Абе леле кога ќе го видам оној Манев како џвака мастика ко вол што прежива ми доаѓа телевизорот да го скршам!!!!! Бљак!
Минатото рочиште кога обвинителите кажаа дека бараат доживотен затвор, конечно му клапна фацата на Палчо, а претходно беше релаксиран како ништо да не се случува.
Палчо, Манев и каратистот ќе добијат доживотна, Кешишев веројатно не доживотна туку за учество казна неколку години а Александар ослободителна. Ова е моја проценка од исказите и сведочењата. Секако ќе стигне до Стразбур случајов заради "обвинението".
Денеска уапсиле уште едно лице, кое Манев го посочил во судницата дека го уништил пиштолот со кој биле убиени Панче и Вања. Читам дека пак рекле дека биле изманипулирани од Палчо, дека наводно требало само да грабнат луѓе заради изнуда на пари, а не и да се унијат лицата. Верувам дека не ни помислувале што ќе се случи, кој знае каква сума им била ветена и биле заслепени. Ама ако навистина имале еден грам срам, жал, човечност во нив - уште после првото убиство ќе го пријавиле Палчо во полиција. Второто ќе беше одбегнато. Вака колку и да кажуваат дека им е жал, џабе е се'. Заслужуваат доживотна, а за Палчо штета што нема смртна казна.
Јас не знам со кое лице се бранат, имале неколку дена да се предадат за да се избегне убиството на Вања, они продолжиле. Морони!
УАПСЕН ВРАБОТЕНИОТ ВО НАРОДНА БАНКА КОЈ ОД ПАРТИЈАТА „ДЕСНА“ ГО ЗЕМАЛ ЗА ДА ГО УНИШТИ ОРУЖЈЕТО СО КОЕ ПАЛЕВСКИ ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ
Овој адвокатов на Палчо нормален ли е бре? Немало докази, ниту сведоци. Овие двајцава токмаци што сведочеа што се?
Намерно е изигнорирано или обвинителството е толку глупаво? Двете сценарија ми се многу реални. Каква брука, мизерија…
Цела година се збореше на рочиштата за некое лице кое го уништил пиштолот ама бил фамилијарен па да не го вовлечат не го кажуваа кој е. Мислам целово обвинение намерно е чиста фарса за да падне на повисоките судови или Стразбур (што беше најавено од адвокатот на Палчо). И ова со денешново откривање на лицето не планираа да се деси, им измакна од контрола Манев.
Буревесник има пишувано дека сведокот е сопруг на судијката Ленче Давиткова дека е од редовите на Вмро па можеме да претпоставиме зошто до сега никој не се заинтересирал кој е сведокот.
Се молиме за најстрога казна. Психопативе се опасни по живот за другите луѓе ако се надвор на слобода...
Помалку од доживотен затвор ако добијат, на сите останати психопати во државава ќе им дадат амин што сакаат да прават... е тек тогаш ќе има црни хроники по вести, ќе се плашиме надвор да излеземе.
https://www.slobodenpecat.mk/presud...ka3oL2D3F2VykekwkI_aem_XOnChNWg47qFKMyCiIcB5w Доживотен затвор за убијците!!!!
Нема пресуда за него, ослободен е. Многу се израдував за идиотиве, ништо помалку и не очекував, нека скапуваат во затвор сега.