Па баш што се крена случајов во јавноста, барем еднаш да се појавеше. Мајка и на Кика јутуберката (и да не ја знаеш, не е морално, но истата мајчинска болка е тоа ко ќе изгубиш дете) и ден денес јавно збори за ќерка и каде и да ја викнат да гостува. Тоа сакав да кажам, случајов ја потресе цела јавност , цел Балкан и ми нема смисла да си мртов ладен , да не дадеш еден коментар. Затоа спомав, треба некој да ти се заканува по живот ако не дај боже на памет ти падне да се појавиш у јавност, има да ќутиш и во себе да си страдаш.
Искрено нема да смени ни изјава, ни 10 изјави... Она си знае, а има и друго дете.. Се ежам од помислата. ЈАС би се пореметила, психички. Глава ме здоболува само кога мислам на случајот.. А и 2ца ми се сограѓани.. Уше појеза ми е.. Не знам.. Страшно.. Сонце да не видат, глас човечки да не слушнат..
Тоа што не се појавува во јавност не значи дека е мртва ладна. А зошто би се појавувала? Да е исчезнато девојчето па да прави притисок во јавност или да се малку осудени да се жали на пресудата... вака за што поточно?
Да но веќе имало ископано, најдено место за нејзиното тело, веројатно сакале да прикријат докази и да не се дознае никогаш дека е убиена, за да се бара и семејството да биде во агонија, дали е жива, дали избегала и да не се знае ништо.
Може ова е прежално за да зборува, а во нашава држава не се знае ништо, зошто да фаќа работа со психопати, има уште едно дете. Сега ги гледате во притвор утре на слобода, кога ништо не функционира како шо треба, ништо не треба да коментира, ова ми изгледа како крвна одмазда. Нека заминат од државава и нека сменат име е најдобро.
Искрено да ти признаам , ми нема логика што ич не се појави во јавност. Јас што сум најладнокрвната личност кога станува збор за деца , ме потресе случајов со Вања. Ејјј си ја удирам главата, како е можно на личност како мене што не развива никакви емоции спрема никакви деца, па толку многу ме потресе случајов. Мислам дека трауми ми остави и дека у мозоков си правам цел филм за тоа како ја грабнуваат од зграда, како ја пикаат у вреќата , како ја изнесуваат од зграда и носат во колата......уфффф срце ми се кине, а не го знам девојчето, не постои друг случај со убиство на дете да ме има погодено како што е случајов со Вања. Ете , се чудам, си размислувам, како е можно ееееј, јас сум ти прав Хитлер, не ебам жива сила , но кога станува збор за овој случај ми се кине срцето. И затоа и се чудам во врска со мајката , тишина, глас не и се слуша .....ете дај ми друга причина зошто да не се појави во јавност макар целата свисната, да покаже дека тагува , не мора ни да се објаснува. Кој ли меша конци и има вперено пиштол ? Хммм, има нешто, се обидувам да ја објаснам таа ладнокрвност на мајката. Жената сигурно не е поладнокрва од мене , ми нема нешто логика .....
Сега ти го читам мислењето, држи вода. Значи поради страв за другото дете. Добро, ти го прифаќам размислувањето.
Жената мора да мисли на живото дете. Ако за безбедноста и мирот на живото дете не се осмелува јавно да зборува за убиеното дете, тоа си е нејзино право.
Не постои правилен начин на жалење. Во текот на истрагата, МВР кажа дека е целосно кооперативна жената и нема сомнеж во неа. На нас, ама апсолутно ништо не ни должи да ни објаснува. Можеби во иднина, ако сака, ќе зборува. Моментално должни се обвинителството и судот да си ја сработат работата.
Мене кога и да поминам пред нивната зграда крвта ми се заледува. Секој пат кога одам во парк и ја погледнувам зградата желудникот ми се превртува. Како успеаа во најпрометната улица во Скопје онакво нешто да направат, што судбина ќе беше никој да не ги види.
Тоа што Палчо поседува дел од истата зграда, а и добро е запознаен и со објектот, и со околината. За девојчево немало назад чим се наумиле психопативе, "среќа" што не се преинтелигентни па реално брзо ги фатија, а и ги поврзаа двата случаи. Вања можеби ќе ја најдеа и без да си пропеат сами (има нели снимка со чад од запаленото возило) и преку Сејф Сити знаат каде се упатиле, ама Панче никад немаше да го најдат да не им кажеа каде да бараат. Овие ништо освен доживотно не заслужуваат, никакви слободни викенди и одмори од затвор, сите до еден се beyond ресоцијализација било каква.
Ништо не е језиво, илјада пати се случило Другото девојче било болно тој период, операција правело, нема зошто мајката во една таква состојба да дава изјави по медиуми.
Знам, ама имале и среќа. Тука е прст и плева народ секој ден, во толкава зграда никој да не се погоди да наиде... Али ете, за лошо не треба многу. Најмногу од се ме боли што дете од живот лишија онакви безмозочни амеби, у гз да ги правеле поубави ќе испаднеле. Пички сите до еден, а се надевам еден ден и кармичка сила ќе ги акне и тој што го финансирал Палчо скапаницата да се вози низ Србија со приватен шофер а и тој што го возел. Бел ден да не видат.
Мене за таткото ми е.. Како Како Како? Пиштол на глава да ми стават, се да ми земат, до последно ќе ја штитам...
Ве молам помош мала. Обвинението е дека Жежовски го бутнале во гепек и го убиле... Видеово ме збунува малку
И јас се си мислам дека поради тоа е убиена. Не сакале јавноста да дознае ништо ама кога виделе дека мајката пријавила и објавила дека ја нема, ја убиле и не ни побарале откуп.
Луѓе, не сте сериозни со коментариве. Што ви е? Зошто мајката не давала изјави? Жената на каков начин изгуби дете, они изјави чекале. Па уште споредби со Србија и самоубиство на девојче кое допирна точка нема со случајов. Преиспитајте се. И како може поради тоа да е убиена кога мајката објавува на Фејсбук околу 11 и нешто, а девојчето е убиено во 10. Воопшто не ви држат вода замислите ама океј, изигравајте детективи ако немате попаметна работа.
Како што кажа и @Lisandra , крвна одмазда, страв да не и го убијат и другото дете е единственото нешто логично во цел овој настан за да ќути. Се друго ми нема смисла, оти секоја мајка ако си го сака детето ќе вика, ќе плаче, а не да се сокрие у дупка и да ќути освен самата ако не е ретардирана и умоболна па ич да не и чуе за децата. - ехеее вакви родители кои не заслужуваат да бидат родители ги има со лопата да ги вадиш, ич не им чуе за децата и родиле ради реда или за да го користат тоа дете да дојдат до пари, али тоа е веќе друга тема. Затоа држи вода муабетот дека се плаши за животот на другото дете.