Зошто се плашиш да пишиш лош збор за полицијата ? Од кој ти е страв ? Еве кај мене у фамилија има 5 души кој работи кој пензиониран од МВР и јас упорно критикувам дека не ги бива. Цело време ги браниш мислиш овие МВР од Јапонија се ептен ефикасни.
Абе ти во гимназијата ли заврши?Го знаеш историчарот што беше директор? Што викаше што е демократија? Некој ќе одговореше, а он ќе кажеше не.Демократија е тоа шо ја ќе кажам. Така да затоа трај си не се знае точната дефиниција на демократијата во светот.
Не знам од кој се плаши @JuLleE , дали некој и се заканувал нешто ако не дај боже напише еден лош збор против МВР на фемина форум. Ме загрижува стварно. Ја следам темата и она цело време ги брани полицијата. А случајов е толку сомнителен до немај каде.
Дали си сериозна, да се плашам од МВР? Па јас не ни живеам во Мк. Од што да се плашам. Само коментирам и се додека нема ништо официјално, нема да си правам филмови од случајот. Точно дека доста работи не се кажани во јавноста. Не знаеме зошто. Ама еве на фемина да разглабам дали смрди или не, немам намера.
Има кај Васко Ефтов во емисија за мемберси што точно се случувало тој ден а и деновите после тоа. Погледнете ја за да ви се разјаснат нештата, како дошле до нив, како дознале дека ја дувнал за Турција, што како се дешавало до апсењето.
Абе добро тоа што се пишувало или не по нетот. Не е на арно да браниш некој кој уствари е доста корумпиран и не работи ефикасно. Знам, ќе ме караш дека и се запнав на @JuLleE , ок, ќе ја оставам на раат. Само не можам да ги фалам тие кои не си ја вршат работата. Според моите математики не ми се сите овци на број. Фали Палчо. Значи, ако се фатиш ефикасно да работиш ги фаќаш сите комплет и ајт. Нема тука попуштање или давање време за еден да побегне. Никако, тоа е голем минус.
Мене одамна ми се скршија розевите наочари. Не сакам јавно да пишувам, ама кај нас во станица имаат вработено Инспектор за сајбер криминал, со некое таму средно стручно, без никаков факултет и типацот наместо да си ја работи работата, оди им влегува по профили на фб преку негови таму апликации шо ти ја знам, на луѓе од опозиција, нели он власт е. Друг инспектор замешан со дрога, осомничен е, докази има против него. Која полиција, значи?
Овој е таков политички шлајм на човека да му се згади, како технички министер не е поставен таму да истражува што праела и како праела власта, а да не заборавиме го користат убиството за политички поени пред избори...
Како не е поставен таму да истражува што и како прави МВР (не власта)? Баш за тоа е поставен како технички министер и негова задача е да управува со тој оддел и да елиминира било каков сомнеж во работата на МВР, во врска со овој случај. Зошто бившата власт би се плашела од вршење на нова истрага во врска со случајов ако не е прекршена ниту една процедура? Се чини како цел пост да ти е само плукање за терање политичка агенда и перење на минатата власт наместо придонесување кон дискусијата за истрага за убиствата. Како граѓанин треба да ти е главен приоритет да се откријат прикривања, криминали, корупции и лошо работење на властите, посебно што до сега сто пати се докажаа и покажаа во право светло во овие 30 години. Зошто ги браниш и правдаш?
Која е улогата на техничка влада? Да ги спроведе идните избори без поголеми проблеми. Улогата на техничката влада не е да врши ревизија на одредени криминални случаи. Па да не праиме муабет типот како искочи со 1350 интервјуа те за пасошите, те за Вања, те за ова, те за она. Апла ВмроНско бркање на политички поени. Дај не ме дупи на сред емисија у телма потпишуваше укази, ваљда не сте толку плитки да видите како ви сервираат?
И втор момент, слободно нека дојдат на власт па нека откриваат, ама знаеш како е тоа кај нас, ќе имаше снимките и за смилковско и уште ги чекаме од Заев, тој победи со тој наратив, и чим победи снимките беа аш.
Па како тоа викаш место да си ја работи работата, па ова баш му е работа бе.. Ете, за само да им изнајде прљав веш и да може после да ги уценува за да извлече нешто од нив. Само заради таа пуста алчност и лична корист. Не зашто луѓево не можат никако да разберат дека сите матни „бизниси“ и игри што ги играат се со амин од МВР?? Оние што треба да се грижат за безбедноста, за јавниот ред и мир, они самите ја загрозуваат правејќи криминал и сакаме после се во ред да е тука па и да се правиме со сила глупи, да замижуваме пред тоа и згора на тоа доверба да иаме у нив? Кај може? Не знам која целта му е на членов но ко што изгубена е довербата скроз од сите, не сум баш оптимист дека ќе напраи и овој нешто. Дај Боже да грешам и да се открие све и разреши конечно со задоволена правда. Ко што вика и он, многу од нив вака се истрчувале и ветувале ама на крај едно големо ништо.. Лесно е вака пред народ да се лае, дај со дело нека покаже шо фактор е.
Едно е да не бидиш оптимист, друго е да го напаѓаш што отворил истрага. Вака излегува дека имаш политичка агенда, и наместо да го канализираш незадоволството таму каде што треба, ти гледаш да го задушиш секој обид за да се истражи и промени нешто. Може ништо нема да направи и овој, кој да знае? Ама темава е за истрагата за убиствата, и во наш прилог како граѓани оди да се разреши се. Сите знаеме дека има нелогичности во изјавите на Оливер и Бубески, и дека не е спроведено се онака како што треба да е спроведено, туку некои работи се сомнителни. Така да, како граѓани треба да продолжиме да притискаме за транспарентност во истрагата и не треба да бидеме заќутувани секој пат кога ќе кренеме глас и ќе бараме одговори. Ако овој ни ги даде, добро за него, ако не, уште еден во низа.
Никако не треба да се заќутуваме, доста беше веќе. Ајде, нека се деси чудо некое и позитивен исход да има. Ако не, мислам уште толку треба да се разгневиме ама и ние веќе да го покажеме тоа незадоволство. Ако и овојпат не се солидизираме и кренеме за ова, стварно се најлошо заслужуваме.
Океј е на километар се гледа дека имаш книшка од Вемерото, не мораш да се објаснуваш. Јас само кажав дека технички министер не треба да се занимава со дневно-политички проблеми, па ни со убиства туку единствено и само со тоа изборите да поминат фер, коректно и без гласачки притисоци. ПОБОГУ ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР Е ТЕХНИЧКИ, НЕКА ДОЈДАТ НА ВЛАСТ НЕКА ВОДАТ ИСТРАГИ, ОТИ ОВА Е САМО БРКАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ ПРЕД ИЗБОРИ НА ТРАГИЧЕН НАСТАН.
Е ме погоди, баш. Јас колку го имам критикувано Вемерото... Нема потреба од дерење, на форум си, постојат правила и прописи. Погледни ги, и држи се до нивото при дискутирање. Ќе одговориш ли зошто тебе ти смета ако се отвори истрага за случајот кога веќе има сомнежи и нелогичности откога се пласираа нови снимки и докази во јавноста?
Он ако сака нека си прави проверки, но технички министер е. Техничкиот министер нема толку надлежности како регуларниот. И да дознае нешто, нема да може да постапува поради ограничувањата. И да се обиде, лесно ќе го укочат.