Затоа што е дете на угледни луѓе, што имаат пари, затоа одма се крева цело мвр на нозе, да беше дете на Петко од Владимирово што се занимава со стока и нема никаде никакви врски прашање е дали уште ќе беше најдено телото мада да беше дете на Петко од Владимирово немаше ни да ја киднапираат за откуп јер од каде Петко би имал толку имот и пари, со чесна работа богат не се станува. Кој има пари во државава на двете ќерки од 14 години и помалата не знам колку години има да им остави станови од 90+ квадрати во Центар на Скопје? Сакам да кажам, матна е работава, а Вања си настрада ни крива ни должна..
Не. Милијарда пати е пишано. За дете се трга веднаш во потрага. Има докази против таткото. Знаеш кој му е адвокат, а не го ослободи. Штом тој не го ослободи, вината му е толку дебела што ни со врски не испадна на слобода. Зградата во која е станот во кој живееја девојчињата со мајка им е правена од Палчо. Луѓе ги гледале Александар и Палчо заедно надвор. Не е можно да не се знаат.
Mene ми е се ова некако ЛАЖНО, и мотив и дека татко и дал информации кога девојчето на школо иде, Една недела да следеле би знаеле, се знае кога децата на школо идат, колку им треба да стигнат итн, па дури и уз општ муабет без да знае за нечии намери би можел да спомне, Ко пр и ние на работа си збориме за децата , те се разболела, те у толку го носам на градинка, тогаш јаде, во толку спие итн , ако заради тоа го држат не ми е валидно ама ич, не знам , не дека нема покварени родители и татко и мајки и кои дури и сами си убиваат децата но во случајов не верувам дека намерно и со некоја задна цел татко и е вмешан За мотивот пари за откуп воопшто не верувам, кој би ? колку и да си пореметен ако планираш да бараш откуп ти не копаш дупки однапред и не носиш право таму жртвата, пукаш и ја закопуваш. И уште нешто мислам дека овој палчо и останатите лудаци се само извршители, некој сосем трет е нарачателот и тоа конкретно убиство на девојчето и ништо друго.
Ако не идеш по теории на заговор , во договор со таткото ја киднапираат за да извлечат пари, станови, што ти ја знам од мајката. Најверојатно за гревов политики да си тера, а клошариве за кафана и кладилница нешо ситно. Копаат дупка за да ја чуваат таму додека заврши откупот, па тек на крај план Ш да ја убијат ако се изјалови. Знаеле дека мајката ќе испаничи и дека ќе даде се за девојчето да дојде дома, па дури и да прифати услов да не вика полиција. Ама таткото во последен момент се освестува, пријавуваат во полиција,па почнува и сам да пребарува камери и да помага во истрагата. Некој им јавува дека е пријавено исчезнувањето уште пред да побараат откуп ( најверојатно некој шпион од тие нивните Удбаши во Полиција). Знаат дека тек сега нема ништо од парите, и ја убиваат оти може да ги препознае. До толку биле сигурни во планот, што моментот препознавање во полиција не бил ни опција, па не си ги криеле ни лицата. После се дале во бегство , а таткото се праи на три ипол. Околу Панче, мислам дека и он бил со нив, али у последен момент се откажува, и затоа е убиен и со негова кола се врши киднапирањето. Не гледам логика у тоа да се убие за да се мести за киднапирањето, оти девојчето знае дека се повеќе луѓе, од кои ни еден не е Панчо, и не си ги ни кријат лицата, оти ЗНААТ дека никој нема да го пријави исчезнувањето ни пред, ни потоа - од страв. Плус рачунаат на таткото оти е нивен играч, ќе пуни глава на жената и децата да ќутат оти пари, политики, корупција... Тоа е наједноставниот одвив на настаните...
Девојчево е жртва на судбината што дедо и покоен (на мајка и татко кој релативно брзо пред киднапирањето почина) шуруваше со Палчо да прави пари. Се ова влече корени од тогаш. По моја логика. Ни криво ни должно детето си плати за гревовите на старите. Страшно.
Истото го мислам. Каков црн нарачател, што корист би имал некој од смрта на девојчето, па и еве, да сум јас нарачател или било кој, сигурно нема оние со две мозочни клетки да ги ангажира да завршат работа. Палчо си расчистува стари сметки преку ова, буквално негова лична одмазда е, ги има насамарено амебине кои сигурна сум дека поим немале во што се впуштаат и дека вака ќе завршат, а Панче го средил ради тоа што си го терале со златото.
Сфаќам професија, се мењаат работите. Ама Туфегџиќ од судија (иако не бил за вакви дела конкретно) да треба да брани ваков некој…. А народов па, зашо имаат адвокати, како се нафатиле, па и по нив рафал. Има нешо шо се вика адвокат по службена должност. НИКОЈ неќеше да ги брани, ама за жал мора да им се додели адвокат. Едино тој да почне против нив хехе Вопери смрдени едни. Кој од кој со погнасен сурат
За мене она е жртва на татко и. Прво, со самото тоа што учествува во киднапирањето. Второ, со тоа што се предомислува во последен момент и уште повеќе и го загрозува животот. И да се освестува, место да се јави во полиција, требало искрено да и каже на жена му што како, да се дадат парите, па после дали ќе викаат полиција, дали ќе ќутат, дали она него ќе го убие оти е генетска грешка, небитно. Али тоа ти е, клошарска работа. Отвараје очи на кого деца раѓате.
Им пропаднал планот А , па прешле на планот Б , одма се крена паника и се бараше на социјалните медиуми девојчето сакале да сокријат траги затоа ја убиле и закопале Тие психопати социопати ,оперисани од емоции , тие не ни имаат жал ,чуство за она што го сториле , тие не чуствуваат вина никаква затоа што се болни во мозоците Тие имаат давано детали додека се бидени тепани од полицијата за да проговорет
Како може да претпоставиш дека таткото на твоето дете би направил вакво нешто?! Дури ваков случај не ни постоел до сега на наши простори. Просто е за неверување дека е возможно. Не е мајката крива при нејзиниот избор. Не ти оди бракот, се разведуваш, така и направиле. Но, вакво нешто ни на сон не се случува, не па да ставиш некоја заштита во мозокот од такви мажи. Патем може е шпекулација, но од одредени извори дознав дека таткото бил вмешан нешто со дрога. Не знам детали, толку знам, што може да е вистина, може и да не е. Ако е вистина, не е ни чудно што може таков мозок да направи. Но, по ликот негов во судницата, се гледа дека совеста го утепала.
@ArabellaStarfall абе види, се случува на човек да му прегори нешто во мозок и тоа е тоа. Луѓе цели карактери менуваат од нигде-негде. Се гледа дека татко ѝ не е добар моментално, макар што тоа сега и не е така битно. Делото извршено, казна треба да си има за сите.
Па не знам кој е крив што се земала со наркоман, и што децата имале контакт со него, иако има ,, шпекулации ,, дека дила дрога... Значи секојдневен контакт со криминалци и станата багра... И многу кажува и за неговиот карактер и морални вредности. Али да, забораив. Ние жени сме, неспособни за живот... Затоа и ќе повторам, четри очи отварајте со кого деца правите.
Gosh не знам која генерација си, ама ние што сме постари многу добри знаеме кои се овие луѓе.. не скоакјте одма со претпоставки вака го зела онака го зела. Тешко на мајката и на сестричката сега и на фамилиите низ што се ќе поминат за време на судењево... не е без причина барано да е изземна јавноста. Најмалку заради пострауматски синдром.. Многу работи се измешани во овој случај.
Дали го зела наркоман, дали дилал дрога, дали е ваков или таков не е ич важно. Згасна млад живот ни крив ни должен. Најбитно е сега да се дознае целата вистина и секој да си ја добие заслужената казна