Не го насочив моево мислење единствено кон тебе, туку општо, на сите нас се однесува. И имам почувствувано на своја кожа,не вакво нешто, затоа и велам така...
Значи многу си, не знам дури како да се изразам.. Сталкање во главата твоја постои. А твоите безвезни постови бодат очи. И се непроверени, неточни и лигушење главно. Вразуми се. Не пишувај ствари за да се направиш важна и информирана. Загреота, збогом памети. Можеби сестра и чита. Не си ласкај дека си важна на форумот. И други знаат дека тресиш од памет.
https://kajgana.com/na-tatkoto-na-v...qlvKYg1TBUYrf9_ZaM_aem_7FPNH1YJ7AxLLy3iuHiHyA Ова ми излезе, само не ги гледам иницијалните на Палчо во обвинетите... Дали засебно ќе му се суди, или уште прибираат докази, не знам..
Еве има на линкот Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љ. П., е сè уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.
Гледав вчера Код ама накратко, можеби и порано ги кажале овие детали - дека Вања не била онесвестена, само врзана и со лента на устата, била свесна цело време и дека претрпела тешко психичко страдање пред да ја лишат од живот. Нема логика да ја киднапираат за пари, а претходно да ископаат дупка во која ќе ја закопаат откако ќе ја убијат. Банда од политичка партија што имала со ова девојче... Нив прво Вања им била целта, не Панче... Само не разбрав кога ќе биде судењето, има информација?
30. јули. Меѓутоа со оглед на тежината на делото, ќе има и жалби на пресудата, па на Апелација, па на Врховен...конечната одлука и пресуда може да биде и наредна година, зависи од обвинителството и судот. Сега само се објавува пресуда како првична одлука на судот.
И јас го гледав код и стварно не ми е јасно зошто ископале дупка претходно за Вања, не верувам ни да е за пари, Но зошто? Зошто го отепаа чупето??
Зашто се акнати у мозок со колективен коефициент на интелигенција 60, освен Палчо, ама тој е просто гнида, од толку нарцисоидам (за среќа) со дебили си фатил работа па одма пропеаа. Он си е гнида, гад, нечовек, нема објаснување, садист кој не исполнил тоа што замислил во животот, па ајде старо магаре каубоец изиграва, се сили и курчи на старец и дете, кои заедно со другарите ги оневозможиле ни да пробаат да се бранат. Кукавица дегенерична, ништо повеќе. Се надевам само нема случајно у кофа да се удави, нека си живее, ама сам, не со други затвореници. Нека си го проживее животот сам со себе у 4 ѕида, ни телефон, ни телевизор, ништо, како бува на кур да дреме дур не умре. Се извинувам на речникот.
Да ги акни некој гром, да ги запали. Сите ли беа неарни планот ко се правеше, ќе одиме и ќе го убијаме чупето, тоа беше планот? За шо? За ништо... Ако сакале одмазда нешто шо не направија нешто на татко му, зошто детето. И кога и да се сетам на оваа случка, во стомакот нешто ми се превртува и ми се плачи, не ми е реално.
Зашто се неарни, затоа. За да го повредат семејството негово, поеќе ќе го боли за дете него за себе. Затоа што се безмозочни сворења што се надевам дека ќе скапат зад решетки, а не 20 години и некоја слична глупост. Овие гниди не може да се рехабилитираат и засекогаш ќе бидат опасност по општеството.
Да, и има предлог на Палчо и другите психопати вмешани, да им се суди заедно. Само на овој возачот посебно. Џабе негира вина глупаков кога неговите "пријателчиња" одма го издадоа.
Море ако се сигурни во случајов, ја би вака до крај на живот нивни би им правела.. Закажи судење, дај им надеж, одложи.. Да скапат во притвор, човек друг да не видат.
Обвинителството ќе бара да се спои Палчо со другиве, што значи дека можно е да го класифицираат случајот како организиран криминал, што патем - многу важно, во таков случај казните се мноооогу поголеми од обично кривично дело убиство или киднапирање. Мислам дека над 200 години заедно ќе биде одлуката, 200 год.минимално! Има малолетно лице во случајот, а и убиства на свиреп начин. Надеж за нив нема. Колку сакаат нека одложуваат.
Баш треба да ги стаат со другите затвореници. Ако им се удри добар ќутек на следно судење ќе се тресат ко маче на дожд.