Греота, девојчето ни криво ни должно што све проживеала, многу ми е жал и криво а овој, не знам, не знам и не ми е јасно зашто не ги бесат на плоштад!!!!
Извинете вака, едно прашање што не можам да најдам точен одговор на интернет. Девојчето е најдено во запален автомобил, така? Дали и е извршена аутопсија?
Извршена е аутопсија. Така знам. Не се открива ништо во јавност. И не треба. Девојчето си отиде ни криво ни должно.
Треба да се открие СЕ во јавноста , а не некои копиљиња да се вадат на политичка местенка, да им го смести некој со се јајца. Ако девојчето било запалено, се знае зашо се праи тоа....
Не е најдена во запалениот автомобил, туку некаде закопана во околното место. Инаку имаше слики од местото каде бил закопан Панче, се познаваше дека е машински ископано.
изјавил дека ќе се самоубие. Незнам веќе што да мислам, дали е виновен или не..Некако како одминува времето се повеќе сум на мисла дека не е.
Не е запалена, закопана ја најдоа. Ќе се каже јавно кога ќе се иде на суд, не може претходно и не смее претходно да се изнесуваат докази јавно.
Не знам што да мислам за таткото. И да е бил вмешан, очигледно е дека не сакал да биде убиена. Очигледно е дека е во многу лоша состојба. Не знам зошто не го пуштаат. Адвокатот вели немаат докази. И Врховен го одби. Зошто? Мајката никаде ја нема. Мрак. Случајот беше во фокусот на јавноста, а сега се молчи и им се остава просторна теоретичарите да прават приказни.
Јуле да бидеме реални,не се работи за нкој кој нема врски и Туфегиќ да не може да му обезбеди барем домашен притвор сигурно има причина.
А во законодавството постои таков член, дека врз основа на "има нешто" можеш да држиш некого во притвор 4 месеци? Јас мислев дека тоа "нешто" треба да е доказ, а доказ не предочиле. Обвинителство ете не сакало муабет да прави на таа тема, а законски се обврзани да достават докази на одбраната. И што треба сега јавноста да мисли? Човекон е распаднат, психички и физички. Како да играат на таа карта, дека нема долго да издржи, дека им е тежок товар од кого сакаат да се ослободат побрзо. Без судење, без ништо. А во меѓувреме одржуваат мукла амбиент, никаква динамика во процесот, екстрадицијата абер нема, апсолутно ништо не е помрднато од денот кога имаше прес. И сега, што да мислиме?
Па сигурно има доказ, остај ти одбраната што вели. Ако не овде, надвор ќе бара правда ако без докази е држан. Еве го пуштија возачот, него не. Јас не верувам дека овде има нешто за да се обвини намерно таткото.
Синоќа го даваа на вестите. Стварно изгледаше многу лошо. И јас почнав да се двоумам дали е виновен или не. Но, не се знае веќе кој ја кажува вистината, дали тие што го посочиле дека им ги дал иформациите кое време ќе излезе ќерка му или дали тој кој го негира тоа.
Девојчето е најдено закопано колку што знам, а колата запалена, не било девојчето запалено, Скопје е мало место, такво нешто одма би се дознало да го направеле и тоа.. И секако дека е извршена аутопсија, убиство е во прашање..
Па не може адвокатот да лаже, одма ќе го демантираа од Обвинителство. Ништо не му дале, дефинитивно. Ете го слушна, не сакале ни да го примат, а не па нешто да му предадат ако имаат. И нормално е да бараат правда надвор, ама колку што знам, мораа и Врховен да го поминат, за да можат да одат понатаму. Ти не веруваш, ама јас верувам дека е одбран за жртва, и дека нема врска ни со грабнувањето на свое чедо, а уште помалку со нешто позлокобно. Фактичката состојба ми дава за право така да верувам.
Зошто намерно одбран? Овој случај нема никаква побрзаност да речеме со политика па сега ќе местат. Можно е татко да дал некои информации, ама да не учествувал во убиството. Ни мајкава ја нема да го од одбрани. Не знам, чудно е, еве и мене ме буни како изгледа, ама баш без никаква причина да го држат ми е неверојатно. Нема јака фаца овде за да се заташка случајот. Палчо не е. А ако мислете дека има снимки, тие снимки ги има пола држава веќе.
Па сигурно има причина што го држат, ама која е причината? Во секој случај, ако некој може да знае нешто повеќе за мотивот, тоа би било семејството на Вања, ние може само да нагаѓаме. А што знаеш, можеби татково бил гласен за некои негови сомнежи кога исчезна ќерка му, па еве што му се случи. Ниедна вистина, ниедно сценарио не би ме изненадило, знаејќи во каков монструозен систем живееме. Затоа и сосема го разбирам апсолутниот молк на мајката.
Колку што знам таткото го негираше и познанството со Палчо и другите учесници. Ама има нешто поради кое го држат, сигурно. Инаку, тој што планира самоубиство не го наговестува тоа.