Боса му е одбраната. Си видела што изјави неговиот адвокат? Се ова било за да направат во школите паника.
Па 2 работи. Прво- он е мртов човек. Утепан е пошто му е утепано детето. Шо да се брани кога е утепан? Второ- јас или нешто слепа сум па нешто пропуштам или не знам што е. Сомнителен бил пошто му била сомнителна колата, пошто имал информации што ги има полицијата...па секој петок сама одела во школо ама не во понеделник, значи за понеделникот он им кажал А можда две деца сакале да грабнат, можда друга особа сакале да грабнат, ама од кај да знаеме што е се можно и неможно. Ова не е никакво докажување- отсуството на докази не може да биде доказ за таткото. Значи од што да се браниш во вакво обвинение? https://plusinfo.mk/obvinetite-ne-i...ski-za-svirepite-ubistva-na-va-a-i-na-panche/
Обвинителката во завршниот збор рече дека немаат докази за комуникацијата на Александар Ѓорчевски со првообвинетиот Љупчо Палевски. – Дали има докази за комуникација меѓу Александар и Палевски? Нема. Но, Палевски е технички подготвен, брише докази, има повеќе телефони, користи разни апликации за разговор, ја избришал комуникацијата – рече Стојковиќ Димитровска. Но, на минатото рочиште во завршниот збор Жаклина Крстевска Јосифовска кога изнесуваше детали од вештачењето на телефоните изнесуваше и детали од избришани комуникации, па останува нејасно како не се најдени и евентуалните избришани комуникации меѓу првообвинетиот и петтообвинетиот. Ова е во врска со вчерашната дискусија тука од некои членки дека имало докази ама не ги изнеле во јавност. Ете официјално денес кажано од обвинителката, докази за таткото нема. Кој му е крив што изгледал чудно, што го превртел градот за да најде информации за ќерка му кои полицијата не можела да ги најде, што бил слаб ученик како дете и што бил богат па не морал да работи нон стоп па ете обвинителите си го вклучиле како потенцијален виновник.
Луцкасто од Димитриевска. Бил технички подготвен па ја избришал комуникацијата Како Мето Јовановски во Тетовирање "Куфер ко куфер, празан"
Баш ова сакав и јас да го кажам; како и од што да се брани кога нема ни конкретни докази ни издржано обвинение против него ..
Да не грешам душа ама мене и двајцата родители ми се чудни. Чудни им се реакциите и сѐ од сам почеток до сега. Ко да знаат нешто и двајцата ама кријат, веројатно ради страв за другото дете. Мајката напишала писмо до судот и било претставено од адвокатот, во писмото меѓудругото неколку пати е наведено дека не сакала ова да се случи и на друго дете. Као за тоа и најмногу треба да има правда. Не знам, јас не верувам дека Вања е случајна жртва што туку така ја избрале без претходен план и уште мислам дека е некоја одмазда во прашања, а и двајцата го знаат тоа. Затоа и однесувањата им се такви какви што им се. Така да не, не можело ова да се случи на било кое дете. Жал ми е и за нив, никој да не им е во кожа ама најмногу за Вања, ни крива ни должна плати со живот за нечии туѓи долгови. Живот што допрва требаше да и започне. Само од таа причина стварно се надевам дека ќе го јадат доживотно.
Сега негде прочитав дека некој побарал доживотен затвор за дегениве. Аха, добро. Ама ние не сме глупи. Никој во Македонија нема одлежано доживотно и пак си играат мајтап со народот бе како не им е срам!! Ај да го видам и тоа чудо... Да им се изнасмеам пошто трескаат зелениние сега треба среќни да бидеме. Колку лажат, ми се повраќа За 5-6 години пак ќе ги пуштат и пак невино дете ќе утепаат
Со оглед на годините на монструмите и 20г затвор ќе им биде доживотен. Само да излезат од притвор и стигнат до затвор мислам, нема ни 2г да доживеат. Инаку за дете не е исто како за рандом убиство, ако за возрасен некој добие 10г, за дете рачунај дека дупло добиваат. Вака ми објасни адвокат вчера, многу се по ригорозни и по строги кога се работи за дете.
За крајот од судскиот процес мајката на Вања напишала трогателно писмо за својот ангел, кое, за жал, според зборовите на Маја Мартиновска не било дочитано до крај во судот. „Вчера (11.06), за време на завршните зборови на обвинителството во случајот за Вања, судот не дозволи писмото на мајката да биде прочитано до крај. Гласот на мајка која изгуби дете на најбрутален начин, беше ‘стишан’ во судница. Јас, со нејзина дозвола, го објавувам нејзиното писмо во целост - затоа што има право да биде чуена“. НЕ БИЛО ДОЧИТАНО ДО КРАЈ ЕЕЕЕЕЕЕЈ, нит почит, нит осет, нит емпатија, нит обзир... ова е подоле од дно, ми се повраќа и ми се темни што го дишам истиот воздух со овие психопати... за греота родителите, сестричката, роднините, другарите и другарките... а најмногу за греота е Вања. Бог нека ја прости, уште ми е неверно во последните 2 години што ни се случува во државава... https://www.crnobelo.com/novosti/do...-kjerka-mi-no-moram-poradi-site-majki?start=1
Никогаш до сега не се сеќавам да сум исчекувала исход на некое судење како ова, се надевам на највисока пресуда бидејќи чувствувам голем гнев. Пред некој ден ми излезе подкаст од некој Аврамски не го познавам ниту го слушав само го прочитав насловот кој гласеше нешто во стилот Палчо ја убил Вања бидејќи ги барал тајните пари на дедо ѝ. Прочитав овде коментари дека извршил одмазда за некого не дека не држи вода но зарем не би се одмаздувал дури се живи бабата и дедото па да видат да почувствуваат вака не ми е јасно зошто..
Одмаздата оди на најмилото.. Ако е тоа тоа. Никогаш на тој кон кого е директно туку на она што му е најмило,
Да разбирам ама која е поентата да се одмаздиш претпоставувам на дедото бидејќи бил дел од политика кога тој веќе не може да го виде тоа. Или може јас не сфаќам како одат тие работи не знам што да кажам ама ништо ми нема смисла.
Луд је*е збуњеног... https://plusinfo.mk/advokatot-pobar...r-ne-dogovaral-ubistva-i-nemal-umisla-za-niv/