Која драма бе девојче , ете ни дадоа 2 форумџики најлогично објаснување за она што прашав јас и тоа е тоа. Зарем ти се сомневаш дека не станува збор за крвна одмазда како што пиша форумџиката погоре ?
Не е мое да се сомневам.. Ни па да очекувам мајката на тв да ја видам. Абе ретардирана ја нарече.. Како не драмиш? Навредуваш родител кој изгубил дете. Родител кој има уште едно мало дете. Ништо не ни должи мајката. Продолжила да живее како може. За живото дете. Што ќе смени ако плаче и вика на тв? Освен да се сити некој на болката нејзина. Молимте, престани.
Не дека ова бандава психопати, не помислиле дека ќе земат пари од ова, тие по тоа се излажале, не и главниот шо го смислил планот, тој има пари, не му е дојдено до пари, туку така биле натерани другите. Тој уствари ги убива на крајот и двајцата.
Не знам како си дозволувате да полемизирате како треба да се однесува мајка чие дете е така свирепо убиено. А не па да споредувате Трпана како правела, “нормална мајка“ како правела. Не ви е на вас гајле за мајката, ни за девојчето, гајле ви е за драмата, да е интересно. Имате доволно крими јутјуб канали и интервјуа со сите можни учесници во некаков злостор, од нивни семејства, полиција, па и сами убијци. Занимавајте се со нив, ако ве интересира - препорачувам, пошто сама сакам true crime. Ама не, не очекувам од жена што го изгубила сопственото дете ништо да прави, баш ништо. Ако нешто ја утешува и ѝ помага, океј. На некои родители што изгубиле деца им помага да зборуваат, на некои не им помага и преферираат во тишина и настрана од јавноста да болуваат. Не е наше да судиме што е „правилно“, нема ништо правилно во тоа да изгубиш дете, од ниту една причина, па според тоа, и начинот на жалење и начинот на живеење после таква загуба, не можеме да го цениме како е „правилно“. Оставете ја жената на раат аман, прво може чита тука, второ може помалото дете чита, трето едноставно е безмилосно да се бара од неа што било.
Како дознале дека мајката кренала паника? Полицијата била известена за исчезнато лице,. ама полицијата делува после 24 часа од исчезнување, нема ниту официјален извештај, ниту пак мајката има пуштено на социјални мрежи во времето кога е убиена.
Малолетно дете е во прашање, полицијата делува одма. За возрасни се чека 24 часа, освен ако нема очигледни назнаки дека станува збор за кривично дело (пример, траги од крв). Затоа и релативно брзо открија што се случува со Вања, за Панче веројатно ќе чекавме многу подолго, бидејќи возрасен човек може и своеволно да замине, а може и да е сенилен, се изгубил итн.
Па обвинет е заедно со другите, чим е обвинет, очигледно има докази. Не можат да подигнат обвинение без докази.
Ептен ти држи муабетот , до сега најлогично размислување ми даде, затоа и ти го прифаќам. Лошо, ептен заникаде ко ќе ти намисли некој нешто и ќе ти наштети, но што живот е тоа да живееш у страв ? До душа, сега се враќам на твојот коментар за селење во странство за да го заштити другото дете. И овој муабет ти држи вода. Тоа е, не за џабе се рекло мајката е најголема жртва за своето дете.
Не е вистина, за дете од 14 години и повеќе, полицијата чека да помине 24 часа, за да официјално ја објави за исчезната. Тоа не значи дека не делува и дека не прибира и проверува дојави, ниту пак дека не зима снимки, кај што може да земе без налог. Башка и деца околу 14 години, прават глупости и бегаат од дома, повеќе одколку возрасни. Башка и ако е така како што збориш, дека полицијата одма официјално почнува истрака дека е исчезнато девојчето, во моментот кога е убиена, јавноста не знае дека е исчезната. Јавноста дознава тек одкако ја убиле преку постот на мајката, а полицијата јавно излегува со изјава тек после неколку часа од постот. Така да тешко дека планирале да земат пари за неа.
Зарем треба психоанализи за однесувањето на мајката? Не дај Боже да доживеете, па да треба околината да ви ги гледа и суди постапките после месеци - колку сте мајки/немајки. Таа го доживеа мојот најголем страв/кошмар.... срцето ми се кине за неа.
Па да де, го разјаснивме тоа дека станува збор за крвна одмазда. И го разјаснивме делот што не ми беше мене јасно во врска со мајката и фино ми се објасни дека станува збор за СТРАВ. Е сега стигнавме кај делот со таткото , кај тој муабет.
Како некој ке ископа дупки предходно и демек ке грабне некој откуп да бара? Девојчето е грабнато со цел да биде убиено каков откуп какви уцени И 100 посто однапред знаеле и татко и мајка и дека ке заврши мртва. Сигурно ги уценувале за нешто долго време но мајката ладна ко камен замислена и надуена ко цел свет нејзин да е у стилот знаеш која сум јас ништо не ми можеш , но заборава дека има психопати на кои ништо не им е битно. Е, ке реагира кога видела дека овие психопативе грабнаа дете. Одма знаела дека ке ја убијат. Како што има зло татковци има и зло мајки, тоа што молчи само ми кажува дека е виновна. Директно може не но индиректно да , мене некој да ме уценува за дете на крај свет би ишла, се што имам ке дадам, а не да дремам. Греота само за Вања детево изгуби животот толку младо, греота и за сестричката што изгуби сестрата, невини деца, но родителите вклучувајќи и мајка и ич не ја жалам
На мајката и е тешко и за предавството на таткото, а шо доколку го ослободат и да смее да го гледа другово дете, не и е сеедно треба да бара тотална забрана за доближување, бегање во странство и промена на име..
Најсомнително ми е ова со таткото, се надевам дека србинот е во право и таткото нема врска со убиството.