Палчо бега одма три дена после убиството т.е на 30 ноември. Како очекуваш тогаш да е фатен на граница кога не беше ни осомничен? Според мене релативно брзо го најдоа, а можеше да се заташка пронаоѓањето и тоа многу, ако направиме споредба со некој друг случај на пример убиецот на Пино Секондо веќе пет години си се шета слободно и нема да го најдат. Што би рекле за ова? Во врска со екстрадицијата верувам дека за брзо ќе го испорачаат, не може тоа преку ноќ да се реши како што си мислите.
Ист став делиме. Само да и одговорам на членката со ник @Mrs.Precious - поима немам за што збориш, искрено нит сум читала нит сум у тек со тој случај што правиш споредба Мене лично ме потресе случајов во Вања и Панче па тука ги гледам во акција која институција колку се има покажано. Уште ли не е донесен Палчо ? Колку месеци, години треба да почекаме ? За мене сум сигурна дека нема да заборавам на случајов додека сум жива. И после 10 години пак ќе ја активирам темава. И после 10 години пак ќе прашам кога ќе го донесат Палчо ? Уште колку има да чекаме ?
Колкумина колку пати треба да ти кажат за да сфатиш дека не може брзо? Никаде во светов не испорачуваат криминалци за еден ден. И никој не може да ти каже конкретен рок бидејќи има разлика од случај до случај. И не сме таму за да знаеме. И медиумите не знаат. Ќе известат кога ќе дознаат. Секоја држава има свој правен систем со свои специфики, правила и процедури. Екстрадицијата е долг back and forth процес. Државите го влечеле со месеци и години. Се утврдува дали двете држави имаат договор за екстрадиција и дали се потписнички на соодветните конвенции кои ги обрзуваат државите на соработка. Од тоа дали се зависи како се одвива процесот. Треба да се собере и прати документација со факти и докази. Треба да биде на англиски или на јазикот на државата во која се наоѓа лицето. Турција прима и на англиски и на турски. Се разгледуваат околностите во случајот. Нашиве се во постојана комуникација со нив. Ако нешто ѝ е нејасно на Турција, може да побара дополнителни информации од Северна. Па, Северна праќа апдејти. Турските институции одредуваат притвор за да не избега. Вообичаено не толерираат вакви ѓубриња, па не би требало да дозволат. Колку и да не ни се допаѓа на нас, Турција треба да увиди дали лицето ќе се соочи со ризици по испораката и дали би му се прекршиле некои права. Ние немаме смртна казна. Гневот на јавноста е оправдан и не е до тој степен изразен за да може Палчо да го искористи како аргумент. Тој и да се обиде да го презентира случајот како политички прогон, нема да му успее при силни докази. Турција да не беше уверена во нив, ќе ја одбиеше Северна. Штом Лога и Пендаровски добија позитивен одговор, Палчо треба да биде испорачан.
Мозоков мој никако не може да го прифати твоето објаснување. Исто како што никогаш до сега сум немала доверба у власта во Македонија оти секој збор им е лага. Затоа и прашањето уште колку години ќе го вратат назад во превод е дека никогаш и ќе се заборави случајот. Тоа е целата болка. За разлика од мене има луѓе, конкретно мои роднини на кои не дај боже нешто лошо да искритикуваш за член на политичката пратија што ја поддржуваат. Одма ги слушам муабетите : ауууу тој е златен човек, па мене тој ме вработи , бла бла бла Е сега свесна сум дека упорно притискам на темава да се разреши случајот и до ден денес нема одговори на многу прашања. И нема да се реши никогаш, тоа е болната вистина. И нема ништо да му направат на Палчо. И ќе си продолжи животот како ништо да не било. И ќе продолжат да лажат политичарите. И нема ништо да функционира никогаш и во вечни векови. И не сме деца да се залажуваме и да бидеме наивни да паѓам на зборови што рекол оној од СЈО дека Панче е убиен за 500 евра. Треба да е човек ептен глуп да поверува дека е убиен човекот за 500 евра.
Абе јаките штикови, кој ги есапи овие скапаници на овој бели свет, жити се? Па писма на Ердоган му пишувал, абе обавезно ќе се затрча Ердо да му учини на Стевица, колку тој што се затрча кога Ердо ги побара ѓуленистите од тука. Туку, покренаа ли обвиненија против осомничените? Или чекаат да се удават во кофа, па "инстант" да го решат случајот, без судење и сведоци?
Притискај кај институциите, не на форум. Секако дека не функционира кога како народ не сме сложни и не ги рушиме дури и при најмала грешка.
Само што Спасовски сабајлето на прес кажа дека ќе се издадела меѓународна потерница за него, до другиот ден никаква потерница немаше, откако лабаво човекот си ја прошета Бугарија и си ја префрли и тамошната граница со Турција. Колку време им треба да извадат потерница кога осмоничен им е во бегство и имаат инфо дека не е во државава? Рече нешто во стилот - Можете да се осеќате безбедни, не е во границите на државава. Да има барем кого да го оправдуваме и да се докажуваме за истите, ама за овие беди? Ич не вреди.
Ова твоиве роднини, ко свекор ми за Мицко. Ко роден брат да му е го брани. Абе да го слушаш, комедии. Си мислиш месијата иде,готово. Значи имаш луѓе што сеуште се убедени дека во државава нешто функционира и за тоа не можеш да им замериш. Не се они криви, уште не им дошол редот да прогледаат. И јас бев вака наивна и верував, дур не осетив на своја кожа што можат овие да ти направат, незаконски, валкано, што и да сакаш да тужиш и да бараш правда едноставно немаш како. Се покаав за 3 животи што не си заминавме од оваа дупка, кога имавме шанса и мм буквално ме молеше да си одиме.
Најјаки ми се овие. Не е ич смешно, реално тажно е. Ај постариве што се продаваат и за сендвич од штаб и им идат по митинзи ама млади заслепени да се и да им веруваат? Не ми иде дека до толку будали се, зар не се научија дека пракса им е да ветуваат брда и долини, а ништо од тоа да не исполнат, напротив, да не докрајчат? Ама Македонче пусто, ќе им излезат у пресрет демек и секако мораат да глумат лудило. А тоа што ни го зачукуваат убаво и не ебаваат како сакаат, нема везе тоа. Трпи будало..
https://vecer.mk/makedonija/prodolzhen-pritovorot-za-93ed607d-53f2-4ace-aac6-a09fd9ae1d9d информациите се стари еден месец.
Затоа што некој рекол тие сеуште го држат во притвор.А докази имаат ли за тоа? Нели му прегледувале телефон,компјутер? Секој може да каже што сака, ама тоа дали е вистина.....
Дека Палчо сакал експресна екстрадиција и дека се чека на нашите за да го превземат.Нашите рекоа дека се во прашање денови за да го екстрадираат 2 месеци поминаа.