Нема криење, судењето беше јавно и новинарите имаа транскрипти објавено на сите сајтови, се од А до Ш е пренесено. Ќе видиме судијката што ше каже кога ќе ја образложува пресудата и тогаш може 100% да е сигурно.
Многу работи се прикриваат во случајот се што беше изнесено е да не кажам двосмислено и плитко со цел замајување и збунување на јавноста никој не може да ме убеди дека Палчо не е под нечија заштита поради одредени цели. Сигурна сум дека ќе ги осудат но прашањето е на колку!? За таткото не сакам ни да коментирам тој самиот си знае што направил и тој самиот си кажа што ќе направи понатаму..
Епа тоа ми е поентата. Девојчето прочита и како сестра му била со стеги н рацете и нозете и леплива трака на устата, ставена во вреќа за спиење, клечела и плачела, дека при откопување со лопатата ја удриле во главата... И сега ја кријат пораката од таткото? Нема малце логика.
Добро бе, нели со причина судењето беше ,,јавно,,? Нели беше битно што доручкувала Вања, колку четворки имал у школо Александар, ама главниот доказ за неговото обвинение и мотив не се битни за пред јавност? Сите транскрипти од неговото обвинение ги прочитав, сето беше рекла казала, се судеше негово минато поведение ништо во врска со случајов немаат. Освен креацијата на полицијата, пошто им се мешал во штипки во истрагата, па овие под ќотек признале и после отпризнале. Аматеризам без дно.
Ова веќе стана циркуз не се знае кој пие кој плаќа… Не е ни откриен мотивот, се некој глупи причини …А каде е мајката во целата приказна? Ништо за неа нема?
Мене најсимптоматично ми беше сведочењето на дедото (таткото на Александар).. многу се оградуваше од син му, а со оглед на тоа дека се и тоа како влијателни, ако беше чист ќе го извадеа ма немаше ни да биде уапсен.
Абе луѓе јес да живееме во шу**кот на светот, ама мислам дека никој не е до толку глуп да направи нешто вакво. Особено што судството ни е нула. Верувам дека имаат зошто ги држат и како, дека имаат и докази, а транскриптите бидејќи се читани, верувам затоа и ги пренесуваат, а слики колку што знам од докази не смеат да пренесуваат и затоа не сме запознати.
Па ваљда има влијание и влијание. Бизнис влијание нема врска со судство. Како да го извадат, во домашен притвор е изваден кај повеќе да го вадат? Слики од докази не ни требаат, докази се спомнуваат. Еве запис од телефонски повици, еве слика од чаура, еве слика од лопата, еве испис од банкарски трансакции за да се докаже мотив -пари... Ме мрзи сега да барам транскрипти, ама ништо во испитувањето на таткото немаше, никакво спомнување на врска со Палчо, никакво спомнување на комуникација.
Апсолутно де факто и де јуре - немаше! Само млатеа празна слама дека бил единичар и дека не работел, и како можел тоа ОДМА да се спреми, а вообичаено каснел. Ако тоа се докази ондак јас сум Џеј Ло.
Мотивот и нема да се открие, сигурно мајката и таткото молчат заради другото дете. Човек што нарачал убиство на едно дете веројатно нема проблем да нарача и за уште едно. А мотивот за вакво грозно злосторство што може да биде друго освен страшна омраза и одмазда. Сме дискутирале и претходно и секако дека е на ниво на наше мислење/претпоставка, мора да е нешто големо/голема ѕверка чим и истрагата се водеше во насока да не се реши случајот и целово судење т.е.обвинение кое е чиста фарса.
И се е тоа во ред. Мислам не е во ред, ама јасно ми е. Ама, ако е така, шо го вуцараш таткото по судови и тераш приказна што не држи вода-од инат? Ќе кажеш, нема докази и го ослободуваш од обвинение. Пошто докази нема.
Не дадоа доказ. Во јавност се се вади, оти судењето е јавно. Нема селективност во јавноста. Само со закон може да не се открие нешто, ама овде не е тој случај. Едноставно глупи МВР и глупи обвинители. Правилата не се такви. Не си замислувајте приказни. Тоа дете дома има родител кој ќе му ограничи што да чита. Има кога судењата не се јавни. Едноставно ни МВР ни обвинители не дадоа докази
Овие полтрониве прости? За пари сигурно, а Палчо не би рекла, тој има нешто друго. Се поверојатно ми е дека е ова негов долг што го плаќа на некого.
И ја мислам така. Кретениве мислеле дека е за кеш, а уствари Палчо е со друга причина. Зошто инаку би ја убил одма, ако е за пари. А се си мислам и дека нема да дознаеме ништо повеќе.