И официјално таткото на Вања му кажал на Палчо дека девојчето ќе оди само на школо,гнасен човек да ја предадеш ќерката https://kanal5.com.mk/zavrshni-zborovi-na-obvinitelstvoto-za-ubistvoto-na-vanja-i-panche/a702690
Како тоа официјално? Баш ја читав веста и колку што прочитав обвинителството тврди и дека според нив од почеток чудно им изгледал и се понашал. Ај ако има некој линк од транскриптот еве нека сподели, до сега обвинителството не приложи доказ за таква комуникација.
https://republika.mk/vesti/hronika/...-razbral-koe-vreme-vana-ke-odi-na-uchilishte/ Сигурно имаат докази кога тврди обвинителството...
И јас од рекла казала разбрав дека имаат доказ против таткото, ама сепак е рекла казала. Мислам дека го држат таткото со причина, не верувам некој без причина да го држи така. Ако навистина немаат докази ќе тужи таткото и ќе бара обештетување, ќе тужи во Стразбур, а вака е прилично мирно по тоа прашање па некако ми е поткрепено обвинението. Да ме обвинува мене некој и да бидам волку мирна... До последно не сакам да верувам дека постои татко што детето ќе си го даде во рацете на убијци.
Обвинителството често тврди некои работи само колку да не им пропадне предметот (пошто е срамно да пропадне предмет) и не секогаш имаат логика работите што ги зборат. Најпогани луѓе се тоа. Мој близок за сосем друг случај имаат затворено само на база на една изјава на некој сведок без никаков доказ, а цврст доказ дека не сторил кривично дело, па сеа ти види... обвинителите со судиите пијат кафе пред пресуди и си се договараат...и тоа е се за нашето правосудство. Едит: да се надоврзам на AngelOfArh, не сакам да го бранам таткото, меѓутоа како што го пишав погоре, мојот близок остана смирен исто како овој, бидејќи оштетената страна е моќна, проголта и тоа што претрпеа закани по живот неговата мајка и жена.. да не си им во кожа да те обвинат (плус осудат) за нешто што не си направил. Језиво е.
Обвинителство е тоа, мора да го брани до крај тоа што го започнале дури и да немаат докази и да се свесни дека некој не е крив. Сигурно нема во овој дел од процесот да повлечат обвинение или евентуално да признаат дека ете немаат доказ мада во овој случај барем тоа што го видовме им е засновано обвинението за таткото врз база на чуство дека некој е чуден. Мора да го бранат предметот т.е.обвивнението до крај. Ако го повлечат против Александар ќе им падне целото обвинение иако е јасно дека мускетариве се извршители. Дури и за нив има признанија а не докази, зошто се работело веројатно аматерски или се обиделе нешто и некој да прикријат. Па уште признаваат деенс дека се чуделе како Гоце поврзал некои работи и стигнал до некои сознанија. Неспособни, да не беа Гоце и Александар бог знае дали денес ќе се знаеше судбината на Вања, или уште ќе се водеше како исчезната. Се надевам после се дека предметот ќе оди до Стразбур, зошто со волку дупки и пропусти и осудување на таткото без доказ а знам дека ќе го осудат, кај нас нема да има реална пресуда и правда за Вања и Панче.
И јас исто така не верувам дека татко сака детето да му биде убиено, освен ако не е тежок психијатриски случај Сепак он е вмешан во ова, веројатно му се заканувале подолго време или пак мислел дека ќе ја киднапираат дур не расчистат некоја работа, па да ја вратат. Не го кривам него толку и не ни сакам, бидејќи на секого може да му се случи да налета на погрешни луѓе.
Јас да ви кажам, многу судења сум видела со глупи обвинители, ама овие две се врвот. Еден здрав доказ да дадеа, еден да не е базиран на претпоставка. Толку се несинхронизирани, нелогични... Денеска ако беа они стабилни, со последниот говор, те завршните зборови, требаше да направат емоции пола судница да плаче а судијата да се згади и да даде доживотна. Овие две треба да се се, само не обвинителки.
Не можам уште да се помирам дека човекот ќе лежи во затвор оти рекол Вања е киднапирана. Неговиот мобилен го вештачеа ли? Како му кажал дека ќе оди сама на школо? Мора да имало некоја претходна комуникација. Лично ли се сретнале Палчо со Александар? Број меморирано ќе имало на некој од овие. Ако имал друг број и тоа лесно се докажува, затоа што веќе не е како порано мораш со лична карта да купиш број од оператор. Сите викаат абе не го држат за џабе во затвор сигурно има НЕШТО. Ок де, што е тоа нешто?
Овие неспособниве изнесоа докази таман и Палчо да си оди слободен. И да го осудат таткото, може да го осудат проформа за времетраевње на она досега поминато во притвор, чисто да не испаднат идиоти. Не дека не се очигледни идиоти. Ама докази за него не видов, а ни за Палчо богами.За другиве појма немам дали има докази ама тие кажале кај е телото, така што така.
Се посраа само со видеото дека ја заборавиле мотиката и после ја земале.Освен ова друго не видов слушнав ни јас.
Овие тројца ке лежат и таткото ке полеже кратко Се плашам дека Палчо многу малце ке го осудат овој ке се жале и ке намалат и тоа малце А Палчо е потенцијала опасност за сите нас Овинението поткрепено со нагаѓања да не речам никакво обвинение со никакви докази Срам и арам за обвинителството
Имало доказ за комуникација.. а искрено не очекувам дека буквално се ќе се извади во јавност од тоа што се случува во судница.
Не може да има постапка ако нема докази, така да не може да нема. Малце на Туфекџиќ му е безвезе тезата дека за да се внесе немир во школите затоа бил таткото обвинет. Вакво босо изјавување не очекував од тој калибар адвокат.
Они доказ за Палчо немаат па за таткото ќе нашле. Склопиле некое обвинение ради реда и студенти на правен ќе направеа подобро обвинение, ова како круша ќе падне на повисоки инстанци. Нигде нит доказ нит мотив. Аматери убијци не можат да совладаат. Битно да се задоволи јавноста првостепена пресуда и тоа максимална ќе има. Ама ај да почекаме судијката да ги каже завршните зборови. Ова до сега ми делува само Кешишев дека ја зборува вистината, неговото сведочење само имаше логика и е поврзано со дејствијата, овие другиве 3 толку ја свртија приказнава намерно и свесно а апла вмешани од почеток. Иначе во врска со тоа дека сте упорни дека има доказ, па инспекторите го тепале до непрепознатливост Кешишев додека не каже дека таткото е вмешан, врз основа на тие (изнудени) изјави е приведен. Нели на крај го истепале Александар и му рекле дека го победиле 10-0. И во испрашувањето на Палчо не се изнесоа докази против него, ама просто нема алиби за тој период. Поголема глупост не можеше да тропне. Мотивот и онака е спорен ама не мораше да лупа ваква глупост.
Зашто ни 10% не е кажано во јавност од тоа што било. Сериозно мислите дека нема да филтрираат податоци за јавност? Ако беше така ќе имаше директен пренос на судењето.
@nena2010 Ама каде се? Сите писмени комуникации ги кажаа, зошто ова не? Па тоа е баш уште посомнително. Зошто баш таа комуникација да ја кријат?