Овој адвокатот како го брани боже боже да фати некој малце да го здрма па да видиме дали ќе продолжи... Гарантирал,, давал збор, сигурно не бил он. Па и шо и го даваат по емисиите да го слушаме се и сешто, само истото па истото. Дури и за без пари го работел случајов така вели, за онака ти некој психопат да браниш. нема ни ќар за ова кујзнај колку е и тој заплеткан со палчета за работи шо не ги ни знаеме. А овај му ги составува прашањата шо и како да испрашува, а адвокатот чисто за формалност некој да го застапува. Цела одбрана Палчо си ја прави сам.. Треба да го најдат овај другиов адвокат шо се откажува, да не го брани да видиме шо ќе каже..
Па татково апла го наместија, башка бивш зависник (иако човекот не криеше и сам си кажа сè), неработник (уште е и табу тема кога маж/татко ќе напушти работа или зеде породилно, наместо жена) и накратко, совршен профил за случајов. Каков и да е некој (дури и апла отпадок од карактер) вака не заслужува. Нека вадат докази и ако за нешто го судат, барем нека биде издржано. Нарачател сигурно има, а и нешто поголемо.
Сите обвинети вклучително и палчо рекоа дека НЕ го познаваат Александар. Александар нормално дека слушнал за Палчо некогаш, ко и сите ние пример, што не значи дека лично се познаваме со сите за којшто сме слушнале нешто. Не гледам што е сомнително во пораката утре облечете се топло. Порака од татко на ќерки стварно не ми е јасно што е тука сомнително. Бруки.
Епа демек знаел дека ќе киднапираат овие, и дека ладно било, испаѓа као за планина ги спремал. Као нели ќе ги чуваат за откуп у тие дупките. Коинциденција, за жал на штета на таткото.
На Палчо адвокатот минатиот пат не се појавил, денес ако не се појави ќе му доделат по службена должност. Хммм... Прилично беше самоуверен пред само 2 недели, што се деси сеа.
Некаде имал изјавено дека ова било помалку болно злодело, полошо било да е силувана, вака само убиена била.. Нешто во тој смисол, ми кажуваа, не сум слушала, ама изјавава му е да го земеш од МТВ зградата да го фрлиш. Кај Ландов мислам рекол, и Ландов го прашал да не е уморен да не сака да одморат малку.
Да, го слушав Педофилите биле пострашни од убијците затоа што детето ќе живеело цел живот со траумата. Мислам уште тука можеш да видиш колку болен ум имаат сите околу ова гомново од човек