А зашо се одлага? Немаат докази? Неќе да признае? Со кејф би му вадела признание на психопатов. За деца посебен тригер иам. И зошто не ги смешаат со другите, да видат шо е малтретажа. Бел ден да не видат да дае Господ.
Не ги мешаат за да дочекаат судење. А се одложува за да ги судат заедно. Инаку палчевски ќе требаше посебно. А вака може и за организиран криминал да им судат, не само убиство и киднапирање. Колку што се разбирам јас.
Има разни причини за одложување на рочишта. При крај на јули до крај на август има судска ферија, односно и адвокати и судии и обвонители се на годишен одмор. Друга работа, на секое рочиште се изнесуваат различни докази и се повикуваат разни сведоци. На 4-ти септември можеби ќе бидат повикани само сведоци, па после неколку недели ќе се истакнат исказите на обвинетите, па после неколку недели видео и аудио докази ќе се гледаат во судниците. Сигурна сум дека обвинетите ќе сакаат да ги обжалат првичните одлуки од основен кривичен, па одново да се суди на второстепен - апелација. Мораме да бидеме трпеливи, конечната одлука како што имам кажано може да биде донесена за неколку месеци или следната година. До тогаш обвинетите ќе си лежат во притвор.
До кај сме со случајов ? Еве читам на точка сега .... Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. https://tocka.com.mk/vesti/489892/p...apirale-14-godisnata-vanja-za-da-baraat-otkup Значи тоа е тоа ,,,,не за џабе се рекло парите се отепувачка
До душа и најмногу ми има логика таа причина убиство за пари како што се пишува по порталите. Како што знаеме од изјавите на соучесниците , Вања била жива се додека ја однеле до тоа селото не знам како му беше името и ја стрелале. Значи , можело уште додека биле во зградата кога ја нападнале да и забијат нож, да ја стрелат у глава и да ја остават у подрумот. А што прават они ? Ја стават у вреќа , ја качуваат у кола, притоа бавно возат како да се оди пешки.....значи тука поминува време , уште е живо детето Сигурно се дешаваат по пат пиздарии, паѓаат муабети, се врти на телефони. И некако најмногу ми има логика тие пусти ПАРИ. Уф, срце ме стега што ја убија, нит крива, нит дужна
Од сè, ова најтешко ми паѓа искрено. Татко бе, татко. Арно викаат, секое дете заслужува родители, не сите родители заслужуваат деца https://telma.com.mk/2024/08/12/pod...pirale-14-godishnata-vana-za-da-baraat-otkup/
Можеби мајкава да не кренела одма узбуна, ќе и се јавеле, ќе и побарале пари, ќе однела пари и ќе и го дале детето живо и здраво.. Најверојатно и она не знаела дека можат да одат до таму за да го убијат..
Од каде толку сигурен ? Немој само да ми кажеш дека никогаш во живот не си чул или прочитал за случај каде убиваат некоја личност и ја оставаат баш таму и кај шо си живее ( еве сега паднавме на муабет у зградата.)
Ама они беа четворица и се е со умисла, затоа мислам дека ако веќе ја убијат да се пролонгира наоѓањето на телото за да се забави истрагата не им е во интерес да ја убијат таму.
Баш оти се 4 души и се е со умисла, баш тоа ме влече дека има смисла да е убиена за пари. Иначе шо има сите 4 да се собираат и заедно да се упатат кон селото. Кога веќе е врзана и ставена у вреќа и двајца можат сами да завршат работа. Од се прочитано до сега, најсомнителна ми е мајката. Треба да си ретардиран за да си траеш, глас не и се слушна , го убија девојчето, неа никаде ја нема да даде изјава. Ќе си помисли човек дека и имаат вперено пиштол ако искоментира нешто во јавност. Хмммм, некако не ми се наместени сите коцки во случајот , но пак ќе речам, најмногу ми има смисла убисво поради ПАРИ.
Жената изгуби дете. И тоа изгуби дете каде цела јавност беше замешана. Не ни должи нас апсолутно ништо. Нема зошто пак да се става во медиумско внимание после голготата што ја преживеа.