На секташиве гадни не им иде памет а? Да ги снајде и нив нешо ради него па да ги видам дали вака би го величеле. Гнасотии.
Стварно мислат дека гадот Палчо некој го мести? Човекот е психопат, зошто тоа го направил можеби нема никогаш да се дознае, сигурно е некаква одмазда кон фамилијата... Уште малку и херој ќе го направат
Абе тој да беше невин немаше да избега. Не знам во кој свет се луѓево. Уби дете, ало дете. Какво црно оправдување. Само малтретажа!
Излеа не треба да им се чудиме на тој памет нивен трул, испран, изгорен, гнасен. Да се паметни тие надлежните да земат све ова дивјациве да ги прочешлаат убаво. Мислиш немаат потенцијал и они да се занимаваат со одвратни работи?
Луѓе, на парламентарните избори, партијата на коњов имаше 535 гласови. Што значи дека постојат луѓе на планетава што беа сведоци на тоа што нивниот лидер го направи, го изигнорирале тоа и на крај го заокружиле тоа бројче. Во државава Смрдоња амнестирани криминалци се лидери на политички партии, смрадови на црна листа во други држави се кандидати за претседател, и убијци на мали деца уште имаат политички партии. Тоа е, помирете се каде живеете. Тие 535 луѓе и овие што коментираат вака се меѓу нас.
Секогаш имало и ќе има вакви болни и исперени мозоци,да беше невин сигурно Турција немаше да го испорача ,Палчо во Турција има пропеано како славеј не случајно го држеше толку време во притвор
Мене не ми е чудно кога јавноста брани убиец.. можеби кај нас немало таков феномен, зошто фала Богу и нема толку убиства. Во САД на пример, меидумски поекспонираните убијци си имаат свои фан-клубови, обожавателки, па дури и предлози за брак. Еден куп примери има каде жени, кои најверојатно имаат свои психички проблеми, па се „вљубуваат“ во сериски убици и им праќаат писма љубовни во затворите.. Медиумите само им одат во прилог на ваквите убијци зошто преку медиумската експонираност стануваат славни... без разлика на нивните дела, за жал. Идните лабилни личности од нив земаат пример, ги величаат до ниво на идоли, го следат нивниот пример и самите стануваат убијци. Како што изјави еден млад сериски убиец, се обидувал да убие што повеќе луѓе за да го собори бројот на жртви на неговите претходници и да биде уште пославен од нив.. Затоа обично и не коментирам и не лајкнувам постови и објави за вакви, зошто не сакам да придонесувам во нивното експонирање. Така да, веќе и нема да пишувам на темава
Па има и кај нас доста убиства, секој ден имаме по некоја вест - црна хроника. Овој убиец има следачи и обожаватели пошто беше медиумски застапен. Дремеше на поткасти, имаше свој јутуб канал, имаше следачи на социјални мрежи, таргетираше попроста група на луѓе. Беше класичен популист. Црквата, Бог, вергината, Македонија. Не беше некој рандом Трајче од Сојаклари кој го убил брат му за 2 декари земја. Беше и градски лик, на маса со елита, политичари, бизнисмени. Луѓето кои го поддржуваат веруваат дека е невин, гледаат во него некаква колатерална штета, жртва на системот, обид на државата да го замолкне нивниот ,,херој". Среќа не се до толку ненормални како оние во Србија кои му правеа фан групи на Коста и го идолизираа ради убиствата. Овие се само глупи и слепи.
Законот е таков каков што е моментално, и адвокат мора да има обвинетиот за убиство. Ако не ангажира, тогаш мора по службена должност, ако нема адвокат тогаш нема да може ниту судење да има па ќе се развлекува само процесот. А Јанаки не знае веќе што да каже за да се експонира медиумски.