Гоце вели дека едно лице стоело спроти зградата и после 10 мин откако е киднапирана, поминува БМВ и го собира лицето. Кое е тоа лице?
Александар пратил порака на мобилниот на Вања со надеж дека ќе го вклучат мобилниот: ,,Сè што ќе побарате ќе направиме, од родителите” Ја пратил пораката на телефонот на Вања, а не во Вибер групата на родителите како што се шпекулираше.
И адвокатот. Го слушам кај Ландов. Го брани без пари. Демек му средил работа пред 20 години. Сериозно треба да се провери овој.
Не, имаше и на групата, наводно таму имало преписки од родителите, демек пишувале дајте колку треба пари, ќе се соберат, и он одговорил. Го имаше ова коментирано на судење.
Се крева фама како Гоце успеал да дојде до снимки и да открие одредени информации поврзани со случајот, мислиш станува збор за држава со високо развиени механизми за истрага и транспарентност, а не за Македонија. Не станува збор за некаква генијална детективска работа од негова страна, туку едноставно имал пристап до материјали до кои просечен граѓанин никогаш не би можел да стигне. За жал, истите тие податоци останале надвор од фокусот на полицијата, кои очигледно немале доволна иницијатива да ги побараат. Внатре во полицијата е насобран најголемиот шлајм во државава, на највисоките позиции се најголемите криминалци, на кои таквите ко Гоце им се поттрчковци. За нив дилаат, крадат, рекетираат, палат кафичи итн. Фактот што Гоце дел од криминалните кругови му овозможил пристап до снимки од различни локации, како и можност човек у Сејф Сити да му проверува скриншоти од коли и да му дава податоци за нивното движење. Познанствата со нарко босови (читај - Шеваљ) му помогнале да дознаат дали Вања завршила некаде по шпонскиве села, бидејќи нели, се у државава оди преку босовиве.
Колку се испореметени сите вредности во гнасниов ФИРОМ. Ви киднапираат дете, среќа па кумашинот ви е локален, ситен криминалец Гоце кој си живее со наркобосови, им ѕвони и фаќа врски за да му потврдат дека детето не ви завршило у Косово или Црна Гора. Па и браќава уште му рекле дека ќе го превртат цело Скопје, Тетово, Гостивар за да ја најдат ако е тука, ееј топ брат, фала ти. Друго дете ако е кој го е*е, sorry, немаш врски кај дилериве. Среќа кумашинов е човек од народот.
Да де, ама кажа и дека пратил и на вибер групата ама ја избришал бидејќи веќе знаел дека се сомневаат во него.
Абе сега- кој кај има човек. Испореметено е, ама бар имаат разрешница. Многу несреќна ама разрешница. Со такви служби, со тој капацитет- таква врба, таква шупелка дава. ,,Службите,, може да ги самораспуштите комотно. Кој дебакл од истрага, обвинителство, судство.
Иако ми експлодира мозокот дури го пишувам ова, да не беше човекот Вања уште немаше да биде најдена. Не знам колку читавте транскрипти, ама тоа колку ни е неспособна полицијата не можеше поубаво да се отслика отколку во случајов. Во пребаран стан два пати го терале таткото трет пат плакари да пребарува. Можеле да соберат снимки од сите околни кафичи, дуќани и да ги анализираат, ништо од тоа не направиле. Колите толку очигледно отстапувале со рутата, се влечеле, плус цитроенот на Панче е прередок модел, буквално да се заангажирале дека се вози кола на исчезнат човек лабаво низ Скопје, Вања можеби уште ќе беше жива. Ова пробисветиве се паркирале пред партија, одма ќе ги фателе. Но не, барале по сто пати празни станови, го гаслајтале таткото дека бегалка за ИСИС е отидена, а уствари се што пишувало девојчето е споредба меѓу куран и библија. За станови го распрашувале, го возел тој Музафер или како и да се вика, скроз погршено ја воделе истрагата. Еден материјален доказ нема протов татково. Буквално ништо не го поврзува со убиството, приведен беше оти им терал инает и не се согласувал со тоа како тие ја водат истрагата, плус си почнал сам истрага со Гоце.
Не го гледав видеото со Гоце... нешто си мислам. Дали споменатиот Сокол, кој му бил ,,брат,, на Гоце имаше улога во нивната истрага и дали неговото апсење соодветствува временски со развојот на судењето? https://lider.mk/uapsen-filip-andov-sokol-doznava-radio-lider/ Пошто сега дека им текна дека бил ,,криминоген, , ок, важи ... пребарав, сме го дискутирале Сокол на 7 ми февруари. Таман.
Еден битен момент е што цитроенот не бил внесен во системот на сејф сити како украден.Прашање е намерно или ненамерно? Се сомневам дека имале свои луѓе таму што цело време им помагале, саботирајќи ја истрагата.
Намерно не е внесен пошо он знаел дека нема да биди забележан токму заради тоа. Човеков има врски секаде.
Очигледно има и други вмешани, некој/и од МВР. Невнесување на колата во сејф сити, што можеби ако се случило, ќе била фатена колата и ќе се одврнеле од намерата да ја киднапираат и убијат Вања. Знаеле убаво камерите каде фаќаат, каде не... Знаење доверливи информации. За таткото почнува ептен да ми паѓа жал. Година време во притвор, се распаѓа дел по дел, му се гледа и по лицето... А конкретни докази никакви не покажуваат за него. Ако не се способни, нека побараат помош од странски служби, само не го мачат веќе семејството и нека ги осудат гнидиве.