Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Истрага за убиството на Вања и Панче

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 12 декември 2023.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.512
    Допаѓања:
    251.421
    Добра ноќ;)
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.564
    Пол:
    Женски
    Посекако.(y)

    Тешко нас со вакви дипломирани адвокати "со прекрасна перцепција", тешко нас навистина.
     
    Последна измена: 14 март 2024
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.974
    Што ми е мене чудно- нели сега од вемерето се на чело на мвр? Камо ,,независна,, истрага, ако претходната беше зависна? Што значи тоа, ,со оглед на тоа дека извештајот е класифициран,, наведено во текстот https://telma.com.mk/2024/03/07/vna...shla-propusti-vo-sluchaite-so-vana-i-panche/? Дека не може да спроведат внатрешна контрола или дека нема пропусти?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    Ај вака. За тие што мислат дека немаат докази за Александар ама не сакаат да го ослободат: Зошто? Ете некои што беа приведени и што испадна немаат врска со убиството, ги ослободија. Зошто би сакале лажно да го обвинат таткото на Вања? Што корист баш тој да е во затвор? За кого корист? Нема да заштитат никого со негово затворање. Против човекот очигледно имаат некои докази, можеби тој не сакал да му го убијат детето, но очигледно има некаква вмешаност. Не знам, никој од нас не знае и не може да тврди ниту дали е виновен ниту невин, сите само си имаме претпоставки. Ама дека е без докази во притвор, нема смисла никаква.
     
    На Feminka22, Anyshka, Konfetka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.427
    Допаѓања:
    12.170
    Пол:
    Женски
    Најтрагично знајте што е? Ќе ги осудат ќе лежат, кај нас казните не се големи, утре ќе излезат, голем дел од нас и ќе заборават на настанот, после толку години никој нема ни да се сеќава,, но Вања нема да е жива, жално и трагично е тоа што заради грешки на возрасните страдаат децата.
     
    На Cosmic Girl, Mumoftwo30, Tinaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Како што го разбрав текстот, немало основа за дисциплинска постапка во однос на тоа дали навремено биле прегледани камерите и дали навремено било барано возилото на Панче.
    А во однос на самата истрага веројатно не ни имало шанси нешто да проверуваат, бидејќи немаат што. Цел предмет е во Обвинителство, Мвр си ја завршила работата. :?:
    Ако мислеше на ова.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.564
    Пол:
    Женски
    Никој ни не тврди со сигурност дека таткото е невин или не.
    Таткото може да е и колатерална штета.
    Само со право дека е чудно и
    сумњиво дека се држи без изнесени докази, ни за јавноста, ни за неговиот адвокат.

    А можеа да ја известуваат јавноста за секој детаљ до јадење баклава во Турција, додека им одговараше за политички поени.
    Сега одеднаш мистичност.

    И треба мене некој(читај партиски ботчиња со веќе и превидени фори и "слепи доверби" ) да ме убедува знаејќи и лично живеејќи ја во мојот најнов живот, модернава историја на државава, и ликот и делото на "овие", дека "они" не би се бавеле со "вакви ствари" " ни под разно", и дека треба "слепо да им се верува" , цитирам експерти "остави што вели одбраната"?!
    И дека ликов нема "никаква политичка позадина" и случајов не може "ни малку да е политички инспириран" во "екот на политички изборна сезона" .

    Ауу кажи ми па да ти кажам, искрено не знам што да кажам. :?:

    Кој е Љупчо Палевски Палчо.
    Сега на кој да се верува. :?:
    He said, she said пуштен на најјако.
    Ја би ипак на Сузи од Фемина да и верувам, она е како и секогаш најупатена.
    Впрочем ене ја сега дискутира за смртна казна во емотивно стање, во 23г.од 21ви век. Не бе уопште не е лесна за (политичка) манипулација.

    Убистсвото на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес до темел ја потресе македонската јавност која не памети вакво злосторство и постави прашања до каде е уништено општеството со политиката дека “секој може да прави што сака“ ако знае дека е заштитен од власта.

    Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиствата, е во бегство и, како што порталот Вечер вчера прв објави, а неговиот адвокат Стојков денес потврди, тој избегал во правец на Турција. На денешната прес конференција министерот на полицијата (МВР) Оливер Спасовски изјави дека тие ќе направат се “убиецот да биде фатен штом згазне на македонска територија“.

    Се поставува прашањето: Зошто од министерот е кажана оваа намера да се уапси ако се врати во Македонија? Дали е тоа порака да не се враќа?! А што ако не се врати?

    Љупчо Палевски Палчо е полициски проект на СДСМ стар повеќе од две децении , а негов ментор е Зоран Верушевски, во време кога власта ја има СДСМ Верушевски е директор на УБК и Агенцијата за разузнавање. Нивното пријателство и соработка Палчо никогаш не го криел, доволно е да се побара на Гугл и следат неговите јавни настапи
    на Инфомакс и други места за да се потврди тоа. Потојат десетици сведоци кои лично ја знаат оваа релација.

    Палчо, спомнувајќи го Зоран Верушевски, секогаш го ословува со “професорот“.

    Палчо е влезен во СДСМ во 1998 година, веднаш по изборите кои СДСМ ги загуби, и воспоставува тесни полициски и политички врски со Зоран Верушевски и тогашниот Министер за одбрана од СДСМ (1997-98) а потоа од 2004-та и директор на агенцијата за разузнавање Лазе Китановски. Патем, за добивање информации и контакти ги користи и релациите со негов братучед кој тогаш бил вработен во УБК.

    Во периодот на опозиција на СДСМ (1998-2002 година) Палчо е назначен за преседател на градскиот СДСМ за Скопје. Со тоа партијата и полицијата, на човек без никакво политичко искуство претходно, му обезбедуваат политичко значење за да може да влезе во светот на политиката и извршува задачи потребни за партијата и “партиската подземна полиција“.

    Палчо е манијанклано опседнат со полициски досиеа, манипулации и моќ стекната со полициското подземје што беше идеална подлога за соработка со Зоран Верушевски, негов брат по таква определба, и Лазе Китановски кого Мирка Велиновска во јавен настап во 2020 година го нарече “спринтер во броење гласови“, или преведено: во местење избори.

    Уште во времето кога имаше печатница на улица Теодосиј Гологанов Палчо имаше сеф со документи и полициски досиеа со кои импресионираше, заплашуваше и рекетираше. Полицијата го штитеше. Од ситен печатар кој по задача преку “печатницата“ соработуваше и со албанското “печатарско“ подземје во Мала речица, Палчо одеднаш стана битен градежник.

    Со помош на Мирослав Грчев, градоначалник на Центар од СДСМ 1996-2000, Палчо бесправно изгради кат плус на зграда над Бастион, на Ленинова, кoj кат
    потоа ВМРО ДПМНЕ му го урна, а Палчо стана смртен непријател на партијата што “подземната полиција“ вешто го користеше како негов мотив.

    Сите негови криминали и корупции, тргување со полициски досиеа и рекети полицијата педантно ги покриваше и штитеше. Зоран Верушевски, повеќе од две децинии, заедно со своите лојални соработници во полицијата се грижеше за својот извршител.

    Манијалнкалните нагони на Палчо да поседува информации и моќ од полициското подземје не беа доволни. Со престижна титула, претсдател на СДСМ за Скопје тој бараше и јавна демонстрација и моќ со која би стекнал влиајние, респект и пари.

    Со помош на СДСМ и Верушевски, а пари од Комерцијална банка, Палчо во време на опозиција за СДСМ отвори неделник Старт во кој се собраа новинари блиски до СДСМ како Мирка Велиновска и Васко Ефтов кои, по доаѓањето на Љупчо Георгиевски за премиер, останаа без работа. Новото ниво на моќ и влијание му беше дадено, а со тоа и легитимитет да контактира и делува во кругот на новинарите на кои, “спонтано“ им дели полициски информации против ВМРО ДПМНЕ и обезбедува ексклузива.

    Случајно, или не, Палчо од сите битни ликови во таа власт на ВМРО ДПМНЕ а и потоа, имаше блиски релации само со Доста Димовска. Случајно или не, поранешниот министер во владата на СДСМ, Димитар Бузлевски, своевремено јавно кажа дека Доста Димовска и Љупчо Гергиевски биле на списокот на негови соработници во времето кога ВМРО, до 1998 година, беше во опозиција и дека со Љупчо имал состаноци во хотел Гранит каде што престојувал за време на мандатот во Скопје.

    Улогата на Доста Димовска била креирана од Лазе Китановски, кога СДСМ пред избори има мал рејтинг Доста Димовска да се појавува со пробугарски ставови и на тој начин да формира пробугарска ориентација на партијата која не би била прифатлива за јавноста, а би донела корист за СДСМ.

    Проектот на Верушевски и СДСМ - Палчо да се внесе како провокатор, освен во политиката, и во медиумите преку неделникот Старт пропадна кога Мирка Велиновска, тогаш уредник во Старт, препозна која е во суштина улогата и дејноста на Палчо, тоа јавно го соопшти, и со бунт во редакцијата заедно со најблиските соработници го напушти неделникот Старт и со помош на Хари Костов од Комерцијална банка формираа нов неделеник со назив Зум.

    Некаде во тоа време, време на опозиција на СДСМ, Палчо имаше конфликт и со Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ кој секогаш имал дистанца и страв од Зоран Верушевски и неговото полициско подземје. Резултат на конфликтот беше смена на Палчо од претседател на СДСМ за Скопје и нагло опаѓање на неговата политичка и финансиска моќ. Тоа бркање од партијата Палчо никогаш не му го заборави на Бранко Црвенковски, и користеше секоја прилика за личен напад врз него.

    По бркањето од СДСМ, и одјавата од Црвенковски, на Палчо му остана само Верушевски и политичкото подземје со кое соработуваше до денес, денот на убиството на малата Вања.

    Следните години Палчо и понатаму ширеше сплетки, заплашување и рекетираше со полициски информации и документи. Преку полициското подеземје на “професорот“ Верушевски влезе во градежни комбинации со Бетон и едно време работеше проекти во Хрватска, за да не остане без потребните пари за јавно влијание. На сите негови објави и настапи, дури и за време на НАТО бомбардирањето на Југославија и војната со Косово се гордееше со својата проамериканска ориентација и глорифицираше американска политика.

    Финалната фаза, пред убиството на малата Вања, во која Палчо и полициското подземје на Верушевски препознаа своја шанса за големо враќање на сцената беше Шарената револуција и поседувањето на над милион незаконски снимени телефонски разговори кои - ги поседуваше Зоран Верушевски, прибрани од двајца негови соработници во полицијата, а потоа предадени на Зоран Заев, што е јавно докажано со сведочењето пред судот од страна на Зоран Верушевски и неговите соработници од полицијата.

    Тоа му овозможи на Верушевски да го стави Палчо во нов проект: соработка со лидерите на Шарена револуција, од кои едниот е сега претседател на Левица, и афирмација на јавната сцена како “борец против режимот".

    Со увид во неговиот Фејсбук профил, на страна сето она што го нема објавено на социјалните мрежи, може да се види дека Палчо изнесува информации од предистраги и истраги на СЈО и содржини на телефонски разговори пред воопшто тие материјали и да се појават на колегиум на СЈО. Сето тоа во соработка, и со поддршка од Зоран Верушевски, Зоран Заев и Катица Јанева од кои добива телефонски разговори и детали од истрагите на СЈО.

    Во тоа време Палчо телефонските разговори кои му се дадени ги користи и за свои потреби, за рекет. Од многуте рекетирани познати се најмалку два случаи на рекетирање со телефонски разговори на крупните бизнисмени Т.К и М.Ј. Полицијата,
    и тука, го штити и покрива бидејќи им врши потребна политичка работа.


    Палчо не може да се воздржи и наговата манијанкалност го води до тоа да отвара “анонимен“ Јутјуб канал наречен Никола Тесла на кој објавува туѓи телефонски разговори дури и во време кога тоа беше со закон забрането. За јавноста да види колку е моќен, и да шири страв кон потенцијалните рекетирани.

    Во 2017 година, новинарот Драган Павловиќ Латас, еден од целите на Палчо, Верушевски и полицијата на СДСМ чии разговори Јутјуб каналот на Палчо “Никола Тесла“ во серија ги објавуваше, а некои од нив од и дополнително монтирани, официјално поднесе пријава до обвинителтсвото СЈО за објавите на точно посочен автор - Љупчо Палевски. Ниту СЈО ниту полицијата не преземаа ништо и до ден денес

    Иако законот тоа го забрануваше, објавите на Палчо дисциплинирано ги преземаа и објавуваа портали и невладини организации под контрола на СДСМ, со што е докажано дека Зоран Заев, Верушевски и нивната власт преку користење на Палчо и во оваа ситуација вршела систематски политички прогон на десетици јавно влијателни лица.

    По преземање на власта, Зоран Заев и Верушевски продолжија со својата “подземна политика“ во која Палчо беше и остана битен елемент. За да се вовлечат во опозицијата, и да делуваат радикално за контаминизација на целата опозиција да стане неприфатлива за ЕУ и САД, се случија неколку акции.

    Се формира Левица, декларирана како радикална прокомунистичка организација која доби претседател со одлука на судот под контрола на СДСМ, по што Апасиев стана лидер на тие радикали, а Палчо формира движење Трета кое, како и Левица, одеднаш од ултра проамерикански (Апасиев во Шарена револуција) Палчо и Левица станаа радикално проруска опозиција. И, единствена нивна работа беше удар и провокации кон ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, како и неговите соработници и јавни опозициски личности.

    Во една прилика на неколку свои Фејсбук постови, Палчо најави дека ќе им ги скине главите на Латас и Христијан Мицкоски бидејќи Христијан се опишува и спомнува со прекар Даскалот, кој го користел и Гоце Делчев . За разлика од други вакви закани по живот, полицијата не реагираше. Патем Палчо на Фејсбук објави слика од револвер и негов телефон, како илустрација.

    Палчо од секогаш имал недозволено оружје, од разни видови. Во јуни годинава Палчо беше уапсен при недозволен ископ на артефакти, кај него било најдено и недозволен оружје, а патем не почитувал мерка на забрана на напуштање на домот откако беше вратен од притвор во Србија. Но, како и секогаш птретходно, полицијата не презема ништо, а обвинителството постапи партиски - како и секогаш. Тоа оружје е користено, по се изгледа, и при убиството на малата Вања и фризерот Панче од Велес.

    Напротив, “подземната полиција“ на Верушевски и СДСМ тераше проект на создавање “политичка ѕвезда“ од Палчо, со формирање партија Десна, и форсирање негови јавни политички настапи преку инетрнет поткасти во кои највулгарно се напаѓаше ВМРО ДПМНЕ и опозицијата.

    Палчо се соживеал со својата “политичка и полициска моќ“, верувајќи дека е тоа негов успех а не полициски проект. Друштвото кое учествувало во убиството заедно со него се однесувало како моќна секта, се сликале со оружја и со маски и користеле познат симбол “црното сонце“, симбол на фашистичките секти од минатиот век кој е ставен и за заштитен знак на неговата “Десна партија“.

    Денес, полицијата и обвинителството велат дека го знаат Палчо само од телевизија?! И ќе го уапсиме “ако стапне во Македонија“. Знаете ли некој што верува дека Палчо не им е соработник, дека со децении не знаат за “полициските прокети и инсталации“ на Верушевски и потоа Верушевски и Заев, од Палчо до фалсификтори на пасоши, дилери... и не знаеле со кого имаат работа, и не можеле да претпостават што може да се случи со ваков лик во зададени околности?

    Vecer |04.12.2023

    (текстот е превземен од Вечер и вклучува повеќе околу негови финансиски дилови и живот, но е скратен за да не биде предолг)

     
    Последна измена: 16 март 2024
    На Harper, Wideperpetual, Splendor. и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.974
    Битно се е според правила и прописи. Јас што не разбирам е ваљда мој проблем, сум заборавила македонски:bandit:
     
    На Harper и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  9. guest221

    guest221 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    Сега за таткото се зборува дека нешто многу битно знае или дознал па затоа му е убиена ќерката, и држи вода искрено, се води кон тоа да е политичко нарачано убиство
     
    На SummerGirl, eliesaab и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. guest221

    guest221 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки



    Изгледајте го ова, ја кажува верзијата на Палчо
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    па и Срџан Ного уште во првото видео го кажа тоа. Дека пошто он нашол сѐ го чуваат да не искочеле МВР неспособни, ама дознал дека немале докази против него.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fotka

    fotka Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Nisto Palco ja zgresi rabotata, i sega saka nekako da se spasi.Zaboravil deka osnovnot pravilo na mafijata e da ne se ubivaat deca.Mozokot ne mu rabotese mnogu, pa zatoa sega naoga nacin da se spasi.Se nadevame deka policijata i sudstvoto ke si ja zavrsat svojata rabota bez potkup i bez mito i so prijatelski vrski za minimaliziranje na kaznata.Kaznata mora da si ja odlezi i toa vo makedonskiot zatvor kade zatvorskite prostorii se so dupnati duseci, vlaga i otkaceni stekeri za struja da te akne, bez patosi i otkornati tavani od voda i vlaga.
     
  13. fotka

    fotka Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Ako Pancone e kriv, zosto go ima nego i negovoto vozilo vo pravecot po koj se vozele kidnaperite. Zosto negovoto vozilo go ima na relacijata od pocetok do krajot na izvrsuvanjeto na ubistvata.
     
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    Тој е тежок психопат , полицијата требаше да реагира за него уште ко споделуваше психопатски статуси на фб
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    Не е негово возило. Едната е кола што ја возеле од партијата, другата кола на Панче од Велес.
     
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    А адвокатот на Панче ќе му ја одземе некој дозволата за работа и ќе биде избркан од Адвокатската комора за тоа што е соучесник во неговото бегство?!

    Па после и затвор да лежи?
     
    На Harper и snegulkata им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    Не !
    Тие се соработници на тајни служби затоа Палчо е во друга држава и се чека да се подзаборави малку
     
    На SigmaMan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fotka

    fotka Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Ako veli deka e nevin ova deka bilo mestenka. Zosto na google siti go ima nego kako se vleci pozadi kolata kade bila ubienata Vanja. Zosto od pocetok do kraj ja sledel kolata i na samoto mesto na nastanot i negovata partiska kola otpecatoci ima na patot i na zemjata kade bila zakopana.
     
  19. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Дојдов да прашам дали конечно пристигна Палчо во Македонија и дали некогаш ќе пристигне ?


    И не можам да го заборавам случајов оти одма у глава ми се мотаат сите тие информации како е Вања изнесена од зградата у вреќа .......ејјјј у вреќа :envy:
     
    На SummerGirl, Babyboy2020 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  20. Babyboy2020

    Babyboy2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2021
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Од февруари месец за неколку дена го екстрадираат,ама никако да биде екстрадиран за жал.Сега изборите им се побитни, не се замараат со Палчо.
     
    На SummerGirl и Herrera им се допаѓа ова.