Тоа не се знае. Процесот е долг. Баш сакам да ја дознаам причината за убиствата. Убаво пишав јас дека пари се во прашање и дека и таткото е поврзан, ама за некои не било така. Дури сега сфаќам дека во некои од коментарите на фб има вистина. Останува да се надеваме дека ќе добијат најстрога казна. Многу ми е жал и за Вања и за Панче.
Уф ќути. Штом мене ме потресе случајов , обично кур не ми чуе , ко Хитлер да ми бил дедо. Но штом јас се потресов, ептен е болен случајов. Не може да се искаже со зборови колку тажно.
Може да објасни некој зошто за да го донесат се потребни 30 дена? Какви се тие документи што се изработуваат дури 30 дена? Демек да беше убиството во Турција, а пребеган во Македонија (значи обратно), ќе се влечкаа 3 месеци? Намерно прават вакви глупости за да се одолговлечи све и да се заташка. А и сѐ повеќе ми личи дека таткото и не е толку умешан, колку што е мајката. Не зборам директно за убиството, као демек она си ја издала ќерката, ама учествувала во глупостите на татко ѝ (дедото на Вања). Од таму се сите проблеми. Не е ниту едно рандом девојче, туку баш она, внука и ќерка на имотни луѓе. 5 станови во дебар маало се отприлика нешто помалку од милион евра, а се само станови, каде е друг имот и плус заштеди во банки и под перница. Највеќе ми е жал за девојчето и Панче.
Кој срам не ми е јасно? Да брзо заврши истрагата и ги фатија. Можеше уште да ги бараат. За екстрадиција си треба време, си има процедура.
Срам бе Јуле за тоа што не работат ко што треба, си има комуникација одма на гранична полиција во која и да е држава, ќе беа известени и одма ќе беше фатен Палчо. На тоа притискам јас, на таа ефикасност да почекаме прво да побегне слободно, па после на сигурно ќе се договориме уште колку дена. Затоа реков, ти ги пофали , ама не се баш за фалење штом направија пропуст.
Не може на граница да реагираат ако нема потерница. Он не ни беше тогаш осомничен. До моментот на апсење и наоѓање на телото, беа брзи и ефикасни. Имаш примери во светот колки знаат да траат ваквите истраги. И сега веќе МВР не е надлежно, случајот е во Обвинителството.
Според Ного, полицијата не си ја завршила работата, туку оној што им ги дал доказите од кои почнале да трагаат е таткото на Вања, сега е осомничен и е во притвор, Александар Ѓорчевски. Ако тој Ного лаже, зошто против него нема кренат тужба од страна на македонската полиција ? „Целосно е нарушена истрагата и мислам дека овде потфрлија и МВР, а посебно ЈО коешто пак сега е главен орган којшто располага со целокупниот доаклзен материјал, затоа што МВР ќе каже ние се што имавме му предадовме на ЈО. ЈО е тоа кое според тој доказен материјал треба да изготви и соодветен обвинителен акт за целиот овој предемет, така што морам да констатирам за жал дека конспиративноста во ЈО ни е на нула ниво и некој треба да понесе одговорност затоа што ги компромитира истражните дејствија.“ - вели Ѓурчевски. Значи не сум само јас што ги критикувам полицијата дека не работат ефикасно. За јавното обвинителство не ми се отвара уста после прес конференцијата каде кажа причина за убиство на Панче биле 500 евра. Е затоа и реков за да пише некој дека полицијата била ефикасна треба сите до еден да се фатени и затворени, а не да има простор за да побегне еден. Фали еден, не се сите фатени, значи полицијата не е ефикасна.
Од каде му се на новинарот тие информации? Какви 500 евра. Тука се работи за големи пари. Девојчето плати со својот живот за нечија грешка.
Овој сега што новиов, што е техничкиот министер рече дека ќе се врши внатрешна истрага во МВР, да се види каде е потфрлено и што е скриено. Тошковски: Имам сомневања за случајот со Вања и Панче, наредив да се истражат детално Побарав да се истражи во целост случајот и да ја затвориме таа тема еднаш, дали во рамките на полициските делувања на припадниците на Министерството било постапувано согласно процедури и стандарди или пак не. Ќе треба малку време да се истражат детално овие процеси. Таму има двајца луѓе, еден којшто сум го поставил јас и едниот кој што го поставил дополнителниот заменик“,посочи Тошковски.
Не знам од кај му се тие информации, баш да видиме дали ќе се расветли случајот. Битно упорно ќе удираме со глава во ѕид и ќе велиме дека полицијата ептен ефикасно работи во Мк. Не дај боже да почнеме муабет за политичарите кои одлично си работат и ни ја водат државата. Да беше за заебанции па да водевме инает, ама за убиство е и упорно се оди контра и се величи како тоа полицијата била ефикасна.
Идат избори па сега ќе се собираат поени. Мајката изјави дека е задоволна од истрагата, а она знае најдобро. Што и како е било, мотив и слично може ќе се расветли. Ама во делот кај што беше полицијата надлежна и до моментот на апсењата беше брза. Некој си шарлатанти од Србија ич па не ми се коментираат.
А нели може истото да се каже и за истрагата и како реагираа Оливер и Бубески? Чист ПР и собирање на предизборни поени. Процуреа многу детали од истрагата, многу нелогичности во нивните изјави, снимки... Истрагата од тогаш тапка во место, одговори јавноста не доби никакви, случајот се води зад затворени врати, и апсолутно ништо не се случува освен што гледаат да го тргнат од насловните страни комплетно и да се заташка се. Да не заборавиме дека полицијата реагираше и ги притвори тие 4-цата после твитот на тој членот на ВМРО дека се планира нивно бегство и дека се ќе изнесе во јавност. Тоа беше денот кога ги имаа на распит, а не се знаеше ништо јавно. Во меѓувреме Палчо избега, потерница се отвори потоа. Сеуште не е екстрадиран од Турција. Не се знае никакви детали за тоа со кој зборувал на телефон точно пред и по убиството. Излегоа снимки како таткото им ја покажува колата во МВР и им го дава трагот каде да следат. Се потврди дека он ги собрал снимките од кафичите и маркетите во Дебар Маало, а не полицијата. Колата на Панче во Велес, иако пријавена од ќерка му со регистрација, модел и слика на Фејсбук уште на денот на исчезнување, од СВР Велес изјавија дека не ја барале. Се објавија снимки каде што се гледа дека колата е запалена пред да се случи убиството на Вања според тоа што го изјави Оливер на прес конференцијата, што нема логика за времето. Случајот има многу, ама премногу нелогичности и треба добро да се испита каде, што и како реагирале во МВР. Јавноста заслужува расветлување до крај. Не смееме да дозволиме уште еден случај да се пикне под тепих. Па, ајде да видиме што ќе направат сега со сомнежите од новото истражување.
Можеби мајката не сака да се изнесуваат повеќе детали за случајот, затоа и ништо не кажуваат веќе, жената уште од старт беше децидна дека работа на полицијата е да ја најде ќерка и, а не на народот, и си кажа дека и верува на полицијата..
Тоа и е изјава на место и секако нема да изнесува повеќе детали кога се води истрага. Туку да се заштити и тргни од очите на јавноста. Не треба она и другото дете да бидат теми на разговор. Низ доволно стресен период минуваат со се што им се случи. Треба фокусот да биде на случајот, МВР, Палчо и секако комплетно решавање и притворање на сите оние што се вмешани во него. Ако се има сомнежи за тоа како е водена истрагата, треба се комплетно да се провери од темел, да се утврдат фактите, да се види дали сомнежот бил оправдан, или не, и секако судот да си го продолжи процесот понатаму.
Да Били, заради твитот ги приведоа. Жити се. Уште од сабајлето се знаело дека се најдени телата и овие пропеале. Не е пуштен Палчо, а не може да биде вратен преку ноќ. Се согласувам дека до крај мора да се расвлетли случајот, ама не верувам дека нешто намерно се скрива од МВР од причина што не е врзано за политика туку во прашање се лични мотиви.
Не е пуштен? Тогаш, зошто не е уапсен во истиот момент заедно со другиве тројца? И како воопшто ги поврзале нив тројца со целиот случај? Ако е од снимките од сигурносните камери, виделе тројца анонимуси кои возат туѓа кола (на велешанецот) и веднаш ги познале кои се, што се и каде живеат.?! А возилото кое го користела партијата на Палчо, која цело време била претходница на другото возило, сосе Палчо внатре, (кој не е анонимус) не успеале да го препознаат? Го препознале откако Палчо кидна. Секоја чест!
Пропеале овие. Како бре без докази ќе издадат налог за апсење? Палчо еден битен лик што па еве го пуштија. Можно е да му светнало кога им влегуваат во трга или некој од полиција му шепнал. Во МВР работат од сите партии. Што и како е знае само мајката. Штом ја нема во јавноста да зборува, ваљда она ги има сите одговори. Ние може да си правиме само приказни и да истражуваме.
Ама како дошле до нив? На снимките на чело не им пишувало кои се. Сами се пријавиле? Не. Здравата логика вели дека прво Палчо би го препознале и привеле, па тој би пропеал за другите. Со таква трагедија, и ништо да не знае, нормално дека нема во јавност да зборува. Посебно што целиот случај е нејасен, нерасветлен, со многу нелогичности изнесени токму од надлежните органи. Можеби и она апсолутно не верува во тоа што е досега обзнането, ама што да прави? Да се компромитира со институции во вакви моменти? Па дури и да има сомнеж за некого дека има мотив за убиството, со самото тоа што другиот родител го осомничија за соучесништво и мотив, можеби чувствува нож под грло. Не ја знаеме позадината и мотивот, а живееме во луда недржава, кај нас секоја фикција има потенцијал да стане реалност.
Мајка му на Пино крена се на нозе. Државата е оддамна луда, ама доста и ние се правеме детективи. Реков, битниот лик Палчо.