. А, такви има еден куп за Палчо. За таткото не, се сложувам. И ова не е само кај нас (банана држава) туку и во други држави исто така.
Како бе признание не може да е доказ?! Поткрепено е со материјални докази. Пронаоѓањето на телата, на пример. Ги има на снимки исто така. Плус има днк од каратистот. Што се однесува дека нема днк од Палчо, нели имаше изјава дека прскал се со wd спреј. И недостаток на доказ е доказ, како да ти кажам? Нели ви е чудно што во автомобилот на партијата кој го поседувале и пред убиството, нема никакви траги од днк од Палчо?! А, тој се возел и пред тоа во него.
Мене не ми е проблем немањето доказ како доказ, ама да не имат снемано докази за да снема пресуда, тоа ми е мисла. За Палчо зборам.
Не знам како да ти кажам дека за Плачо дека ги убил доказ НЕМА. Ти си судија. Биља вика фана ја уби Вања. Јас викам не. Доказ нема. Мојот збор против тој на Биља. Ти како судија на кого ќе веруваш?
На тој што оставил подобар впечаток Мислам... ако го осудат, вака, без материјален доказ...останува да си се врти муабетот , го наместија Палчо, тајни служби, гуштери владеат со светот и сл.ср. А да не го осудат, па мислам не се толку будали. Итн...
Епа да одам јас да им ја довршам истрагата и да најдам со кого зборел Палчо на телефон во 9 саат сабајлето ако не. Стварно мислам да не излезеше Бунтур ќе ги пуштеа. Кај да е, ќе почнам и во теоријата за гуштери да верувам
Јас во ова судење ништо не верувам, плус јавно? На мене, на тебе, на вас ќе ни кажувале дека судството ни е праведно, дека ќе се суди случајов како што треба ахааам, мало морген. На крај од ТРАГЕДИЈА ќе испадне КОМЕДИЈА. Криминални групи.
Вртев неколку страни, да видам дали некој го има објавено видеово, не видов дека го има, па не е лошо да се погледне. Каснам и ја де, некогаш.
Ова е еден од најлошо сработените случаи било каде, било кога во човековава историја. Африканска полиција и судство би се смееле на начинот на кој се "спроведе" целиов процес. Татково беше дехуманизиран. Поминува низ ужас, пази - му го убиле детето, има уште едно дете на кое најмногу му треба, а не може да биде до него затоа што налетал на група неспособни и нефункционални луѓе со интелект далеку под просекот. Уапсиле човек кој тагува и му се скршил светот, и наместо да му помогнат, го тепале и му викале „ве фативме сите, 100-0 ве победивме“. Што победивте бе? Гревови неинтелигентни, трагикомедија. Од старт во МВР е направен хаос. Човекот уште во првите денови сфатил со какви ликови си има работа. Му покажувале слики од други деца, го убедувале дека ја нашле Вања, го шетале по Водно, теории за исис и други бладаници. Очигледно изгубени. У тие моменти од немоќ, бил приморан сам да почне да ја води истрагата, барал помош од се што мрда и не мрда. И токму кога почнал да им носи докази, снимки, да врзува работи и да им го сервира случајот на тацна, случајот што никогаш не требало он да го решава, случајот што да не беше он веројатно сеуште немаше да биде решен, тогаш им станува сомнителен. Не можеле да сварат дека обичен човек им ја завршил целата работа, па влегле у некој Шерлок Холмс филм. Замисли ги само коа го тепале и коа му викале „ве победивме 100-0“ колку биле горди на себе у тие моменти. Абе у пичку матер. И Боре и Кешишев кажаа дека додека ги тепале ги натерале да пишат изјави дека таткото му давал инфо на Палчо, иако двајцата сега признаваат дека никогаш ниту го виделе ниту слушнале за него пред убиството. После следи обвинителството кое се води на овие искази, влагаат од блам у друг блам. Немаат апсолутно никаков доказ против таткото. Јасно беше колку се очајни и не знаат кај тераат завчера тие двете гуски од обвинителство, пази го прашуваа какви оценки имал во основно и како успеал да се спреми за 5 минути кога му се јавила бившата жена и му кажала дека ја нема ЌЕРКА МУ. Нерелано. Овој човек после се што му направија има апсолутно право, а и треба да ја тужи државава. Ова е срам за правосудниот систем.