Тања одма ја откри мистеријата кој стоел зад ова. Браво. Секако дека чудно е пречудно ама може и друго сосема да е сценаријото какво што ни на крај памет не би ти текнало или не би се надевала дека е можно. Еее, да беше се така црно и бело ама не е.
40 дена поминаа од екстрадицискиот притвор, ништо не кажуваат дали му е продолжен, каде е,којзнае што се случува...
Јадно дете само тоа имам да кажам-на таков суров начин да му го одземат животот кој допрва требало да го живее- ни криво ни должно. Ништо веќе не е важно- и да ги стрелаат и цели фамилии да ги погубат на убијците, она веќе не се враќа.И го скратија животот во најубавите години.
што се случи со српскиот политичар нели вети дека уште снимки ќе објави? Инаку неверувам дека некогаш ќе го испорачаат, се си мислам дека ќе заврши со несреќен случај таму и така ќе го затворат случајот.Бидејќи сигурно Палчо има огромен број на материјали и за двете политички страни заради што не бил уапсен досега со години.. Од друга страна така можат и сите други вакви неразјаснети случаи да ги препишат на негово име. https://citaj.mk/2024/01/20/video-n...i6gtf30UqAQbKCyJdRRvr2QmGXMMV_nZwU5fZwhcfbILQ
се согласувам, затоа сметам дека е најдобро да го испорачаат, но се ми е страв дека тоа никогаш нема да се случи.
ништо, вчера-завчера коа беше, Бубевски само изјавил дека нема нови осомничени. Ајде може новиов министер ќе ја среди како шо треба. Ми личи асален
дали некој го има гледано интервујто на адвокатот на палчо кај васко ефтов, немав време да го изгледам а прочитав нешто кај јоци.
Уфффф морници ме полазија само шо го видов типчето, вака од низ град го знам и имам среќавано и по бус...језиво типче Не ме изненадува и поголеми убијци да брани, не сум гледал интервјуто
Јас го изгледав баш до пред малку. Ништо посебно не кажа. Освен инфо за кој се живеел во зградите кои ги поседувал Палчо, кои згради ги поседувал, па која му била жена, дека имал 1 керка која работи во Алкалоид. Дека добил оштета од милион и двесте евра во времето на Љупчо. Дека имал и други долгови. Куќата му била под хипотека. Дека главна рана му било што имал забрана да се доближува до керка му. Дека пиштолот го имал во канцеларија и кога овој го прашал, оти чуваш пиштол он рекол: заради безбедност некој да не ме убие. Дека имал хрватско и македонско државјанство. Дека не избегал у Хрватска , ниту во Бугарија оти се во ЕУ па одма ќе го вратат назад. Затоа опции имал да бега Србија или Турција. Спомна и за бомбите и каде тоа чувал битни информации. Но во 90 % од разговорот се спомнуваа ПАРИ Епа тоа е, не за џабе рекле парите се отепувачка. Ама шо да прајш ко во светот се се врти околу парите.
Го брани таткото дека е невин и наместен затоа што го расветлил цел случај во МВР, он ги прибрал сите снимки од кафичите и им го покажал Цитроенот. Па затоа го местат. Првичната идеја им било да не се поврзат двата случаи и да се окриви Панче дека го извршил убиството на Вања. Кажа и дека сите снимки и материјални докази што ги имаат МВР ги поседува и он. И тоа во висока резолуција каде што се гледа се. Им се закани на МВР дека ќе ги пушти во јавност ако продолжат да ќутат и да не превземаат нешто. Пушти 2-3 фотографии од цитроенот сликан од Ван Гог кафичот и некоја фризерница во Дебар Маало. Рече дека после првото негово видео за прв пат е испрашан таткото откога е држен во притвор и рекол дека не го познавал Палчо. Потврди детали дека полицијата во Велес не ја барала колата затоа што не знаела дали е исчезнат со неа или со моторче, иако ќерка му ја објавила на Фејсбук со регистарски таблички, модел и слика. Исто така дека Панче е нервозен на снимките од бензиската и пробувал да го скрши клучот од резервоарот за гориво. Кога се вратил повторно на бензиска ставил само гориво за 500 денари, недоволно за да возат до Скопје и до Бразда, па затоа морале да купуваат повторно. Дека убиството е порачано од некоја трета страна, од некој големец, психопат, кој може да убие без да го стигне било каква правда затоа што има огромна моќ над законот. Палчо дека е намерно пуштен да избега од Македонија, а овие 3 задржани во притвор поради тој на твитер што изнесе во јавност дека планирале да ги пуштат. Дека деталите на полицијата не соодветствуваат со оние на убиството. На пример рекоа дека ја убиле во 10ч, а на снимките се гледа дека колата горела уште во 9:37. Во тој момент поради самитот на Обсе, Скопје е надлетуван со 2 хеликоптери и не било можно да не се примети дека нешто гори. Па, дека исказите на Спасовски и Бубевски не им се конзистентни и има огромни дупки во нив. Дека сите се пикнати во затвор за да се тргне фокусот од случајот на јавноста, посебно таткото. Ного не верува дека Палчо ќе биде екстрадиран од Турција, туку дека ќе го најдат мртов таму во затвор. После зборуваше со една жена, психолог/психотерапевт која вршеше психички профил на убиствата и кажуваше какви видови на психопати постојат кои вршат вакви грозоморни убиства на деца. Па кажуваше примери психологот за високи кругови на министри, богаташи, милионери кои се дел од окултистички психопатски групи кои грабнуваат, малтретираат и убиваат деца. Како се толку моќни што знаат дека нема да бидат откриени. Даде примери на силувачи во Франција кои ги пуштиле од затвор баш затоа што имаат многу пари и се дел од тоа. Како и некој министер бил дел, и се заташкало одма. Убиството на Вања не било од ритуална и окултистичка природа, но било извршено од слични психопати кои имаат огромна моќ. Планирано било да ја грабнат и сестричката, но, поради тоа што се случило со Панче, планот им бил одложен за некој ден. Главната поента му беше одбраната на таткото. МВР нема докази за него, ги прекршиле правните закони на 2 пати за да го задржат во притвор. Добар адвокат треба да го оспори случајот и да го ослободат од притвор. Рече дека уште имало добри луѓе што работеле во МВР кои не биле компромитирани и сакале да излезе правдата во јавност, ги поддржа нив да се похрабри. Медиумите исто така треба да извршат поголем притисок над МВР и судството. Да се поставуваат правите прашања и да не се остави да се заташка случајот. И, секако, дека покрај се, семејството Ѓорчевски е крајно уништено.
Офф, кој да ги постави правите прашања и до кого? И во однос на мотивите за убиствата... Спомна овој Ного дека мотивот за убиството на Панчо ќе го објавел по покренување на обвиненијата, до тогаш ќе чекал да види дали обвинителство ќе се држи до "долг од 500 евра". За мотивот за убиство на Вања, кажа дека има 2 издржани теории, мотиви за нејзино убиство, но нема да ги изнесе. И она што ми беше најинтригантно, рече дека сепак постои заеднички именител помеѓу убиените и обвинетите за убиство, и кога некој (вистински истражувачки новинар) би се заангажирал да ја прочепка таа врска, би се дошло до мотивот и нарачателот. Јасно е дека ова всушност, не се негови самоволни заклучоци, туку му е пренесено од некој наш, кој веројатно му ги предал и снимките и другите информации поврзани со случајов.
Eте човек учи додека е жив, Македонија и Турција се соседни држави и делат граница. Иначе нели пред месец дена беа денови во прашање на екстрадација на Палчо?