Јас не разбирам како се ова се заврши а не е откриен мотивот. Или некоја повлијателна личност е во игра и ја кријат, или стварно незнам шо е работата.
Чоек, една педа народ сме. Сите знаеме некој или некој што познава некој што работи во кривичен, знаеш како се дознава се... Охохоооо... Башка ваквите "успешни" приказни им требаат за да го кренат рејтингот на судот, зошто е минус сто веќе. Не верувам дека ќе излезе тој. Колкава е Македонија, ќе го види некој на улица, ќе го види некој во продавница, абе ќе каже некој чувар и пијано дека е надвор и толку е.
Бупче не оди тоа така. Еден другар на братучед мој, се криеше со години на Малта, прво одење дома го степаа ќорка. Верувај не е толку едноставно. Палчо веќе нема ни кредибилитет ни некој ќе го слуша, башка ако почне да лае ќе се исави во кофа случајно и готово.
Абе ајде психопатот ги изврте на малиот прст сите. Зошто не е малтретиран и тој?! Каква е оваа разрешница да после скоро две години немаме мотив? Зошто се малтретирани само другите обвинети со цел да се протне еден мотив, а мисиров не е? И какво е тоа игнорирање на исказот на Манев кога на првото испрашување кажа дека има друга личност која го уништила оружјето, но не посочи која. Што си рекоа во тој момент? Аха има ама не кажа која е, одиме понатаму? Намерно се прават слепи, ги вози како сака. Палчо цел живот брка матни работи за властите. Којзнае какви гадотии има одработувано и колку крв има на рацете. Уценувани се јако, за жал не верувам дека некогаш ќе се дознае мотивот. Сѐ што посакувам за него, посакувам и за тие што молчат. Никаде и никогаш да не го најдат мирот. Според мене е чиста одмазда и мислам дека писмото на мајката до судот беше крик за помош, има уште едно дете.
Баш заради ова мислам дека нема да стапне во Идризово. Ние ќе си мислиме дека е , ама он ќе се сонча на некоја плажа во Јужна Америка.
Само за едно ги почитувам Албанците, а тоа е одмаздата. Си убил некој, го јадеш па макар и на крај свет да се скриеш ама неказнето нема да поминеш. Судството кога не го бива, правдата се зима во свои раце и мене ми е тоа океј. Ќе се сонча он после пак. Само под земја.
Мислам тоа е клучот, право во центар. Пред 3 дена успејаа да го најдат и да го гонат (евентуално) во одвоена постапка. Деца од 3 години да им дадеш да водат ЈО вака би играле. Нема врска ова со случајот, и на толку ќотек од истражни мерки дури сега го најдоа. Браос. https://republika.mk/vesti/hronika/...tuku-merki-za-pretpazlivost-i-odzemen-pasosh/
Маж на судика е, затоа го криеја до сега. Не дека не го знаеја кој е. Овој Манев ептен јавно им го кажа на судење, па мораа да „реагираат„
Да да, таткото не се знаел со психопативе, абер немал дека они не се токму и се со прљави раце и појма немал што се случило цела недела дур се бараше Вања. Друг да лажат тоа Луѓе со прљаво минато може до утре да се лажеме дека не се движат во вакви кругови
Луѓе освен лична одмазда кон Александар (или Зорица), ако не е точна претпоставката дека Александар учествувал, нема. Мислам целава приказна е за безмозочни амеби, долина на в'ците си играле, многу Полат го бендисувале очигледно. Или е одмазда кон родителите, или глупакон сериозно сакал да извлече пари преку ќерка му. Како и да е, утепаа старец и дете за НИШТО. Гниди.
Освен Палчо, сите биле за пари, глава оставам. Им ветил пари, овие ко слепци полакомени.. Е Палчо за што, стварно не знам.. Ама за пари не е, пребрзо ја убил.. Сонце да не видат, мршии..