Слушнете го Гоце кај Васко Ефтов. Инспекторите го прашувале за Палчо уште на 29ти, Палчо на 30ти бега. И бил сомнителен на полицијата уште пред да се поврзат двете коли од страна на Гоце и таткото. Пуштен е да избега, а истрагата е водена во грешка смер. Дали сме изненадени?!
Не Она што го слушнав и ми остана во мисли е дека Палчо се вадел дека тие го прателе неколку дена со колата,мислам која глупост. Од колку е судењето,уште ниеден портал нема ништо објавено
Денеска не се изненадувајте, истото што беше со каратистот ќе биде и со овај. Не знам, не сум од тука, банкстери, виши сили, ванземаљци се во прашање, го местат, знаел тој гревот податоци за политичари па хајка е... Иначе да, и јас нагони за повраќање иам. Обвинителството за таткото иначе не изваде ниту еден материјален доказ, ниту пак имаат зошто да го држат човекот. Буквално суспектен им бил затоа што бил поранешен зависник, невработен и се грижел он за децата, а не жената. Срам ме фати мене некни од прашањата, зошто Трифун Костовски не го сакал... Да беше бизнисмен во оделце, немаше ни 1% од тоа што му го приредиле да му го приредат. На човек на кој му умрело детето да му речат ве тепавме со 100:0 е најмалоумното нешто што може да го направат. Јавно го уништија човекот, психички па да не збориме.
Ете го кловнот, буквално како што претпоставив, истото го кажа. Палевски: Ниту едното, ниту другото. А, мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на невисност, се додека не се докаже вината, не постои и тоа од причини што шефот на скопското ЈО Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се дирекно одговорни за перењето пари во Република Македонија. А, Оливер Сапсовски дал согласност како министер за внатрешни работи, ирански државјанин шверцер на дронови да отвори сметка во НАТО Банки на Република Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите депонирани во македонските банки, што е сосема доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек се компромириа во целост, а инструментот по добрен глас за ова обвинителство не постои, како и за оружјето во овој судски процес. Медиумите се целосно корумпирнаи од банкарскиот сектор и без подршка од банкарскиот сектор нема да постојат. Една и пол година врескаат дека докази има и јас додека бев во Турција за тој период имав имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ми покажа принтана копија од вестите каде бев опишуван како што бев опишан. На прес конференција на која оддржана на 5-ти декември кога е и поднесена кривична пријава, денеска гледам дека постоело само едно вештачење во моменти на одржување на таа прес-конференција. ЈО до подигање на кривичната пријава, го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и две вештачења за папиларни линии и ДНК сите останати вештачења се правени по прес конференцијата. Но, прашањето во една ваква масовна истрага кој и зошто ги прифирал со лаги медиумите, веќе е одговорено, па како пример ќе наведам. Сведокот Гоце Трајковски кој глумеше Рол Хонс овде во судот, лично тој на Каришиќ му праќал скироноиви од некакви инфлуенсерки, кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања. Сето ова го пласирал на оваа багра на оваа позади мене позади стаклото… https://mk.tv21.tv/palevski-nitu-su...dpmne-i-sdsm-a-kidnapiran-od-krivichniot-sud/ Каков грев, овој не е ни за у затвор, овој е за у лудница да го држат врзан за кревет 24/7, да моли да стане и да може да иде да моча. Чекајте да видиме, дроновите, политичарите и банкстерите ги погодив, да видиме и друго што ќе погодам.
Битно инспекторите го победиле Александар 100:0, кои се тие би било добри да станат славни. На татко што му го убија чедото се изживувале а знаеле цело време за Палчо па и го пуптија да си избега.
Палевски вели дека во Турција не бегал, туку отишол да докаже дека Гоце Делчев не го убиле Турците туку врховистите
Изгледа ќе се вади на тоа дека е непресметлив, затоа такви изјави дава. Ментално нестабилен. Криви се и овие 4ца, и полицијата, и инспекторите. Таткото најверојатно не е крив.
Вие што го гледавте "гостувањето" на Гоце кај Ефтов.. Дали е можно да има сосема друго лице? Тоа што стоело кај пешачкиот? Што тргнало да преминува па се вратило и цело време зборувало на телефон?
Секако дека да, овие ти личат дека имаат IQ поголемо од собна температура на негреена соба? Некој ги глеал, им кажувал, прател ситуација.
Не го догледав, слушав од кај маж. Ама тоа што слушнав е дека на Гоце исказот е скроз издржан. Трето лице има, тоа е факт. А најверојатно знаат родителите. Нема мотив, а мотивот води кон нарачателот.
Според мене, нема друг. Овој ги насанкал идиотите, се правеле мафијаши, им направил таков јак филм дека се е договорено со таткото, па овие иделе "на сигурно", ќе земале пари за откуп. Затоа и негира дека бил таму, цело време се пазел да го нема на снимки. Да нема многу докази. Ама не се надевал дека ќе го испеат под ќотек. Мотивот негов не ми е јасен, ама секако е болен тој. Си има негова логика, неразбирлива за нормален човек.. Во филм беше дека е херој и ја спасува Македонија и црквата. Дека е цар. Имал снимки, уценувал. Значи не е за пари. Освета е. Се ми се чини дека ќе го направат ментално болен за да не лежи долго. Ама и да излезе, и во лудница, некаде, ќе се најде некој да го крцне. Побезбеден е во затвор.
не ми е јасно и зошто не е уапсен тој Зоран од Куманово, што сведочеше за Палчо. Очигледно дека е помагател и има сомневање дека тој го уништил оружјето. И нешто битно што самиот во својот исказ рече тогаш дека учетвувал во имплементацијата на Сејф сити. Значи имал или познавања или луѓе кои ги знаат аглите околу зградата кои се опфатени со камерите. А тие биле позиционирани баш кај што не ги фаќа ниту една камера..