Сите на суд лошо изгледаат кога се обвинети. Не велам дека му е лесно, НЕ ЗНАМ дали е виновен. Ама Јуле сигурно може да го потврди тоа (не јади неколку дена, не се бричи, не спиј да имаш подочници па излези таков на суд)...
И јас исто мислам... Нешто не ми дава мира со татково, некое чувство... Мислам дека е дебело вплеткан и дека како и секој нормален татко го пече совест.
Не знам зошто ама мислам дека таткото е вмешан. Особено кога изјавува дека не го познава Палчо што не е баш така, зградата каде што живеел пред разводот е на Палчо, станот им бил купен од Палчо... можи не ги познава другите вмешани, али Палчо сигурно го знае. Тоа како изгледа можи многу лесно да се изглуми, али не сме му во кожа па да ја знаеме реалната ситуација. Мое мислење е дека не знаел дека ќе го убијат девојчето. И сигурно не го држат во затвор без никаков доказ. А работа на адвокатот е да го брани, за тоа е и платен
Дали вие се читате уопште што пишувате/размислувате пред да пишувате/ имате способност да ја исперципирате сериозноста на случајот можда? Или си ја третирате ко мјф трач чисто реда ради?
она што ние го знаеме е само еден мал дел, а како поминува времето се повеќе излегуваат информации кои го заплеткуваат случајот. Од сосема навидум случаен крик за помош за киднапирање излезе испреплетени имотни-правни односи до вмешаност на јавни лица, не нетака битни. Бидејќи секој кој што ги следи случувањата во државава добро е запознаен кој е Палчо, неговите дејствија и каква матна личност, но не би рекла дека нештата кои ги поседува се наивни, зошто инаку одамна ќе беше во затвор со сите кривични пријави. За разлика од тоа тој успешно си менаџираше и со едните и со другите. Кој гарантира дека некој друг далеку поголем не се крие позади него како нарачател? Зошто Палчо отсекогаш си беше лик кој извршуваше нечии задачи. Од друга страна пак татко и можно е и да има дојдено до некои сознанија собирајќи материјали по видео камерите. На крајот заборавате во каква држава живееме, ако некој од големите рекол дека ќе гниеш во затвор ма колку и да си невин тоа ќе да се случи. А тоа што сите преќуно молчат и се колку е можно помалку го споменуваат случајот е дополнително уште по сомнително дека нешто се крие. Мислам дека на крајот ќе заврши како Смилковско езеро, овие ќе ги затворат а вистината никогаш нема да излезе на виделина.
Ај смири се и не ми кажувај како да коментирам на јавен форум. Еве моето мислење е толку битно и сериозно ја наруши сериозноста на случајот. Абе вие дали се читате што пишувате?
Не како да коментирш, како да не коментираш, на ваква тема, ова не ти е селебрити трач тема. Ако си уопште способна мислам... И препрочитај си го мислењето да не ти го цитирам пак, што пиша и колку си контрадикторна.
За разлика од тебе , она има завршено факултет за ова.Па може по реално да гледа на нештата од сите други, оти тоа и е професија.
И сеа као треба да и љубам руке и ноге поштовање автоматски, и може да пишува што сака? Не? Тогаш уште поголема брука за неа ова што го пишува?
И што пишав, што би ме брукало? Си пишав коментар исто како и што ти и многу други. И за разлика од тебе и многу други не си правам филмови и заговори од случајот. Ај сега фино ќе те замолам да ме заобиколеш. Ок? А јас што сакам ќе коментирам.
Кои филмови, цитирај ме фино лепо каде сиум правела филмови, не вака слепо да ми ги прилепуваш портарски. Оние (факти) кои ти уопште немаш способност да ги исперципираш веќе со месеци? Како на пример дека главниот осомничен е еден од главните рекетери директно задолжен за сите големи "дешавки" во државава последниве неколку децении? И Цацко ти е крив за ова?
Иначе само замислете таткото да е невин, и го држат без докази и сета оваа психичка туртура и демонизација што му беше приредана(додатно по убиство на детето) што ја преживеа, во која и вие учествувавте. И слуден бил викате? Е шо така бе пресвета Сузи?