Јас кога кажував тука дека целиот случај личи на монтировка и добро осмислено сценарио од некого и дека овие гревови се најмени да признаат дело за кеш многумина тука ме правеја луд и теоретичар на заговори. Мвр нема апсолутно никакви докази за таткото а најверојатно ниту за другите осомничени и Палчо. Резултатите од обдукцијата на телото и судска медицина може воопшто да не содејствуваат со нивните изјави а со тоа немаат апсолутно никакви материјални докази против осомничените, се се заснова на нивните изјави и веројатно телото што кажаја каде е закопано што само по себе не е никаков материјален доказ кој ги инкриминира во случајот (истотото го кажа и овај србинот). А по извесно време со добар адвокат можат да ги изменат изјавите и да кажат дека им се земени под притисок и да си излезат слободни поради недостаток на докази и тие и Палчо и се ми изгледа дека натаму ќе оди работата. Јас лично мислам дека овие гревови воопшто не се извршителите туку убиствата и киднапирањето е извршено од други а нарачано од некој повисок центар на моќ а овие се само најмени за пари да признаат а подоцна ќе излезат поради недостаток на докази и убиството ќе остане неразрешено.
Ама во колата кога се движела пред да биде извршено киднапирањето возеле они, ќе ги фателе така и крај. Се возеле со кола на исчезнат човек!
Само најмени да признаат, да бидат забележани на камера, да возат до Бразда и да знаат каде е закопано телото. Дефинитивно, кога втор теоретичар ќе излезе на јутјуб или каде веќе, апсолутно веќе не е теорија на заговор. Никој не е за верување, ама па вакви, уште од соседни земји, ми се само фрлачи на прашина. Попрво на Миленко ќе верувам, ако ништо друго го знае Скопје и скопските ликови.
Целосно да му веруваш на познат теоретичар на заговори и тоа од друга држава е подеднакво лошо со она целосно да му веруваш на Оливер. А, Ного си е познат по заговори и скандали. Така што не се залетувајте одма. Постои можност да е нечиј гласник. Некој да го има потплатено да збори вака. Инаку, зошто ова да го засега човек кој не е ни надлежно лице овде, ни граѓанин на државава? Да, Оливер збркано кажуваше некои ствари. Да, има нелогичности во случајот. За другите имаат нешто. Рекоа дека се вештачат и 2 пиштоли. Но, Палчо и таткото на Вања долго време се познаваат. Не може таткото да го држат џабе при очите на целата јавност која следи од денот кога исчезна Вања. Затоа што и полицајците дрндаат, би се разбрало до сега. Веројатно има некаква комуникација што им дава причина. Запамтете дека јавноста не смее да ги дознае сите детали од истрагата.
Прво се сеќавам дека искоментирав дека таткото го решил случајот, што испаѓа и дека е така. Не верувам дека е вмешан до степен да знае за убиството, туку имал причини или некако е поврзан со луѓето кои ја киднапирале. Не ми беше прифатливо родител седум дена да седи и молчи, а да има информации или сознанија кој би можел да ја грабне. Во позадина има доста работи, вербата на мајката во институциите и бившиот маж, до расплетот кој за јавноста не е целосен. Таткото секако е поврзан, ама како, не знаеме. Да го чуват без ниеден доказ, не ми се верува. Пред се има адвокат, бивш кривичен судија. Секакви заговори ќе се пласираат во јавноста, нешто ќе е точно, ама повеќето ќе шират сензационализам и ќе збираат лајкови. Јас очекувам расвелување на случајот и запознавање на јавноста со истиот. Јавноста треба да знае оти од самиот почеток е вклучена. Плус се работи за киднапирање и убиство на дете, што дополнително ја прави ситуацијата потешка и секако дека остава простор за страв и паника. Затоа овие случаи мора и јавно да се расветлат.
Од каде знаеш? Таткото негирал дека воопшто се знаел со било кого од овие, а тоа може лесно да се потврди или отфрли: податоци од мобилен, социјални мрежи и сл. Да имаа доказ за ова, Мвр до сега со зурли и тапани ќе објавеа. И не држи вода дека не кажуваат ништо во интерес на истрагата, затоа што нема што да ја компромитира истрагата во овој момент. Наводните учесници се во притвор, доказите наводно обезбедени.Ќутат затоа што нема што да кажат, и уште повеќе ќе се дозакопаат ако отворат уста, како на пресот. И што има да му веруваме или не на Србинот. За мене интересна новина беше тонскиот запис со таткото, кој очигледно е набавен од внатре од Мвр. И тоа многу кажува за ажурноста на полицијата, таткото трчал и набавувал снимки, додека Обиџуко не забављаше и ни раскажуваше дека цел тим го барал девојчето по грмушки, манастири, речни корита...Абе со прст не мрднале.
Таткото негирал за другите. Новинари кажаа дека зградата во која живееше Вања е изградена од компанијата на Палчо. Една тв рече дека он поседува 20 квадратни метри во зградата. Се збореше и дека се познавал со дедото. Имал клучеви од главната влезна врата и подрумите. Сега топката е кај обвинителството кое секако дека не може да се залетува со изјави како МВР. Има потфрлање од погоре. Но немој да ги судиш сите инволвирани полицајци. Точно е дека ја барале.
Tocno Ama Srbinov rece mu go vestacele telefonot i sve i videle deka ne se znaat Nekoj laze Ama pa stvarno togas kako ke znaat koi se devojcinjava, koga ke odat vo skolo Znaci bile meta sekako Zatoa mora da se kazhe sho se desilo a ne da zataskuvaat
Од кај знаеш ти дека МВР нема докази? МВР кажа дека има материјални докази и дека се поклопуваат со изјавите и признанието на овие. Можеби има некој друг над сето ова ама дека нема докази за овие и ова досега што излезе на видело, не е точно.
КАКО ТАТКОТО А.ЃОРЧЕВСКИ ЗНАЕЛ КОИ ВОЗИЛА ДА ГИ СЛЕДИ НА СКОПСКИТЕ КАМЕРИ, А ЛИКОТ НА ВАЊА НЕ СЕ ГЛЕДА ВО НИЕДНО - БИЛА ВО ВРЕЌА? Баш убаво што разни шарлатани ,,из Србије" почнаа да објавуваат разни снимки од камери каде се гледа низ Скопје и во Велес ,,цитроенот" на убиениот #Панче Жежовски со кој имено беше киднапирана и убиена #Вања Ѓорчевска на 27.11. Затоа што денеска преку нив всушност дознавме дека таткото #Александар #Ѓорчевски, кој е во притвор - очигледно има многу да објаснува. ▪︎ Од тоа дали сепак убаво се познавале како семејство со киднаперот и убиец Љупчо Палевски до тоа кои му биле односите со него и останатите тројца. ❗️Очито не беше намерата на оние кои денеска ги објавија снимките да го стават таткото Ѓорчевски во поголема каша, но изгледа и тој и сите заедно не пресметале што точно прават откако овие снимки сам ги обезбедил и ги однел во МВР. ❗️Нека се подготви добро неговиот адвокат В.Туфегџиќ, освен ако не крене раце откако го видел вчера и денеска карамболот, кој очито сам си го направи неговиот клиент, за кој мислев невин е, но - сега не сум баш сигурна. ℹ️ На објавените снимки се слуша гласот на Ѓорчевски како покажува кон компјутерот [изгледа сам го снимал дејството во станица] и притоа им објаснува на службени лица за движењето на ,,цитроенот" и ,,кангото" низ Д.Маало на кобниот 27 ноември. Едната снимка е од пред споредниот влез на зградата од исток [веројатно симнати од козметичкиот салон отспротива Фото 1], втората е од Партизанска, пред Буњаковец. За таа на #Партизанска, Ѓорчевски вели - ,,еве ги возилата". [Фото 2] ▪︎Да не зборувам како на неа датумот е 27.11, но времето е 2.35 часот, што целосно не одговара со временската рамка на киднапирањето на Вања. ℹ️ Да скратам. А.Ѓорчевски обезбедил куп снимки, кои ги однел во МВР. Но, нема снимка од главниот влез, каде бил паркиран ,,цитроенот" за да не ги фати камера кога ќе ја изнесат Вања. Тоа значи, немал можност и видео-снимка да осознае со кое возило е киднапирана. И имено кои се лицата, доколку не ги познава - како што сам тврди и како што тврдат ,,српските шарлатани" кои имаат мисија да го претстават Ѓорчевски како невин, примерен татко и сопруг, без никакви пороци [коцка,дрога] ултра богат, итн. Еве, стварно не знам зошто некој кој е невин не би се обратил преку адвокатот, напротив место него ,,зборуваат" ликови од подземје? ▪︎ Како и да е, Ѓорчевски не можел да знае со кое точно возило е однесена во непознат правец. ▪︎ Така кажаа и на КОД, дека возилото било паркирано во мртов агол. Ако не видел на снимка со кое возило е киднапирана, затоа што во тој реон има стотици во реално време, ОД КАДЕ ЗНАЕЛ КОИ ДВЕ ВОЗИЛА ДА ГИ БАРА И ДА ГИ ЛОЦИРА НА КАМЕРИ НА ПРИВАТНИ ОБЈЕКТИ ОД ТУКА ДО ВЕЛЕС, да им следи движење, а потоа тоа да го објаснува во МВР? ❗️Освен ако не здогледал познати лица преку прозорците, нели Палевски и останатите, па така и поврзал. ❗️Врв на сé е што нашите медиуми, кои се декларираат како сериозни, а препишуваат глупости од разни будали по твитери, најнеодговорно, е што продолжуваат да лапаат како кленови сé што им сервираат шарлатаниве. И тоа лапаат сосе блинкер. Мизерија! П.С: Патем, ако А.Ѓорчевски се докаже дека неовластено снимал во службени простории на МВР, дури и да е невин - ќе одговара кривично. ЈОЦИ.
Човек, кога он ја направил зградата и доаѓал таму, не е можно да не се знае со татково. И ко што викаш, не би имале инфо за девојчињата. И покрај Палчо, би било чудно и да не ги знае другиве. Таткото доаѓал во станот ради девојчињата и нели се збори дека тој стан е пишан на негово име. Не би ме чудело од ВМРО да имаат зборено со Ного. Да не биде она „само ние лаеме, ете и од соседството велат дека нешто смрди“. А, нема потреба. Секако знаеме дека нешто смрди.
А од кај знаете кој што кажал, кој што негирал? Значи, на денационализирана парцела од мајка ми, Палчо гради зграда. Се мажам пред минимум 15 години. И мажот ми не се знае со човекот кој ја изградил зградата, кој има простории во истата, човек кој се знае со пола Скопје, особено од центарско градско подрачје. Што никако не значи дека таткото има удел во убиството на своето дете. Не мора ни телефон да има од Палчо, ни да зборел со него, ама дека не се знае со него, утре сабајле. За другите апсолутно не мора да ги знае, нема од кај да ги знае.
Ај, прочитај уште еднаш што пишавме за зградата и кој доаѓал. Можно е таткото да не се знае со другите, но не е можно да не го знае Палчо.
Па нејзините родители ги бркале тие работи, тоа не значи дека зетов го донеле на запознавање со Палчо како инвеститор. Не знам ни дали тогаш родителиве на Вања биле заедно, кога е правена зградата, пред 20 години мислам? Тогаш веројатно Зорица и Александар не се ни знаеле. Плус, писмени и зафатени луѓе биле Биљо, не им требал посредник - зет за тие работи. А еве и јас во една прилика го запознав и кратко поразговарав со Палчо (одамна), ама тоа не значи дека го знам. Зошто ако ова би значело "го знам", тогаш се знам со многу јавни фаци, благо мене. А дека таткото негирал познанство со сите, се провлекуваше уште од почеток. И Бубевски кажа на пресот дека само врз основа на исказ на приведен го поврзале таткото со Палчо и делото, што значи немале доказ дека овие двајца се познавале.
Ama Palco koa ja izgradil zgradata Stanot go kupile majka i i tatko i na Zorica. I oni ziveele tamu. A Zorica i Aleksandar ziveele u Kapistec. I po razvodot i dvata stana gi prepisuvaat na ime na Aleksandar Moze na Zorica i se imaat nameraceno neso. I toa mi tekna sea poso ocigledno se stiti da nema niso na svoe ime. Zaso posle razvod da mu prepisam dva stana i toa. Plus on sakal razvod, ona nekela.
Многу лесно можел да знае таткото кои возила да ги следи со оглед на тоа дека и двајцата со мајката имале апликација за следење на телефонот на Вања. Тоа и беше кажано,дека врз основа на апликацијата следејќи го движењето на телефонот го приметиле автомобилот ,бидејки се движеле заедно во исто време на исти места. Многу едноставно. Јоци нека не јаде трици ,да беше таа поспособна информацииве од неа ке ги дознаевме.
Да, се знаеш со многу фаци. Ко што јас не можам да кажам дека не се знам со Ѓорѓе Иванов на пример, сме збореле пред да биде прецедник, ваљда кога би се сретнале, би си рекле Добар ден Не викам дека им требал посредник, добро еве, не се знаеле тогаш. Од ко се земале, бабата и дедото живееле таму, зетов никогаш не отишол кај нив? Никад не скршил муабет со Палчо, немал појма кој е, некој невидлив анонимус е Палчо, скоро ко продавачката од соседната пиљара? Кога градат на твоја парцела не купуваш стан, ја отстапуваш парцелата и добиваш 2 стана. Обично е така во центарски регион. Зошто ги препишале становите на негово име, дали стварно, појма немам. Кој сакал развод и зошто, исто појма немам а немаш ни ти.
Не во зградата на Н.Н.Борче Него станот кај шо живееле дур биле у брак, тој е во Капиштец, и плус овој на Н.Н. Борче