Мене не ми е јасно.. Татково има мн скап адвокат најдено, можеби и по неколку илјади евра месечно што кошта за да те брани, башка има неколку станови на негово име, зашто би организирал киднапирање на своето дете за пари ако има толкав имот и пари? Да бил некој уличар и голтар што нема вода во очите па некако.. И зашто одел од дуќан во дуќан во Дебар маало и барал дали има нешто на надзорни камери ако знаел каде е и кој ја киднапирал, или можеби само сакал да изгледа чист пред полицијата и пред мајката?
Ако прокоцкал, од каде му пари да го најми еден од најскапите адвокати за кривични дела во цела држава?
Па сигурно мајка му и татко му му најмиле. Ах, маминото синче, за ништо не е криво, крива е таа жена му ороспијата..... И ништо чудно ова со адвокативе, они едвај чекаат да има добро познат случај па да се умешаат и да станат уште попознати.
Не си пропуштила туку и покрај сите вести за случајот дека не го држат џабе на форумиве и надвор има луѓе што велат дека е невин оти им веруваат на заговорничари. Знам, на почетокот беше тешко да се помисли вмешаност. Ама, во реалноста ете има родители кои одат толку далеку поради алчност.
Никаков заговор не знам, мотивот ,,алчност,, не ми е објаснет. Не општо дека не го разбирам, ама во конкретниов случај не ми е јасен.
Повеќе ви е јасно дека странски служби ја убиле, него ли татко и непосредно. Тој си организирал киднапирање на детето за пари, овие ја убиле од кога најверојатно им ги видела лицата, а и сигурни биле дека татткото нема да ги издаде. Што ќе каже, ја си ја киднапирав ќерката, али се изјалови планот?
Ќе останев цврсто убедена дека таткото е вмешан да не го пуштеа од притвор. И приказната откуп не ми држи вода зашто премногу брзо ја убија, а и кога држиш заложник не го носиш на отворено поле туку се криеш, некако логично ми оди така. Фали некој дел од приказната.
Ја наивна сум. Мислам дека луѓе што се од ,,буржоазијата,, што имаат 13 стана и слично може да бидат предмет на рекет, ама не си ги киднапираат децата за пари. А пуштен е од притвор @Skyler?
@Biljarkata Го пуштија од притвор, мислам дека е во домашен притвор ако памтам добро. Ваљда не се пушта туку така организатор на киднапирање, што знам? Затоа веќе ми нема тежина обвинението.
Па ете, имал пари, а наводно за пари си ја дал ќерката. Ти викам фали нешто, не е целосна приказната.
Он ги прокоцкал парите, неговите имаат пари за адвокат, за да врти бургијата, ама он нема-го продава детето...пари, пари, пари. Обвинението (ако е сеуште истото што го вртеше Оливер на почетокот) е ко лошо напишано сценарио од студент на 1ва година фду. Бар во делот со татково.
А палчо признал ли? ,има ли некоја негова изјава за случајот Греота малата и украдоа животот, за тие ѓубриња кои и да се, се вмешани од затвор да не излезат
ФДУ, а ни Оливер не пишуваат обвинение туку Обвинителството. МВР нема никаква врска веќе со случајот.
Го мачеле детето пред да го убијат? https://skopjeinfo.mk/kocevski-moti...jtbKefwI1l6hag0aq1zv5GGOlXyBdkSkLB_6Con9dsYrb
И јас кога го прочитав, на то ми ојде умот, не кажуваат ништо јавно, се што се пренесува по медиумите е шпекулации